Свет
Германија прва во ЕУ ќе почне да користи третман со антитела на пациенти со Ковид-19

Германија ќе стане првата земја-членка на ЕУ што ќе започне да користи експериментален третман со антитела, кој му помогна на поранешниот американски претседател Доналд Трамп да оздраве од Ковид-19, изјави министерот за здравство Јенс Шпан.
„Владата купи 200.000 дози за 400 милиони евра“, изјави Шпан за германскиот весник „Билд ам Зонтаг“.
Таканаречените моноклонални коктели со антитела ќе бидат распоредени во универзитетските болници следната недела, рече тој, додавајќи дека Германија е првата земја во ЕУ што ќе ги користи во борбата против пандемијата, објави британскиот весник „Гардијан“.
Шпан не откри кој е производителот што ќе ги доставува лековите, но потврди дека станува збор за истиот лек што го добил поранешниот американски претседател Трамп.
„Тие дејствуваат како пасивна вакцина. Овие антитела може да им помогнат на пациентите со висок ризик да избегнат посериозна прогресија на болеста“, рече Шпан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Црна Гора пристигнаа вакцините на „Синофарм“

Контингент од 30.000 дози од кинеската вакцина на „Синофарм“ пристигна во Црна Гора.
Вакцините во просториите на Монтефарм ги пречекаа министерот за здравство Јелена Боровиниќ-Бојовиќ и амбасадорот на Кина во Црна Гора Лиу Џин.
Минатата недела започна вакцинацијата на вработените во Клиничкиот центар на Црна Гора (КЦЦГ) кои работат со пациенти кои заболеле од коронавирус, а првата вакцина ја прими министерката за здравство Јелена Боровиниќ-Бојовиќ.
Свет
Медицински советници од СAД и Кина се здружуваат во борбата против пандемијата

Размената на информации и прекуграничната соработка се неопходни во борбата против Ковид-19, изјавија медицински советници од САД и Кина, во редок знак на солидарност, објави Кинеската медиумска група (ЦМГ).
Главниот медицински советник на американскиот претседател, Ентони Фаучи, разговараше со кинескиот експерт за респираторни заболувања, Џунг Наншан, на вебинар организиран од Универзитетот во Единбург.
Џунг ја пофали одлуката на американскиот претседател Џо Бајден да го обнови финансирањето на Светската здравствена организација (СЗО) како навистина добра вест.
За Џунг, СЗО поддржан од САД може да игра уште поголема улога во прераспределбата на вакцините против коронавирус.
„Десетина земји имаат околу 75 проценти вакцини“, предупреди поранешниот претседател на Кинеското медицинско здружение, кој повика на понатамошна меѓународна поддршка во Ковакс, глобална иницијатива за рамномерна дистрибуција на вакцините, поддржана од САД и Кина.
И Фаучи како Џонг е поборник за глобална вакцинација, бидејќи вирусот може да се размножи и потенцијално да мутира во земји со ниски стапки на вакцинација, што може да доведе до нов бран на вирусот.
Регион
Силен земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, а потресот беше почувствуван и во Македонија.
Според податоците објавени на веб-страницата emsc-csem.org земјотресот се случил во 10 часот и 16 минути по локално време, односно во 11 и 16 часот по македонско време.
Потресот бил на длабочина од 10 километri, со епицентар на 23 километри од градот Лариса.
Претходно утрово имало два послаби земјотреси во Грција, со јачина од 2,8 и 2,6 степени според Рихтер.
- Книги3 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Европа1 недела
Планот за отклучување на Германија протече во медиумите, Меркел: Имаме трет бран
- Свет1 месец
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер