Европа
Германија ги засили граничните проверки
Германија ќе ги засили случајните гранични проверки за да ги обесхрабри мигрантите нелегално да се движат во Европската Унија (ЕУ).
„За таа цел, повеќе полицајци ќе бидат испратени во граничните зони во обид да се справат со секундарната миграција – нелегалното движење на мигрантите што не се од ЕУ меѓу земјите членки на ЕУ“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Најновиот потег за обезбедување на границите на земјата ги зголеми стравувањата дека шенген-зоната еродира и ја одбележува последната фаза во засилената имиграциска политика, со што Германија полека ја затвора вратата за барателите на азил и ги засилува депортациите.
„Безбедноста почнува на границата“, рече Хорст Сехофер, министер за внатрешни работи и член на Централнодесничарската христијанска социјална унија (ЦСУ). „Покрај новата гранична контрола на границата со Австрија, им наредив на полицајците да ги засилат полициските проверки на сите други германски граници“, додаде тој.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Немири во Берлин, демонстрантите палеа автомобилски гуми и фрлаа пиротехнички средства
Илјадници луѓе во Германија се собраа за време на викендот и понеделникот на митинзи по повод годишнината од терористичкиот напад на Хамас врз Израел.
#Berlin, #Neukölln jetzt gerade.
Integrationsversager greifen ein Polizeiauto an und zwingen es zur Flucht.
Berlin ist heute DAS Sinnbild der gescheiterten #Asylpolitik.#b0710 pic.twitter.com/axgKi6MuDe
— Christopher Albrecht (@ChrisKnsrvt) October 7, 2024
Синоќа во Берлин избувнаа немири, кога демонстрантите се собраа да им изразат поддршка на Палестинците, а помала група ја нападна полицијата.
#B0710 🇵🇸 Pali-Demoterroristen fakeln #Berlin #Neukölln ab.
👇👇 pic.twitter.com/FLGIghV3Zg— SenderFreiesBerlin🎙🇩🇪 (@Senfdazu24) October 7, 2024
Палеа автомобилски гуми и фрлаа пиротехнички средства, пренесува Билд. Полицијата истакна дека брзо успеала да ја стави ситуацијата под контрола и да ги уапси демонстрантите.
Европа
Луксузната вила на Путин во Сочи ненадејно срамнета со земја: „Тој навистина се плаши“
Рускиот претседател Владимир Путин целосно срамни со земја една од неговите палати, наводно поради страв да престојува таму, бидејќи резиденцијата е во домет на украински беспилотни летала. Според новата истрага на независниот медиум Проект, пишува Дејли мејл, Путин „искрено се плаши“ дека би можел да стане цел на напад со беспилотно летало контролиран од Киев.
Во последниве години, Путин често престојуваше во Бочаров Ручеј (Бочаров Поток), резиденција со поглед на Црното Море во Сочи. Меѓутоа, палатата ненадејно била урната со булдожер, а новите сателитски снимки до кои дошол Проект покажуваат дека сега на тоа место има голема јама.
Во извештајот се тврди дека Путин ги избегнува Сочи и регионот Краснодар уште од минатата година, кога украинските беспилотни летала ги интензивираа нападите на руска територија. Украинските воздушни напади погодија различни цели во областа Сочи и Геленџик, што го натера Путин да престане да ги посетува овие региони и покрај софистицираните системи за противвоздушна одбрана кои ги штитат неговите резиденции.
Палатата Бочаров Ручеј беше урната во текот на февруари и март годинава. Иако резиденцијата беше целосно уништена, во извештајот на проектот се истакнува дека остануваат многу неодговорени прашања.
„Прво, зошто беше потребно да се урне луксузна резиденција која е реновирана пред 10 години? Одговорот е веројатно очигледен… Поради нападите со беспилотни летала, претседателот се плаши да биде на брегот на Црното Море на територијата Краснодар“, се наведува во извештајот.
„Познаникот на Путин му потврди на Проект дека претседателот навистина се плаши да лета на југ“, се вели во понатамошниот извештај.
Се шпекулира и дека Путин ја срушил палатата со намера на истото место да изгради нова, уште полуксузна, која би можела да содржи побезбедни бункери. Според Проектот, руската јавност не била информирана за уривањето бидејќи резиденциите на Путин се наоѓаат во заштитени подрачја.
Европа
Украински министер: Русите напаѓаат цивилни бродови во Одеса, тоа се терористички напади
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха вчера ги осуди руските ракетни напади врз два брода во јужните пристаништа на Украина како „намерна терористичка тактика“.
„За само два дена, руските балистички напади оштетија два цивилни товарни брода во Одеса…“, напиша Сибиха на Икс.
„Ова е намерна терористичка тактика. Мораме да ги здружиме силите на сите одговорни земји и организации за да… обезбедиме слобода на пловење во Црното Море и глобалната безбедност на храната“, додаде тој.
In just two days Russian ballistic attacks damaged two civilian cargo vessels in Odesa. Yesterday, one with corn bound for Italy. Another one today, killing one and wounding five people. There were damaged vessels earlier in September. This is a deliberate terrorist tactic.
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) October 7, 2024
Шеесетгодишен Украинец загина во напад со балистичка ракета на пристаништето Одеса на Црното Море. Проектил погоди цивилен брод и усмрти 60-годишен Украинец, објави вчера на Телеграм Олех Кипер, воениот гувернер на јужната украинска област Одеса. Повредени се пет странци, рече тој.
Според властите, цел на руските напади повторно била пристанишната инфраструктура.
Властите известија дека и во неделата вечерта при напад на руски беспилотни летала бил оштетен цивилен брод. Додека Украина нагласува дека се работи за цивилни бродови, руското Министерство за одбрана тврди дека тие биле насочени кон воени цели.
Русија тврди дека цивилни бродови тајно пренесуваат оружје за војната во Украина. Нема докази за тоа.