Контакт

Европа

Германија одобри 8 милијарди евра за изградба на подводен тунел кон Данска

Објавено пред

Германските власти денеска ја одобрија изградбата на подводен тунел за патнички и железнички превоз во вредност од осум милијарди долари, што ќе ја поврзува земјата со Данска.

Официјалните претставници ја донесоа одлуката и покрај противењето на активистите за заштита на животната средина.

Тунелот со должина од 19 километри, кој би го поврзувал германскиот остров Фехмарн со данскиот остров Лоланд, би требало да биде завршен во 2024 година, но работите беа одложувни поради протестите на активистите за заштита на животната средина во Германија.

Како што пренесува „Ројтерс“, Фехмарн со патен сообраќај веќе е поврзан со германското копно, а новиот тунел во голема мера ќе го забрза патниот и железничкиот сообраќај од германските градови Хамбург, Бремен и Хановер до Копенхаген, главниот град на Данска, и шведскиот град Малме.

Проектот е делумно финансиран од ЕУ.

Европа

Со едноминутно молчење и знамиња на половина копја, Италија им оддаде почит на жртвите на коронавирусот

Објавено пред

Италија им оддаде почит на жртвите на коронавирусот со едноминутно молчење и знамиња на половина копје, и се заблагодари на медицинскиот и друг персонал што се бори против пандемијата во земјата која е најтешко погодена од Ковид-19.

На римскиот Капитол, градоначалничката на италијанската престолнина, Вирџинија Раги, која носеше тробојна шамија во боите на италијанското знаме, зборуваше за „раната на целата земја“.

„Ќе излеземе од тоа заедно“, вети таа.

„Ова е наш начин, да се потсетиме на жртвите .. и да оддадеме почит на посветеноста и ангажманот на медицинскиот персонал“, се вели во изјавата за градоначалникот на Бари, Антонио Декаро.

Иницијативата беше покрената од претседателот на округот Бергамо, Џанфранко Гафорели, еден од најпогодените од пандемијата на коронавирус, со кој се заразија повеќе од 100.000 луѓе во Италија, а починаа скоро 11.600.

Во знак на солидарност со Италија, Ватикан исто така стави знамиња на половина копја за да ја покаже својата блискост со жртвите на пандемијата во Италија и во светот, со нивните семејства и оние кои великодушно се борат да го прекинат тоа, се вели во соопштението на Ватикан.

Прикажи повеќе...

Европа

Франција ќе побара мораториум за отплаќање на долговите на најсиромашните земји

Објавено пред

Франција ќе бара мораториум за отплаќањето на долговите на најсиромашните земји како дел од пакет-мерките за помош во борбата против кризата предизвикана од коронавирусот, најави францускиот министер за финансии.

Бруно Ле Мер рече дека ќе повика на обемна и директна помош за земјите во развој за време на разговорите меѓу министрите за финансии од Групата 20 економски сили.

Ле Мер рече дека ќе предложи зголемување на посебните права за повлекување од Меѓународниот монетарен фонд и ќе предложи отворање посебна кредитна линија.

„Исто така, ќе апелираме на мораториум за долговите на земјите со најголем ризик“, им рече Ле Мер на новинарите.

Прикажи повеќе...

Европа

Германците со оптимистички прогнози: бројот на заболените опаѓа, јасна слика до Велигден

Објавено пред

Лотар Вилер, претседател на германскиот институтот „Роберт Кох“, верува дека стапката на смртност од коронавирусот во Германија, која моментно изнесува 0,8 проценти, ќе продолжи да расте, но вели дека е оптимист бидејќи бројот на заболените опаѓа.

Вилер изјави дека германската стратегија за борба против коронавирусот ќе продолжи и понатаму, а тоа се самоизолација, како и заштита на најранливите категории население. Тој исто така рече дека Германија ќе продолжи да ги зголемува болничките капацитети.

Сепак, тој предупреди дека пандемијата може да трае со месеци, а не со недели.

„Секој што мисли поинаку го потценува ризикот. Ќе имаме чиста слика дури по Велигден“, рече Вилер.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Кумановец и дебарчанец починаа од коронавирус, за еден ден регистрирани 44 заразени

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести од коронавирус починале двајца мажи, едниот на возраст од 45...

