Европа
Во Чешка 195 новозаразени, во Унгарија осум

Бројот на заболени од коронавирус во Чешка се зголеми во последните 24 часа за 195 лица, а во Унгарија за осум.
Вкупниот број на заразени во Чешка е 15.516, оздравеле 11.315 лица, а 3.828 се хоспитализирани или во самоизолација.
Од почетокот на пандемијата во Чешка починале 373 луѓе од компликации предизвикани од инфекција со вирусот Ковид-19.
Бројот на потврдени случаи на коронавирус во Унгарија е зголемен за осум – на 45.456, објавено е на владината веб-страница coronavirus.gov.hu.
Нема смртни случаи во последните 24 часа, така што вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 останува 596, додека закрепнале 3.331 лица, пренесува агенцијата МТИ.
Во Унгарија се активни 529 случаи на коронавирус, 76 пациенти се хоспитализирани, а шест од нив се на респиратор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Норвешка ги олеснува ограничувачките мерки против коронавирусот

Норвешката влада ќе олесни некои ограничувачки мерки бидејќи силните мерки против коронавирусот, кои беа воведени пред две недели, се покажаа ефикасни, изјави норвешката премиерка Ерна Солберг.
„Иако се чини дека мерките се ефикасни и дека заразата е помала, ситуацијата е сè уште неизвесна“, додаде Солберг во парламентот, пренесува „Ројтерс“.
Со олеснување на мерките на домаќинствата ќе им биде дозволено да примаат гости, но ќе има најмногу пет посетители.
Децата и тинејџерите може да ги продолжат своите спортски активности, но кафулињата и рестораните сè уште имаат забрана да служат алкохол.
Европа
Фон дер Лаен: Навални итно да биде ослободен и да се дадат гаранции за неговата безбедност

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, го осуди апсењето на рускиот опозиционер Алексеј Навални и повика на итно ослободување и негова загарантирана безбедност.
„Го осудувам вчерашното апсење на Алексеј Навални по неговото враќање во Русија. Притворањето на политичките противници е спротивно на меѓународните обврски на Русија“, рече Фон дер Лаен.
Таа истакна дека очекува темелна и независна истрага за нападот врз Навални, кој тој едвај го преживеа.
„Руските власти мора веднаш да го ослободат и да ја гарантираат неговата безбедност. Ние ќе продолжиме внимателно да ја следиме ситуацијата“, додаде претседателката на ЕК.
Претседателот на Европскиот совет исто така во неделата вечерта оцени дека апсењето на Алексеј Навални по неговото пристигнување во Москва е неприфатливо и повика на негово итно ослободување.
Руската полиција во неделата го уапси главниот критичар на политиките на Кремљ, Алексеј Навални, по неговото пристигнување на Германија на аеродромот „Шереметјево“ додека се подготвувал да ја мине пасошката контрола, потврди руската Федерална служба за затвори (ФСИН).
Европа
Шпан нареди целно пребарување на новиот вид коронавирус во Германија

Министерот за здравство на Германија, Јенс Шпан, нареди лабораториите да извршат целно пребарување на новиот вид коронавирус.
Целта на новата уредба е најмалку пет проценти од позитивните примероци да се анализираат за новиот вид коронавирус во иднина.
„Ние сакаме да добиеме подобар преглед на видовите на вирусот присутни во Германија“, рече Шпан.
Со зголемувањето на секвенционирањето тој сака да добие поголема јасност за тоа како се шират новите британски и јужноафрикански соеви во Германија.
Тој така реагира на сè погласните критики дека Германија, за разлика од другите земји, речиси не испитува кој вид е причина за тековните болести.
Лабораториите ќе добијат 220 евра од примерок поради зголемениот обем на работа.
Се предвидува дека со просечен дневен број од 10.000 пациенти, десет проценти од позитивните примероци ќе бидат испратени на секвенционирање.
Ако бројот на нови пациенти дневно надминува 10.000, тогаш, според уредбата, бројот на примероци за секвенционирање треба да се намали на пет проценти.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира