Европа
Во Германија пет таџикистански државјани обвинети за тероризам

Сојузното обвинителство во Германија објави дека повело обвинение против пет таџикистански државјани за членство во терористичката организација Исламска држава (ИД) и подготовка на терористичко насилство преку прибирање средства и регрутирање луѓе за напади.
Еден од обвинетите, идентификуван како Азиз Б, е осомничен дека имал близок контакт со двајца високи водачи на ИД во Авганистан и дека управувал со терористичка мрежа на руски и таџикистански јазик за ширење на пропагандата на организацијата, се вели во соопштението од Обвинителството, пренесува „Ројтерс“.
Агенцијата наведува дека петмината осомничени, кои беа уапсени минатата година, се осомничени дека ѝ припаѓале на ќелија на ИД во западната покраина Северна Рајна-Вестфалија, чии членови имале упатства и материјал за градење бомби и планирање напади во Германија. Во соопштението се наведува дека се верува оти некои од членовите на оваа група имале контакт со исламистички терорист, кој минатата година уби четири лица во Виена.
Обвинителството тврди дека оваа мрежа собрала средства за операциите на Исламската држава и регрутирала потенцијални милитанти и дека играла важна улога во радикализирање на човекот што со возило удрил во маса луѓе во шведската престолнина Стокхолм во 2017 година, при што загинаа четири лица и беа повредени 15 други.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Европратениците бараат смена на амбасадорот на ЕУ во Куба

Шеснаесет членови на Европскиот парламент побараа од министерот за надворешни работи на ЕУ, Џозеп Борел, да го смени амбасадорот на ЕУ во Куба, Алберт Наваро, бидејќи тој наводно се приклонил на тамошниот режим, кој ниту ги почитува ниту ги брани човековите права.
„Сакаме да ја искажеме нашата збунетост и неодобрување за невообичаеното и редовно однесување на амбасадорот на Европската Унија во Куба, г. Алберт Наваро“ – се наведува во писмото потпишано од пратениците од Европската народна партија (ЕПП), „Изгради ја Европа“ и групите на Европските конзервативци и реформатори, пренесува бриселски „Политико“.
Пратениците изјавија дека Наваро, меѓу другото, потпишал и писмо упатено до претседателот на САД, Џо Бајден, во кое бара укинување на американските санкции за Куба и немешање во нејзините работи.
Пратениците заклучија дека Наваро зазема политички ставови слични на оние на режимот во Куба и дека си дозволува слободи кои се потипични за политички лидер отколку за дипломатски претставник.
„Политико“ наведува и дека портпаролот на Борел не бил достапен за коментар.
Европа
Париз би можел да се затвори на три недели

Француските власти размислуваат за тринеделно затворање на Париз со цел да се потисне ширењето на коронавирусот.
Првиот заменик-градоначалник на Париз, Емануел Грегоар, објави дека до француската влада ќе достави план со кој се пропишува превентивно тринеделно затворање на главниот град, со цел подоцна да се создадат услови за повторно отворање на сите места, вклучително и барови, ресторани и театри.
Како и во остатокот од земјата, во Париз е во сила ноќен полициски час од 15 декември, а рестораните и културните институции, како и на други места во Франција, се затворени со недели за да се спречи ширењето на инфекцијата.
Францускиот премиер Жан Кастекс претходно изјави дека владата ќе воведе мерки, вклучително и затворање за време на викендот во Париз и уште 19 други региони од почетокот на март, доколку епидемијата со коронавирусот продолжи да се шири.
Европа
Меркел: Вакцините на „Астразенека“ се безбедни, но јас нема да се вакцинирам со неа

Во интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, германската канцеларка Ангела Меркел призна дека луѓето ја одбиваат вакцината на „Астразенека“ затоа што се загрижени за ефективноста и безбедноста на вакцината, што пак е последица на лошиот публицитет.
„Има проблем со прифаќањето на вакцината на ‘Астразенека’. Тоа е сигурна вакцина, безбедна и ефикасна. Одобрена од ЕМА, а во Германија се препорачува за лица под 65 години. Сите релевантни органи ни велат дека ова е вакцина на која можеме да и веруваме. Во време кога нема доволно вакцини, не можеме да избереме со што ќе се вакцинираме“, рече Меркел во едно интервју.
На прашањето дали самата ќе биде вакцинирана со „АстраЗенека“, Меркел одговори: „Имам 66 години и не спаѓам во групата на која и беше препорачано да се вакцинира со ‘Астразенека’“.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер