Свет
Германија ставила „рампа“ за телохранителите тепачи на Ердоган
Германската влада вели дека не очекува да ги види турските безбедносни агенти обвинети за напад на демонстрантите во Вашингтон за време на посетата на претседателот Реџеп Таип Ердоган на претстојниот самит на Г-20 во Хамбург.
Германија е домаќин на лидерите на Г-20 на седми јули. Полицијата во Вашингтон издаде потерници за десетте турски агенти обвинети во минатомесечниот инцидент.
Портпаролот на германското Министерство за надворешни работи Мартин Шефер во понеделникот изјави дека “би можел да претпостави со добра совест дека овие луѓе кои се инкриминирани од страна на американските судски власти нема да стапнат на германска почва во блиска иднина, вклучително и за време на самитот на Г-20.”
Шефер сепак не ги потврди извештаите на весникот „Ди Велт“ дека неговото министерство јасно и стави до знаење на Турција дека телохранителите не се добредојдени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

