Контакт

Вести

Генералниот секретар на ОН го брани решението со две држави за израелско-палестинскиот конфликт

Објавено пред

Генералниот секретар на Обединети нации Антонио Гутиереш застана во средата во одбрана на решението со две држави – израелска и палестинска за надминување на деценискиот судир, заземајќи спротивен став од оној на официјален Вашингтон, кој порача дека нема да инсистира на такво решение.

dobivaj vesti na viber

 

Висок претставник на Белата куќа изјави во вторникот дека Вашингтон нема да инсистира на решението со двете држави на Блискиот исток, ден пред посетата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанхају на САД.

„Постоеше целосна согласност“ во врска со фактот дека крајот на израелско-палестинскиот судир не е можен без „решенија со двете држави и дека сé мора да се стори поради зачувување на таа можност“, изјави во средата во Каиро, генералниот секретар на ОН, Антонио Гутириеш, по средбата со египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси.

Во вторникот високиот функционер на Белата куќа кој барал да остане анонимен изјави дека „решението со две држави не носи мир, цел која никој не сака да ја оствари. Цел е мирот, било како решение со две држави, доколку така сакаат двете страни, или нешто друго, ако така сакаат страните“, рекол, потсетува во средата AFP.

Палестинска челничка Ханане Ашрауи во средата ги критикуваше овие изјави „Тоа нема никаква смисла“, рекла за AFP, Ашрауи која е членка на извршното тело на Палестинската ослободителна организација (PLO), која владее на Западниот брег (од реката Јордан).

Принципот на двете држави „кои во мир и безбедност живеат една крај друга“ го заговараа сите американски претседатели во последните педесетина години, и демократите и републиканците. Но последните години, воопштено, кај републиканците постои тенденција на фаворизирање на израелската страна./крај/мф/сн

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Маж се удави во Дојранското Езеро, од чамец скокнал во водата, пливал кратко и исчезнал

Претпладнево, во 10.10 часот, во СВР Струмица било пријавено дека во Дојранското Езеро се удавил маж. Лицето скокнало во водата...

Македонија2 часа

Претседателката кај пожарите на Серта: Кога ќе престанат огновите, веднаш да го препрочитаме Законот за управување со кризите

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова бара веднаш да се препрочита Законот за управување со кризите и целосно преиспитување на организацијата внатре, со...

Македонија3 часа

И пет минути да се намали чекањето на Табановце е добро за транспортерите, Муратовска реагира зошто има две контроли од полицијата место една

Транспортерите, кои стојат заглавени на граничниот премин Табановце по пет-шест часа, денес добија уште едно ветување за скратување на времето...

Топ4 часа

МВР со детали за пукањето во Чаир: повреден е 31-годишник од Скопје

Вчера во 21.50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ бил донесен 31-годишниот...

Македонија7 часа

Ново пукање во Чаир, улиците станаа небезбедени за граѓаните со ВМРО-ДПМНЕ, велат од СДСМ

„Постајно се случуваат пукања и криминални пресметки и безбедносната состојба станува алармантно лоша. Сигурноста на граѓаните е во постојан ризик....

Македонија8 часа

ЦУК: Oд рани зори се гаснат пожари од земја и со воздухопловна поддршка од сите летала што се на располагање

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека во последното деноноќие имаше вкупно 24 пожари на отворено. Утрово активни се...

Култура9 часа

Европски филмови на плажа и на брод во Охрид секоја вечер до недела – „Живи и здрави“ го отвори 7. издание на „Бич филм фестивал“

Под отворено небо, филмот „Живи и Здрави“ на црногорскиот режисер, Иван Мариновиќ, синоќа го отвори седмото издание на фестивалот „Бич...

Свет9 часа

(Видео) Шеснаесет лица загинаа во пожар во трговски центар во Кина

Шеснаесет лица загинаа во пожар во стоковна куќа во југозападната кинеска провинција Сечуан, објавија државните медиуми. Синоќа кинеската државна телевизија...

Европа9 часа

(Фото) Сателитите открија системи „Панцир“ и мистериозни објекти кај резиденцијата на Путин

Сателитските снимки открија дека нов систем за противвоздушна одбрана со краток дострел штити една од резиденциите на рускиот претседател Владимир...

Регион9 часа

Мажи од такси-возило пукале кон полицајци во Србија, еден убиен: напаѓачот се бара и со хеликоптер

Синоќа имало пукање во Лозница, град на западот на Србија. Се се случило при рутинска контрола на такси возила од...

Свет10 часа

Бајден има коронавирус

Американскиот претседател Џо Бајден е позитивен на тестот на Ковид-19, потврди Белата куќа, откако тој присуствуваше на настан во Лас...

Економија20 часа

ЈПДП, ЈСП, Железници и ЕСМ Димитриевска-Кочоска вели дека направиле грабеж на државата: Обезбедени се 5,1 милијарда денари за кредити кои ги зеле, но не можат да ги вратат

Со ребалансот на буџетот новата Влада обезбеди 5,1 милијарда денари за сервисирање на кредитни обврски кон меѓународни финансиски институции во...

Македонија1 ден

Петровска: Мицкоски реши своето синче да го почасти со патување во Вашингтон, ДПМНЕ го штити со лаги

„Последното соопштение на ДПМНЕ е резултат на нивниот очаен бес како да го заштитат лидерот Мицковски од службената злоупотреба што...

Македонија1 ден

(Видео) Пожарникарите и цивилите заробени на Огражден се евакуираат со словенечки хеликоптер

Градоначалникот на Ново Село, Ѓорѓе Божинов, преку „Фејсбук“ извести дека заедно со пожарникарите и цивилите се заробени на Огражден. „Во...

Македонија1 ден

Повторно отворен граничниот премин Богородица

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека повторно е отворен граничниот премин Богородица. Граничниот премин денеска беше привремено затворен...

Економија1 ден

Економијата е во клиничка смрт, но има 5 милијарди денари за пензии и ќе се зголемат платите на администрацијата, уверува министерката за финансии

Лошата состојба во буџетот ги надминала очекувањата на новата Влада, но министерката за финансии, Гордана Димитриевска-Кочоска, уверува дека со ребалансот...

Македонија1 ден

Романскиот авион „спартан“ со водни бомби ќе го гасне пожарот на Солунска Глава

Пристигнаа романските авиони „спартан“ и „херкул“, кои ќе помогнат во гаснењето на пожарите. Директорот на Центарот за управување со кризи...

Македонија1 ден

Oбјавени имињата на предлозите за заменик-министри

Владата до Собранието ги предложи следните имиња за заменик-министри, при што целосно се комплетира владиниот тим. За заменик-министер во Министерството...

Македонија1 ден

Владата именува директори на повеќе институции

Владата, вчера, на шестата седница донесе повеќе одлуки за разрешување на досегашните и именување нови кадровски решенија, и тоа: Фејсаљ...

Свет1 ден

Бајден го откри условот за повлекување од претседателската трка

Претседателските избори во САД ќе се одржат на 5 ноември. Американскиот лидер Џозеф Бајден во интервју изјави дека ќе се...