Свет
(Видео) Путин ја објави анексијата на четирите украински региони: Народот одлучи

Знаете дека референдуми се одржаа во Доњецк, Запорожје, Херсон и Луганск. Гласовите се преброени и народот дефинитивно одлучил, без никакво сомневање. Денеска ќе ги потпишеме договорите за анексија. Ова е волја на милиони луѓе“, го започна својот говор рускиот претседател Владимир Путин.
„Тоа е нивно право, кое се наоѓа и во Повелбата на ОН“, рече Путин а потоа ги пофали „сите херои кои загинаа во специјална воена операција“.
„ Ова се хероите на голема Русија. Да им оддадеме почит со едноминутно молчење“, рече Путин.
„ Милиони луѓе во тие региони одлучија и никој не може да ги негира овие историски чувства на припадност“, рече Путин.
„ Советскиот Сојуз повеќе не постои, тој е историја и на Русија веќе не и треба. Но, тоа не е ни важно, бидејќи милиони луѓе се поврзани со Русија и се враќаат во својата вистинска историска татковина. Неколку години луѓето во Донбас беа убиени и мачени. Сакаа да предизвикаат омраза кон Русија, ги заплашија. Но, жителите на Донбас, Херсон и Запорожје одлучија. Тие сега стануваат наши граѓани и засекогаш. Ним им е важно сите земји да го предадат својот суверенитет на САД. Некои се согласија и станаа соработници. Некои беа уништени. Единствено што сакаат е да профитираат, од алчност. Сакаат да бидеме колонија. Сакаат да не ограбат. Нашиот начин на живот е закана за нив. Ним не им треба Русија, нас ни треба Русија. Западот бара нова можност да не удри“, рече Путин, додавајќи дека Западот сака да ја уништи Русија, земја полна со природни ресурси.
Путин го повтори тврдењето што го кажа многу пати, велејќи дека Западот сака да ја уништи Русија.
„ Во 1991 година, Западот веруваше дека СССР нема да закрепне, дека Русија нема да се опорави од тој удар. Ние ги живеевме тешките 1990-ти, но Русија исто така го мина тоа, стана посилна и сега го зазема вистинското место во светот. рече.е Путин.
„ Западот бара нови можности да не нападне, тие отсекогаш сонувале да ја скршат Русија на помали држави кои ќе се борат една против друга“, рече Путин, додавајќи дека Западот има „двојни стандарди, тројни стандарди“.
„Тие мислат дека сме будали. Русија е голема земја, голема цивилизација и нема да живее под нивните лажни правила. Денеска ги браниме нашите вредности и традиции… Тие мислат дека сме будали“, објасни Путин.
Путин се прашува кои се западните земји да се однесуваат вака. „Нема ништо ново… Западните земји отсекогаш биле колонијалисти… Никогаш не верувавме во тоа и затоа постои оваа русофобија. Сето ова звучи чудно… Тие веруваат дека нивните гревови мора да ги прифатат другите. Ние имаме да ги потсетиме дека неоколонијализмот започна во средниот век и потоа ја ограбуваа Индија, Африка, војна се водеше и против Кина за да се продадат пристаништата за трговија со опиум… Тие всушност ловеле луѓе… Горди сме дека во 20 век бевме борци против колонијализмот, ослободувајќи ги земјите од колониите“, рече рускиот претседател.
„ Ќе ги браниме тие региони со сето оружје со кое располагаме. Ќе ги обновиме и ќе го подигнеме нивото на безбедност, народот ќе ја почувствува поддршката од цела Русија, нашата голема татковина“, рече Путин.
„ Западните земји со векови велат дека сакаат да донесат демократија во државите. Всушност спротивното е ропството и насилството… САД се земја која двапати употреби нуклеарно оружје – во Хирошима и Нагасаки… Ги уништија градовите во Германија без причина, само да покаже сила и да му се заканува на светот. Ја окупираа Кореја, Германија… Дури и ги прислушува лидерите на тие земји, а државите го прифаќаат тоа. САД развиваат хемиско оружје, експериментираат врз луѓе и велат тоа е оправдано“, рече тој.
Рускиот претседател зборуваше и за транспортот на пченицата од Украина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
67 мртви во поплавите во Тексас, загина 21 дете

