Контакт

Европа

Во Шпанија има најмногу здравствени работници заболени од коронавирус, над 50.500

Објавено пред

Вo Шпанија досега 232.500 луѓе се заразиле со коронавирус, од кои повеќе од 50.500 се здравствени работници, што ја прави земја со најмногу заразени лекари и медицински сестри во светот.

Речиси три месеци здравствените работници се соочуваа со недостиг на заштитна опрема и пренатрупани одделенија. Од неодамна почна нивното тестирање на коронавирус, така што бројот на заразени може да биде уште поголем.

„Никогаш не сме се чувствувале толку ранливи“, вели Карлос Торибијо (26) од одделот за општа хирургија во болницата „Ла Паз“ во Мадрид.

Во неговиот оддел 13 хирурзи биле позитивни на Ковид-19 од вкупно 40 што работат таму. Ситуацијата е слична меѓу специјализантите и во другите оддели.

„Се плашам дека во моментот додека го читате ова бројот на заболени здравствени работници дополнително ќе се зголеми“, додава тој.

За младите лекари во првата линија на фронтот, пандемијата е големо искушение. Многумина ги нарекуваат херои, а секоја вечер милиони жители аплаудираат од своите балкони и прозорци во нивна чест.

Од вкупниот број заразени во Шпанија, 22 процента се здравствени работници.

„Немавме заштитни маски. Кога дојдоа, многу од нив беа неисправни. Немаше ниту тестови за коронавирус. Во такви услови епидемија како оваа не може да се контролира“, велат од Шпанското медицинско здружение (ОМЦ), од каде што додаваат дека сепак со текот на времето ситуацијата одела кон подобро.

Европа

Шефот на германската дипломaтија ги поддржа протестите во САД

Објавено пред

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, ги поддржа протестите во САД поради убиството на Афроамериканецот за време на брутално полициско приведување и поради поширок проблем на системскиот расизам.

„Протестите против расизмот се разбирливи и се повеќе од легитимни. Се надевам дека тие нама веќе да бидат насилни, но уште повеќе се надевам дека ќе влијаат на состојбата во САД“, рекол Мас.

Смртта на Џорџ Флојд ја нарече грозна и шокантна и побара разјаснување на неговата насилна смрт. Тој побара и истрага на нападот на телевизиската екипа на „Дојче веле“ во Минеаполис.

„Секое насилство кон новинари мора не само да се критикува туку и да се истражи и разјасни за новинарите да бидат заштитени за време на вршењето на својата работа“, додал Мас.

Прикажи повеќе...

Европа

Пожар во тунел во Германија, неколку лица завршија во болница

Објавено пред

Неколку лица се хоспитализирани поради вдишување чад во пожарот што избувнал во тунел на автопат во јужна Германија во близина на границата со Швајцарија, соопшти денеска полицијата.

Автомобил што минувал низ тунелот се запалил, а пожарот се проширил понатаму. Причината за пожарот сè уште не е утврдена, велат од полицијата.

Тунелот е евакуиран и затворен. Полицијата не го откри бројот на повредени, но рече дека никој не е сериозно повреден.

Прикажи повеќе...

Европа

Во мај 7,3 милиони Германци вработени со скратено работно време

Објавено пред

Во Германија 7,3 милиони луѓе работеле со скратено работно време во мај, според економскиот институт ИФО.

„Оваа бројка никогаш не била поголема. За време на глобалната финансиска криза, бројот на работници со скратено работно време достигна врв во мај 2009 година, кога беа погодени нешто помалку од 1,5 милион луѓе“, рече експертот за пазарот на трудот Себастијан Линк, наведува институтот ИФО во соопштението доставено до „Танјуг“.

За време на кризата со коронавирусот, германските компании најавија дека ќе воведат скратено работно време за 10,1 милиони вработени, а според ИФО, тие тоа го примениле во 71,6 проценти од случаите во однос на најавениот број.

За разлика од глобалната финансиска криза, кога над 80 проценти од вработените со скратено работно време беа од германскиот производствен сектор, во моментот на кризата со коронавирусот, оваа опција за работни односи се применуваше речиси во сите економски области, се вели во соопштението на институтот ИФО.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион22 минути

Црна Гора прогласи крај на епидемијата

Националното координативно тело за заразни болести, по предлог на Институтот за јавно здравје, прогласи крај на епидемијата на Ковид-19 во...

