Свет
Во супермаркет во Австралија во салата пронајдена змија
Алекс Вајт помислил дека видел голем црв во пластична кеса во кој имало салата што ја купил во супермаркет, но се шокирал кога видел јазик на змија.
„Бев преплашен кога видов како јазикот оди кон мене, а потоа сфатив дека станува збор за змија бидејќи црвите немаат јазик. Бев во голема паника“, изјави Вајт, пренесуваат медиумите во таа земја.
Станува збор за отровна змија-блог за која се смета дека во пакетот со зелена салата го поминала патот од фабриката Тувумба до Сиднеј, долг 870 километри.
Кога ја виделе змијата како се обидува да избега, Вајт и неговата партнерка Амелија Нит ја покриле со амбалажа.
Вајт ја повикал организацијата за спасување и дошол експерт и ја однел змијата.
Пред да пристигне експертот за змии, Вирс го предупредила Вајт дека доколку змијата го касне, поради опасниот отров тој ќе мора итно да стаса до болница во спротивно неговиот живот ќе биде во животна опасност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