Економија2 часа

Спасовски: Се одложуваат наплатите за закуп на станови

Пратениците, претседателот на Собранието, директорите и министрите ќе земаат минимална плата од 14.500 денари наместо досегашните над илјада евра за...

Свет2 часа

Светот собори уште еден мрачен рекорд со Ковид-19: повеќе од 800.000 заразени

Бројот на заразени со новиот коронавирус Ковид-19 во светот денеска надмина 800.000 потврдени случаи, посочува Ресурсниот центар за коронавирус „Џон Хопкинс“,...

Македонија3 часа

Владимир Талески осуден на 8 години затвор за проневера на 360 илјади евра

Судечкиот совет во случајот „Транспортер“ донесе пресуда со која го осуди ексградоначалникот на Битола, Владимир Талески, на 8 години затвор...

Свет4 часа

(Видео) Индија и Пакистан ги претвораат возовите во мобилни болници

Националната железница во Пакистан ги претвори сите вагони од бизнис-класата во подвижни одделенија за пациенти со Ковид-19 додавајќи илјадници болнички...

Свет6 часа

Речиси 50 милиони Американци би можеле да останат без работа

Милиони Американци веќе ги загубија своите работни места како резултат на кризата од коронавирусот, а најголемата штета допрва претстои, според...

Македонија7 часа

Тестирањето за Ковид-19 го закажува матичниот лекар и по протокол го следи лекувањето на пациентот

Министерството за здравство информира дека секој матичен лекар, кој преку „Мој термин“ му закажува на својот пациент тестирање на Ковид-19,...

Свет7 часа

Конјунктивитисот може да биде симптом на зараза со коронавирус

Американското друштво на офталмолозите ги предупредува своите членови да водат сметка за тоа дека и конјунктивитисот, познат како црвено око,...

Свет8 часа

СЗО: Не носете маска за лице, освен ако не сте заразени

Претставници на Светската здравствена организација сè уште им препорачуваат на луѓето да не носат маски за лице, освен ако не...

Свет8 часа

Во светот бројот на заболени од коронавирус достигна речиси 800.000

Во светот утрово регистрирани се вкупно 785.807 случаи на заболени од коронавирус, починале 37.820 луѓе, а се излекувале 165.659, покажуваат...

Македонија8 часа

Претседателот свика седница на Советот за безбедност

Денеска, со почеток во 14 часот, во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски ќе се одржи седница на Советот за безбедност...

Македонија19 часа

Затворите ќе примаат нови осуденици од септември

Владата ја усвои уредбата со законска сила за роковите во судските постапки за време на вонредната состојба за постапувањето на...

Македонија19 часа

ЕУ ќе издвои 38 милиони евра за медицинска опрема за земјите од Западен Балкан

Европската комисија донесе одлука да им додели 38 милиони евра на земјите од Западен Балкан за помош со заштитна опрема...

Македонија20 часа

Ученичките и студентските домови ќе бидат ставени на располагање на време на епидемијата со коронавирус

На денешната владина седница е усвоена и Уредбата со законска сила за примена на Законот за здравствената заштита за време...

Македонија21 час

(Видео) МВР најави кривична пријава: Место да седи во изолација заразил повеќемина

МВР ќе поднесе кривична пријава против Ф.К. коj се однесувал спротивно од одлуките на Владата, ги прекршил мерките за самоизолација...

Македонија22 часа

Се затвора Заводот за рехабилитација во Козле, 8 вработени и двајца пациенти имаат коронавирус

Заводот за рехабилитација во Козле ќе се затвори, откако тестовите на 8 медицински лица покажале позитивни наоди на Ковид-19, информираше...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче: Пациентка која починала во струшката болница е тестирана за коронавирус

Викендов во струшката општа болница за коронавирус била тестирана пациентка откако починала. Министерот за здравство, Венко Филипче, извести дека пациентката...

Свет24 часа

Нетанјаху во самоизолација, негов соработник има коронавирус

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху се наоѓа во самоизолација бидејќи негов соработник, пратеник, е позитивен на коронавирусот. Нетанјаху до утре треба...

Македонија1 ден

(Видео) Македонското знаме се развиори пред седиштето на НАТО

На свечена церемонија пред седиштето на НАТО во Брисел денеска беше развиорено македонското знаме кога земјата и официјално стана 30....

Македонија1 ден

Уште една жртва на коронавирусот, 26 нови заразени и девет излекувани

Министерството за здравство информира дека утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на...

Досие