Свет
Гамалеја: Брзо закрепнување од Kовид-19 по вакцината „спутник В“
Во случај лице кое е вакцинирано со руската вакцина „спутник В“ повторно да се разболи од Ковида 19, тој брзо ќе закрепне, без сериозни симптоми, беше објавено денес од Рускиот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“.
Оваа информација се појави откако пристигна веста дека претседателот на Аргентина, Алберто Фернандез (62) бил тестиран на коронавирус по вакцинацијата со „спутник В“, пренесува ТАСС.
„Жалиме за претседателот Фернандез. „спутник В“ е 91,6 проценти ефикасен против коронавирус и 100 проценти ефикасен против тешки форми на Ковид-19. Но, ако Ковид-19 се потврди кај вакцинирана личност, тој пациент брзо ќе закрепне без сериозни симптоми. Ние му посакуваме брзо закрепнување на претседателот Фернандез “, се вели во соопштението на институтот.
Утрово аргентинскиот претседател потврди дека е позитивен на коронавирусот и дека се чувствува добро.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Иран започна нов напад врз Израел
Нови сирени се огласија низ јужен Израел поради ирански напад со балистички ракети. Во централен Израел, медицинските лица велат дека скенираат откако добиле извештаи за места каде што паднале фрагменти од ракети.
Засега нема извештаи за повредени.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.