Бројот на жртви од катастрофалните поплави во Тексас се искачи на најмалку 67 денес, вклучувајќи 21 дете, додека потрагата по девојчињата од летниот камп продолжува трет ден по ред.
Лари Леита, шерифот на округот Кер во регионот Тексас Хил Кантри, епицентарот на поплавите, изјави дека бројот на жртви се искачил на 59, вклучувајќи 21 дете.
Леита рече дека исчезнати се 11 девојчиња и водач на летниот камп во близина на реката Гвадалупе, која се излеа по обилните дождови во централен Тексас на Денот на независноста во петокот.
Другите жртви се од други области погодени од поплавите.
Службениците изјавија дека повеќе од 850 луѓе се спасени, вклучувајќи некои што се држеле за дрвја.
Федералната агенција за управување со вонредни состојби беше активирана денес и распореди спасувачи откако претседателот Доналд Трамп прогласи голема катастрофа, соопшти Министерството за внатрешна безбедност.
Хеликоптери и авиони на крајбрежната стража помагаат во потрагата и спасувањето, соопшти министерството.
Се очекуваат повеќе врнежи во областа во недела, а Националната метеоролошка служба издаде предупредување за ненадејни поплави за округот Кер.
Регион
Македонец меѓу загинатите во Бугарија кога автомобил управуван од 19-годишник се заби во ресторан

Деветнаесетгодишен возач со автомобилот се заби во ресторан во Разград, Бугарија, при што загинаа три лица, меѓу кои 58-годишник, државјанин на Македонија, соопшти бугарската полиција.
Несреќата се случила по полноќ на улицата Гранчарска во градот. Според првичните информации, младиот возач ја изгубил контролата врз автомобилот, што ја предизвикало тешката несреќа. Тестовите за алкохол и дрога на 19-годишниот возач биле негативни, јавуваат бугарските медиуми.
Починатите се лица на возраст од 62, 64 и 58 години, кои биле во објектот во моментот на несреќата.
Свет
Почнуваат преговорите меѓу Израел и Хамас

Катар денес ќе биде домаќин на нова рунда индиректни преговори меѓу Израел и Хамас во обид да се постигне договор за прекин на огнот и ослободување на заложниците во Газа, изјави за АФП палестински извор запознаен со преговорите.
„Медијаторите го информираа Хамас дека новата рунда индиректни преговори меѓу Хамас и Израел ќе почне оваа недела во Доха“, рече изворот, додавајќи дека делегација на палестинското исламистичко движење, предводена од Халил ал-Хаја, веќе е во Доха.
Израелската јавна телевизија објави дека израелската делегација ќе замине за Доха во раните попладневни часови. Овие преговори ќе бидат фокусирани на условите за можен договор за прекин на огнот, особено во врска со ослободувањето на заложниците во Газа и палестинските затвореници во Израел, според истиот извор.
Исламистичкото движење побара значителни испораки на хуманитарна помош на палестинските територии, додаде изворот, како и „гаранции за траен крај на војната“.
Хамас продолжува да бара повторно отворање на преминот Рафа на границата меѓу Појасот Газа и Египет, кој Израел го контролира од мај 2024 година, за да се овозможи евакуација на ранетите.
Според палестински извори запознаени со преговорите, предлогот доставен до Хамас вклучува 60-дневно примирје за време на кое движењето би ослободило 10 живи заложници, како и неколку тела на мртви затвореници, во замена за ослободување на Палестинците што ги држи Израел.
Хамас во петокот објави дека е подготвен „веднаш да започне“ преговори за американскиот предлог за прекин на огнот и дека го проследил „својот одговор“ до катарските и египетските посредници, без да даде детали.
Канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вчера објави дека бил информиран за „промените што Хамас сака да ги направи во предлогот“ и дека ги смета за „неприфатливи“.
Индиректните преговори треба да продолжат пред средбата меѓу Нетанјаху и американскиот претседател Доналд Трамп во Вашингтон.
Канцеларијата на премиерот потврди за АФП дека Нетанјаху ќе отпатува за Соединетите Држави денес околу 17:00 часот по локално време.