Контакт

Европа

Германија се подготвува за нова корона-стратегија, Меркел планира да воведе лесна блокада

Објавено пред

Поради зголемениот број на пациенти со коронавирус во Германија, последните денови животот на граѓаните е прилично ограничен. Во некои делови на земјата е воведен строг карантин, а се чини дека планот е да се воведе блокада во целата земја.

Според „Билд“, канцеларката Ангела Меркел сега планира да воведе лесна блокада. Според информациите на весникот, канцеларката и водачите на 16 провинции утре би можеле да се договорат за воведување нова блокада.

Според неофицијални информации, оваа блокада би значела дека училиштата и градинките ќе останат отворени, освен во регионите каде што имаше драстичен скок на бројот на заразени. Исто така, продавниците би останале отворени со одредени ограничувања. Најголем удар би им се нанел на угостителските објекти и организаторите на настани затоа што Меркел е решена да ги затвори сите ресторани, кафулиња, барови, клубови… и да забрани настани.

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера ги предупреди граѓаните дека ситуацијата во Германија е опасна, дека сегашните мерки против ширење на коронавирусот не се доволни и дека постои опасност од преоптоварување на одделенијата за интензивна нега во болниците.

Меркел и нејзиниот шеф на кабинетот, Хелге Браун, му се обратија на врвот на ЦДУ со драматичен апел дека секој ден е одлучувачки во борбата против коронавирусот.

Во моментот бројот на новоинфицирани лица во Германија се удвојува неделно, што покажува дека мерките не се доволни и дека нема забавување на епидемиолошкиот развој. Меркел им рече на своите сопартијци дека земјата набргу може да се соочи со тешка состојба во врска со слободните кревети на интензивна нега.

Во изминатите 24 часа во Германија беа потврдени 11.409 нови случаи на коронавирус, а 42 лица починаа.

Европа

Папата: Знам низ што минуваат заболените од коронаворусот, како млад преживеав тешка инфекција

Објавено пред

Папата Франциско пишува дека знае низ што минуваат заразените од Ковид-19 бидејќи како млад едвај преживеал тешка респираторна инфекција.

На Франциско во родната Аргентина му бил отстранет поголем дел од белодробното крило поради болест во 1957 година кога имал само 20 години.

„Со месеци не знаев кој сум, не знаев дали ќе преживеам. Дури и лекарите не знаеја дали ќе успеам“, се сеќава 83-годишниот папа во новата книга.

„Еден ден ја прегрнав мајка ми и ја прашав дали ќе умрам… Од тоа искуство знам низ што поминуваат пациентите со коронавирус кога се борат за здив“.

Ова се цитати од книгата „Ајде да сонуваме: Патот кон подобра иднина“, која Франциско ја напиша со својот англиски биограф Остин Ајвери.

Книгата ќе биде објавена на 1 декември, а овие цитати денеска ги објави италијанскиот дневен весник „Ла Република“.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Во Романија намален бројот на новозаразени од коронавирус

Објавено пред

Во претходните 24 часа во Романија се регистрирани 4.207 новозаразени од коронавирус, објави Стратешката комуникациска група (ГЦС). Тоа е намалување во споредба со вчера кога бројот на новозаразени беше 5.837.

Вкупниот број на лица заразени од коронавирус е 422.852, изјави ГЦС, објави „Аџерпрес“.

Во текот на последните 24 часа 130 лица починале од коронавирус така што вкупниот број на смртни случаи е 10.177.

Во специјализирани одделенија во болници има 13.685 лица со Ковид-19, од кои 1.160 се на оддели за интензивна нега.

Вкупно 296.844 лица се излечиле од коронавирусот.

Според податоците на ГЦС, во изминатите 24 часа биле извршени 9.938 теста, а од почетокот на епидемијата биле извршени вкупно 3.908.681 тест.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Во Белорусија уапсени речиси 350 демонстранти

Објавено пред

Белоруската полиција уапси речиси 350 демонстранти поради кршење на мерката забрана на масовни собири, се вели во соопштението на белоруското Министерство за внатрешни работи.

Се наведува дека граѓаните од внатрешноста на Белорусија не одговориле на повикот за масовни протести, а ситуацијата во Минск била поинаква и демонстрантите се собрале и покрај предупредувањата на властите да не го сторат тоа, пренесе ТАСС.

