Европа
Германија затвора сè, освен училиштата и градинките
Германската канцеларка, Ангела Меркел, сака состанок со премиерите на 16 германски покраини за затворање на рестораните и кафулињатa, што ќе почне на 4 ноември.
Тоа ќе биде последниот во низата обиди да се запре ширењето на коронавирусот. Сепак, планот е да останат отворени училиштата и градинките.
„Ројтерс“, повикувајќи се на „Билд“, пренесува дека Меркел сака да ги затвори фитнес-локалите, казината и кината, како и театрите, операта и да забрани концерти, а продавниците да бидат отворени доколку одржуваат хигиена и да го ограничи бројот на присутни во една момент во затворен простор.
Што се однесува до рестораните, ќе може да се купува храна за носење и нема да може да се седи внатре, додава „Ројтерс“.
Федералната влада сака да обезбеди финансиска поддршка за компаниите што ќе бидат погодени поради затворањето додавајќи дека оваа програма ќе биде претставена пред јавноста попладнево.
Германците ќе може да излезат на улица, но само во присуство на членовите на нивното семејство и евентуално друго семејство.
Оние што не ги почитуваат мерките ќе бидат казнети, но деталите за казните засега не се познати.
Хотелите ќе може да примаат гости, но само во посебни случаи и услов е тие да не бидат туристи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Во Германија е воведен закон кој дозволува еднаш годишно луѓето да го менуваат полот и името
Закон за самоопределување стапи во сила од вчера во Германија, а тој им овозможува на граѓаните да го променат името и полот во женско, машко или различно, што е трета опција за пол која веќе постои според германскиот закон, со давање изјава еднаш во годината.
Тоа им олеснува на трансродовите, интерсексуалните и небинарните лица да го менуваат полот во официјалните документи. Беше изгласан во април од коалицијата на левиот центар со бројни дискусии и силно противење од десничарските и конзервативните партии.
На малолетниците над 14 години им е потребна согласност од родителите или старателите за промена на името и полот. Во случај на деца под 14 години, родителите треба да поднесат изјава до матичниот уред.
Во рок од 12 месеци од одобрувањето на барањето не може да се изврши понатамошна промена или враќање на претходниот пол.
Слични прописи веќе постојат во 16 земји, вклучувајќи ги Аргентина, Нов Зеланд, Ирска и Швајцарија.
Европа
(Видео) Римската брана ја издржа поплавата во Валенсија: стара е 2.000 години
Страшните поплави во Шпанија однесоа многу животи, а сега на интернет кружат бројни снимки од хоророт што го снајде населението. Меѓу најневеројатните е онаа создадена во Арагон, која ја покажува силата на градба изградена пред околу 2.000 години.
Според пишувањата, браната во Алмонасид де ла Куба успеала да издржи голем наплив на вода.
Almonacid de la Cuba aliviando lo bestia. https://t.co/WskiMiZWQe pic.twitter.com/L7Y5yrs2iF
— Isaac Moreno Gallo (@imorenogallo) October 30, 2024
На ужасното видео јасно се гледа со каква сила се соочуваат граѓаните на Шпанија.
Како што е наведено, таа била изградена пред околу 2.000 години по наредба на римскиот император Август.
Се наоѓа на реката Агвасвивас и е висока 34 метри, поради што се смета за највисока од сите зачувани римски брани.
Европа
(Видео) Унгарскиот шеф на дипломатијата го започна својот говор во Минск на руски, а потоа се префрли на англиски
Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто рече дека „суверено право на Унгарија е да преговара со кого сака“.
Шефот на унгарската дипломатија пристигна во Минск на Конференцијата за евроазиска безбедност. Говорот од 14 минути започна на руски, но брзо се префрли на англиски. Ниту еднаш не ја спомна Украина.
🇭🇺🇷🇺Hungarian Foreign Minister Szijjarto began his speech in Russian at the Minsk Conference on Eurasian Security, thanking the organizers for the invitation.
Thank him for showing respect to Russian speaking people 😊 pic.twitter.com/tDuI6kkibx
— Ksenon 🖤💙❤#наДонбассеВойна8лет (@Ksenon_rus) October 31, 2024
Тој само потсети дека „Европа и Унгарија се соочуваат со еден од најсериозните конфликти од Втората светска војна“.
Тој ја истакна важноста на „евроазиската соработка“ и „единството во евроазискиот регион“. По говорот тој се сретна со рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Тој му рекол дека Будимпешта сака да ја зголеми економската соработка со Москва во областите „незасегнати од санкциите“, особено во енергетскиот сектор.
Тој разговараше и со белорускиот министер за надворешни работи Максим Риженков. „Мислиме дека светот се распаѓа затоа што некои луѓе сакаат да им кажат на другите кој со кого може да разговара, кој со кого може да се сретне, а кој не може. Имаме суверено право да преговараме со кого сакаме“, рече Сијарто по тој разговор. .
Тој додаде дека во „национален интерес“ на Унгарија е да ја зголеми соработката со Белорусија, што го пофали неговиот белоруски колега. „Размислувавме да ви дадеме канцеларија овде бидејќи често патувате во Минск“, рече Риженков.