Контакт

Европа

Германија ги отфрли барањата на Грција за отштета од Втората светска војна

Објавено пред

Германската влада ги отфрли барањата на Грција за репарација на штетата од Втората светска војна.

Портпаролот на владата, Стефен Зајберт, рече дека германскиот став по ова прашање е непроменет.

„Свесни сме за вината и големата неправда што Германија ја изврши за време на националсоцијализмот во Грција. И поради тоа се трудиме со Грција, членка на ЕУ и еврозоната, да имаме добри осноси и да останеме пријатели и партнери“, истакна Зајберт.

Германија смета дека со исплатата од 115 милиони марки во 60-тите години во рамките на договорот со Грција и другите западни земји го решила прашањето за репарација.

Грција од Германија побара околу 289 милијарди евра.

Европа

Иран се закани дека ќе се врати на ситуацијата пред нуклеарниот договор

Објавено пред

Иран ќе се врати на ситуацијата пред нејзиниот нуклеарен договор со светските сили ако европските земји не ги исполнат своите обврски, изјави во понеделникот портпаролот на иранската нуклеарна агенција, Бехруз Камалванди.

Иран вели дека европските земји мора да направат повеќе за да ги гарантираат економските придобивки што Иран требаше да ги добие за возврат за ограничувањето на својата нуклеарна програма во согласност со договорот што Вашингтон го напушти минатата година.

Во исто време Франција, Велика Британија и Германија изразија загриженост дека иранскиот нуклеарен договор ќе се распадне поради тензиите во Персискиот Залив.

Во заедничка изјава тие повикаа на дијалог меѓу сите страни.

„Ризиците се големи поради што е потребно сите засегнати страни да застанат и да ги разгледаат можните последици од своите постапки“.

„Веруваме дека е време да се однесуваме одговорно и да бараме начини да се запре ескалацијата на тензиите и да се продолжи со дијалогот“.

Прикажи повеќе...

Европа

Косово високо на агендата на Макрон за време на посетата на Белград

Објавено пред

Францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе ја посети Србија во обид да ги зајакне односите со Белград.

За време на посетата се очекува односите со Косово да се најдат високо на агендата на претседателот во надеж за поголема економска соработка меѓу двете земји.

Белград и понатаму го смета Косово за своја територија и покрај тоа што мнозинството од земјите на Европската Унија и САД го признаваат како суверена нација.

ЕУ ги води разговорите меѓу двете земји од 2011 година, кои резултираа со неколку технички договори, вклучително и бриселскиот договор, чија цел беше нормализирање на односите и интеграција на српското малцинство во северно Косово.

Но, во пракса договорите беа нејасни, а процесот беше откажан по неколкуте неуспеси.

Серијата понатамошни неуспеси во последните неколку години претставуваа дополнителна пречка за разговорите. Во заедничките напори на Франција и Германија, претседателите на Косово и Србија, Хашим Тачи и Александар Вучиќ, се согласија да седнат на преговарачката маса во април. Уште еден состанок беше организиран за почетокот на јули, но средбата беше откажана кога Приштина одби да ги отстрани 100-процентните тарифи наметнати врз производите увезени од Србија минатиот ноември.

Прикажи повеќе...

Европа

Италијанската полиција заплени оружје наменето за неофашистите

Објавено пред

Полицијата во северна Италија приведе тројца мажи, вклучувајќи и еден поврзан со неофашистичка италијанска политичка партија, кога открила огромна количина автоматско оружје, еден проектил и материјал со нацистички симболи.

Полицијата соопшти дека ова откритие било резултат на претходна истрага за Италијанците што учествувале во војната во источна Украина, пренесе АП.

Во официјално соопштение полицијата од Торино изјави дека еден од уапсените мажи во 2001 година безуспешно се кандидирал за Сенатот како кандидат за неофашистичката партија „Форца нуова“.

Во неговата куќа полицијата пронашла речиси 30 ловечки пушки, пиштоли и бајонети, како и муниција и стари нацистички плакети со свастика.

Двајцата други мажи биле уапсени кога полицијата пронашла проектил произведен во Франција во хангар на аеродром за кој веруваат дека требало да биде ставен на продажба, објави агенцијата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија3 часа

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија4 часа

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија5 часа

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион7 часа

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија9 часа

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Македонија10 часа

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Македонија12 часа

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија13 часа

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Македонија13 часа

Шефицата на СЈО, Катица Јанева, поднесе оставка

Шефицата на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, поднесе оставка. Таа објави дека нејзината оставка ќе стане активна тогаш кога политичките партии...

Македонија13 часа

(Видео) Заев повика на лидерска средба в петок

Премиерот Зоран Заев на прес-конференција повика на лидерска средба в петок во 14 часот во Клубот на пратениците. На средбата...

Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО Сеад Кочан Трансмет, Труст, СЈО
Македонија14 часа

Кривичен го одби барањето на Кочан, в среда треба да се појави во затворот

Кривичниот суд во Скопје ја одби жалбата на Сеад Кочан за одложување на затворската казна од четири години и осум...

Економија15 часа

Поскапуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат 1,5, односно 1 денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика. Малопродажните цени на бензините „евросупер...

Македонија17 часа

Када на дното на Охридското Езеро

Нуркачкиот клуб „Акватек“ објави фотографии на кои се гледа када на дното на Охридското Езеро помеѓу Срјшче и Мостот на...

Забава18 часа

На Гренланд откриени повеќе од 50 нови езера, досега се знаеше само за четири

Под мразот на Гренланд научниците откриле повеќе од 50 нови езера, а досега се знаело за само четири. Антарктикот под...

Свет18 часа

Трамп ги навреди обоените жени демократи во Конгресот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, критикува група обоени демократски претставнички во Конгресот нарекувајќи ги предизвикувачи на нереди родени во странство...

Свет19 часа

Нетанјаху им се закани на Либан и Хезболах: Ќе ве уништиме

Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се закани дека ќе ги уништи Либан и Хезболах ако ова либанско движење ги реализира сите...

Регион19 часа

Макрон во посета на Србија

Францускиот претседател, Емануел Mакрон, денеска ќе пристигне во дводневна посета на Србија со намера да покаже дека Париз сè уште...

Спорт1 ден

(Видео) По триумфот во Вимблдон, Ѓоковиќ ексклузивно за Макфакс: Ја прифаќам поканата од премиерот да ја посетам Македонија

По епското финале во Вимблдон, во кое славеше старо-новиот шампион, Новак Ѓоковиќ на победничката прес-конференцијата одговори и на две прашања...

Европа1 ден

(Видео) Приведени повеќе од 150 лица по воената парада во Париз 

Вкупно 152 лица се приведени денеска во Париз, на маргините на воената парада која се одржа по повод националниот празник...

Досие