Контакт

Вести

Германија го негира тврдењето на Трамп дека им должи на НАТО и САД огромни суми пари

Објавено пред

 Германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен во неделата ги отфрли тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека Германија на НАТО и САД им должи „огромни суми пари“ за бебзедноста.

„Не постои долго НАТО“, изјави германската министерка за одбрана Урсула фон дер Лејен и додаде дека би било погрешно да се поврзуваат целите за потрошувачката од 2 отсто од бруто домашниот производ (БДП) на земјите членки на одбраната до 2024 само со НАТО.

„Средствата за одбрана се трошат и за мировните мисии на ОН, за европските мисии и за нашата соработка во борбата против тероризмот на Исламската држава“, дополни фон дер Лејен.

Според неа сите сакаат товарот да биде распределен чесно, а за да се случи тоа потребно е да се има „современ безбедносен концепт“ кој вклучува модерен НАТО, но и европски одбранбен сојуз и вложување во Организацијата на обединетите нации.

Ден по средбата со германската канцеларка Ангела Меркел во Вашингтон, американскиот претседател Доналд Трамп преку Twitter порача дека Германија „должи огромни суми пари на НАТО и САД, како и дека мора повеќе да плаќа за силната и многу скапата одбрана којашто ја добива!“.

Трамп по критиките дека НАТО е анахрона и застарена организација во текот на изборната кампања, бара од Германија и од другите членки да ги забрзаат напорите за да ги исполнат потребните издвојувања во рамките на колективната одбрана во Алијансата./крај/мф/сн

Најново

Македонија9 минути

Утре, сончево и топло, попладне со изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи

Утре, сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне...

Македонија27 минути

Герасимовски: Не со манипулации, туку со факти, новиот нацрт-ДУП ја намалува површината за градба за 14.000 м²

Обидот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија политички да ја манипулира јавноста преку неточни и нестручни толкувања на урбанистичките планови...

Црна хроника36 минути

Татко физички и психички ги малтретирал малолетните деца во Кисела Вода

Синоќа во 21:10 часот во Полициската станица Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со М.И.(42) од...

Свет54 минути

Трамп верува дека Путин е подготвен за договор за прекин на војната во Украина

Американскиот претседател Доналд Трамп денес во интервју за „Фокс њуз“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин е подготвен за договор...

Црна хроника1 час

Внукот го претепал и му се заканувал на 74-годишниот дедо: му барал пари а не ги добил

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против Ш.А. (20) од Кочани. Тој се сомничи за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“....

Македонија1 час

Општина Чаир: Фестивалот „Фолклорните вечери на Чаршијата“ ги обедини културите во срцето на Скопје

Во Старата чаршија се одржа 21. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Фолклорните вечери на Чаршијата“, манифестација која собра фолклорни ансамбли...

Македонија2 часа

(Видео) СДСМ и ДПМНЕ го отворија патот за нова бетонизација на Водно, велат од Левица

Седницата на Советот на Општина Центар уште еднаш покажа дека кога се во прашање интересите на градежните лобија и урбаната...

Економија2 часа

Божиновска: Со приклучувањето кон Вертикалниот гасен коридор, земјата станува и важна транзитна точка во регионот и Европа

Македонија влегува во Вертикалниот гасен коридор – по интезивна активност на Божиновска и МЕРМС, стануваме дел од клучната европска гасна...

Македонија2 часа

ВМРО-ОКГ намерно го кочи Изборниот законик за да го одбегне она што следува после, велат од СДСМ

Според опозициската СДСМ; ВМРО-ОКГ, како што велат, намерно го турка Изборниот законик со спорни одредби за изборна гражба, за да...