Свет59 минути

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да стави крај на протестите

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да ги угасне протестите во САД, поради смртта на Афроамериканецот Џорџ...

Македонија2 часа

Не се 67 новозаболени, туку 76 – покажуваат новите бројки на Министерството за здравство

Од Министерството за здравство информираат дека бројот на новозаболени е 76, а не како што претходно беше објавено дека се...

Македонија4 часа

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија поради позитивен колега странец

Шеесетина полицајци, кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран, од денес се во...

Македонија5 часа

Случај „Рекет“: Навреди и критики кон Русковска и Камчеви во завршните зборови на Јанева

Со критики и навредливи зборови за Орце и Ана Камчеви, обвинетата Катица Јанева ги даде своите завршни зборови во судот...

Македонија6 часа

На 18 јуни пресуда за случајот „Рекет“

За две недели, односно на 18 јуни судот ќе ја изрече пресудата за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан...

Македонија7 часа

Бухова: Завршени се 100 од 485 тестови на вработени во конфекциските фабрики во Штип

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Бухова вели дека будно се следи состојбата со кластерите на новозаразени од...

Регион9 часа

Цело одделение во Марибор во карантин, еден ученик позитивен на коронавирус

Сите ученици од една паралелка од трето одделение во основно училиште во Марибор, Словенија, се во 14-дневен карантин, откако на...

Македонија10 часа

Портпаролката на СДСМ во самоизолација

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, е во самоизолација затоа што имала средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е...

Регион10 часа

Црна Гора 28 дена без нови случаи, исполнети се условите за крај на епидемијата

Во Црна Гора се исполнети условите за прогласување крај на епидемијата на коронавирус, изјавил Сенад Бегиќ, помошник-директор на Институтот за...

Свет11 час

(Видео) Четворица полицајци ранети во пукање во Сент Луис, во Бафало возило влета во полициски кордон

Насилните протести во САД продолжија откако минатата недела во полициско апсење беше убиен Џорџ Флојд, а Би-би-си јавува дека имало...

Свет12 часа

Чешка на 15 јуни ги отвора границите за 29 земји

Чешката влада соопшти дека од 15 јуни на граѓаните на таа земја ќе им биде дозволено да патуваат во 29...

Спорт12 часа

Барселона криела дека во тимот има заразени со коронавирусот

Шпанците се подготвуваа за ре-старт на сезоната, која беше прекината поради пандемијата на вирусот Ковид-19. Клубовите пред три недели добија...

Европа12 часа

Во Шпанија првпат од март нема нови смртни случаи од коронавирус

Во Шпанија во последните 24 часа не се пријавени смртни случаи од коронавирус, првпат од март, соопштија здравствените власти на...

Свет12 часа

(Видео) Трамп најави дека ќе испрати илјадници тешко вооружени војници на улиците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе испрати војска на улиците за да ги задуши граѓанските немири во...

Свет24 часа

(Видео) Се огласи братот на Џорџ Флојд: Тој беше џин со нежно срце, немаше да поддржи насилни протести

Теренс Флојд, помладиот брат на Џорџ Флојд, се обидува да ја смири ситуацијата по жестоките и масовни портести кои избувнаа...

Свет24 часа

СЗО: Нема докази дека коронавирусот сега е послаб

Нема докази дека коронавирусот ја сменил формата на пренесување или дека се променила тежината на болеста што ја предизвикува, велат...

Македонија1 ден

Судниците и просториите во зградата на Кривичниот суд се подготвуваат за продолжување на судењата

Основниот кривичен суд Скопје, по добивање на одлуката на Судскиот совет за судење на сите насрочени судења, која беше објавена...

Македонија1 ден

Филипче: Бројки како вчерашните и денешните очекуваме и во следните неколку дена

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следниве 2-3 дена да...

Македонија1 ден

Филипче: Над 70 отсто од новите случаи се од познати кластери

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека 70 отсто од новозаболените од Ковид-19 од Скопје се од веќе познати општини...

Досие