Полицијата соопшти дека се водат истраги против демонстрантите што давале отпор при интервенцијата на припадниците на полициските сили и го блокирале сообраќајот на улиците во Минск.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Оксфордската вакцина ефикасна до 90 проценти, а ќе чини само 3 долари

Вакцината против коронавирус, што ја развива Универзитетот во Оксфорд во соработка со „АстраЗенека“, ќе чини меѓу три и четири долари,...

Свет5 часа

Бајден избра нов државен секретар

Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден го избра Ентони Блинкен за државен секретар на САД, соопшти тимот на Бајден. Toj денеска...

Свет5 часа

СЗО: Итно се потребни уште 4,3 милијарди долари или сиромашните нема да добијат вакцини

Постои ризик сиромашните и ранливите категории да не примаат вакцини против коронавирус, заради стампедото што ќе произлезе од овие лекови,...

Свет6 часа

Борис Џонсон го објави зимскиот план за ковид

Британскиот премиер, Борис Џонсон, на денешното јавно обраќање ги објасни деталите за излезот од „локдаун-от“, што започнува на 2 декември,...

Македонија7 часа

Во Македонија 387 нови случаи на Ковид-19, починале 35

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1176 тестирања, а регистрирани се 387 нови случаи на...

Македонија10 часа

Филипче: Хоспитализацијата на пациентите во ниту еден случај не зависи од нивната возраст

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) побарал да извршат вонреден инспекциски надзор за...

Регион11 час

Црна Гора трета во светот по бројот на заболени од коронавирус

Црна Гора е на трето место во светот според бројот на заболени од коронавирус на милион жители, според податоците на...

Европа12 часа

СЗО: Европа ќе биде погодена од трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година

Светската здравствена организација стравува дека Европа може да се соочи со трет бран на коронавирусот на почетокот на 2021 година...

Македонија12 часа

Спасовски се излекува од коронавирусот и се врати на работа

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, се излекува од коронавирусот и од денеска се врати на работното место. Тој на...

Регион13 часа

Со коронавирус заразен епископот Давид, кој ја водеше литургијата на погребот на Иринеј

Српскиот епископ Давид е заразен о1д коронавирус и се наоѓа во Центарот за клинички болници (КБЦ) „Д-р Драгиша Мишовиќ“, објави...

Македонија13 часа

Неделава почнува изведбата на модуларната болница во Гевгелија

Кон крајот на неделава почнува изведбата за конструирање на модуларната болница во Гевгелија. Како што информираат од Министерството за здравство,...

Европа13 часа

Саркози на суд поради корупција

Поранешниот француски претседател, Никола Саркози, ќе се појави на суд денес поради обвиненија за корупција и злоупотреба на влијание. Ова...

Регион14 часа

Хрватите почнуваат масовно тестирање со брзи тестови

Денес, во Загреб почнува масовно антигенско тестирање на коронавирусот, чиј наод се добива за 15 минути. Целта е да се...

Европа14 часа

Шпан: Германија може да почне со вакцинација против коронавирусот во декември

Германија може да почне со вакцинирање на граѓаните против коронавирусот веќе следниот месец, најави германскиот министер за здравство, Јенс Шпан....

Македонија15 часа

Лекот „фавира“ пристигнува во македонските аптеки

Лекот „фавира“ или „фавимол“, со генеричко име „фавипивир“ неделава ќе биде достапен во македонските аптеки кога Агенцијата за лекови и...

Свет16 часа

Оксфордската вакцина против коронавирусот е 70 проценти ефикасна

Тестовите покажаа дека вакцината за коронавирус развиена од Универзитетот во Оксфорд е 70 проценти ефикасна во спречување на заразата, пренесува...

Свет16 часа

(Видео) Напад во црква во Калифорнија, најмалку двајца убиени

Две лица се убиени, а неколкумина тешко повредени во црква во калифорнискиот град Сан Хозе кога непознат маж ги нападна...

Свет16 часа

УНИЦЕФ на сиромашните земји ќе им испрати две милијарди дози вакцини

Земјите во развој ќе добијат речиси две милијарди дози вакцина против Ковид-19 в година, објави Агенцијата за деца на ООН....

Свет1 ден

Британија ќе ја прекине блокадата, намален бројот на нови инфекции

Британскиот премиер Борис Џонсон планира да ја прекине блокадата низ Англија, која е предвидено да трае до 2 декември и...

Македонија1 ден

Во Македонија се регистрирани нови 1.112 заболени и 24 починати од Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2553 тестирања, а регистрирани се 1112 нови случаи на...

Досие