Свет
Во Уганда уапсени 67 лица по рација во геј-бар
Во бар во Уганда уапсени се 67 лица од ЛГБТ-заедницата, кои ќе останат во затвор под обвинение за „општо загрозување“, соопштија денеска активисти за човекови права во Кампала.
Полицијата и војската во неделата спровеле рација во бар во главниот град Кампала, каде вообичаено се собираат припадници на ЛГБТ-заедницата.
Тогаш биле приведени 125 лица, но подоцна 58 се ослободени.
Полицијата тврди дека причина за акцијата била проверка на употребата на тутун, кој е забранет на јавни места, но и поради употреба на опијати во тој локал.
Судија во Кампала соопшти дека уапсените се товарат за „општо загрозување“, што според адвокатите е многу нејасна формулација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

