Контакт

Свет

Германија, Франција и Велика Британија го отфрлија притисокот од САД да ги вратат санкциите за Иран

Објавено пред

САД излегоа од иранскиот нуклеарен договор и затоа немаат право да бараат привремено враќање на санкциите на ОН за Техеран, рекоа министрите за надворешни работи на трите европски сили вклучени во ЈЦПОА како одговор на последниот притисок на Вашингтон, пренесува РТ.

„Франција, Германија и Велика Британија, т.н. Е3, посочуваат дека САД не се членка на ЈЦПОА од нивното повлекување од договорот на 8 мај 2018 година. Затоа Е3 не може да го поддржи барањето на САД да се вратат санкциите на ОН против Иран, бидејќи е во спротивност со нивните тековни напори за спроведување на договорот “, рекоа министрите за надворешни работи Жан-Ив ле Дријан , Хајко Маас и Доминик Рааб во изјавата во четвртокот.

Заедничкиот сеопфатен план за акција (ЈЦПОА), името дадено за нуклеарниот договор од 2015 година за кој преговараше администрацијата на Обама, беше одобрен од сите пет постојани членки на Советот за безбедност на ОН и Германија.

Цитирајќи ја Резолуцијата 2231 на УНСЦ, со која се кодифицираше договорот, американскиот претставник во ОН, Кели Крафт, во четвртокот официјално побара привремено враќање на санкциите, обвинувајќи го Иран за значајна неусогласеност на договорот.

Сепак, Кина претходно истакна дека САД немаат право да го го бараат тоа откако еднострано излегоа од договорот. Изјавата на Е3 покажува дека Европејците го делат ставот на Пекинг за ова прашање.

Изјавата за Е3 се совпадна со прес-конференцијата на американскиот државен секретар, Мајк Помпео, во ОН, на која самоуверено изјави дека правилата на Советот за безбедност се јасни и ќе доведат до враќање на санкциите.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Во Грција уште 286 новозаразени од коронавирус

Објавено пред

Во последните 24 часа во Грција се регистрирани нови 286 случаи на инфекција со коронавирус, а уште три лица починаа.

Според податоците објавени од Националната организација за јавно здравје, досега во Грција се евидентирани 16.913 лица заразени со Ковид-19, од кои 55,7 проценти се мажи.

Во моментов има 63 пациенти на реанимација, јавува агенцијата АНА, а 197 лица кои се опоравиле од коронавирусот, денес се пуштени од болниците.

Вкупно 369 лица починаа како резултат на инфекцијата.

Прикажи повеќе...

Свет

Навални им се заблагодари на руските пилоти и на лекарите

Објавено пред

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални им се заблагодари на руските пилоти и на лекарите за брзата реакција кога падна во кома за време на летот од Сибир.

Навални, на кого му се слоши на 20 август во авион за Москва, по што беше во кома скоро три недели, напиша на Инстаграм дека пилотите „брзо слетале во Омск“ и дека лекарите на аеродромот „му инјектирале доза атропин“ препознавјќи „труење со отровна материја“.

„Ви благодарам, непознати пријатели со добро срце. Вие сте добри луѓе”, напиша 44-годишниот политичар, објавувајќи фотографија на која ја прегрнува својата сопруга Јулија.

View this post on Instagram

Наверное, нечасто такое бывает, что есть у вас в жизни ужасно важные люди, а вы даже имён их не знаете. У меня как раз такой случай. После всего случившегося я испытываю такую огромную благодарность такому большому количеству людей, что вы ещё устанете читать посты на эту тему. Но начать я хочу с нескольких человек, которые – так вышло – сыграли ключевую роль в моей судьбе, а я даже и не знаю, как обратиться к ним иначе, чем «неизвестные добрые друзья». Насколько я понимаю (версия, утверждать ничего не могу), план убийц был прост: мне станет плохо через 20 мин после взлёта, ещё через 15 мин я вырублюсь. Медицинская помощь будет гарантированно недоступна, и ещё через час я продолжу своё путешествие в чёрном пластиковом пакете на последнем ряду кресел, наводя ужас на пассажиров, идущих в туалет. Все так и шло, но началась цепь счастливых случайностей и четких действий неизвестных добрых людей. Во-первых, пилоты быстро посадили самолёт в Омске, несмотря на объявленное «минирование» аэропорта. Во-вторых, пришедшие сотрудники медслужбы аэропорта и приехавший за ними реанимобиль не говорили никакого вранья про диабет и тд, а сразу четко сказали: «это токсическое отравление», – и зафигачили мне дозу атропина. То есть пилоты и первые медики просто подарили мне дополнительные 15-20 часов жизни. Все последующее было очень драматично и заслуживает отдельного расссказа, но рассказывать точно было бы нечего, если бы не эти ребята. Спасибо вам, неизвестные добрые друзья. Вы хорошие люди.

A post shared by Алексей Навальный (@navalny) on

Откако помина 48 часа во болница во Омск, чии лекари рекоа дека не откриле траги од труење во неговото тело, Навални беше префрлен во болница во Берлин.

Германски експерти за хемиско оружје објавија дека утврдиле дека Навални е отруен со нервниот агенс „новичок“, а тоа го потврдија и лабораториите во Франција и во Шведска.

Навални, најголемиот противник на рускиот претседател Владимир Путин, беше пуштен од болница неделава. Неговиот тим за труењето го обвинува Кремљ, чии претставници ги негираат обвинувањата.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Се урна воен авион во Украина – загинаа 25 лица

Објавено пред

Воен авион АН-26 се урна во близина на градот Чугуев во регионот Харков, јавува агенцијата Депо Харков, повикувајќи се на извори во Министерството за одбрана на Украина.

Бројот на загинатите во падот на украинскиот воен авион се искачи на 25, соопшти Кабинетот на украинскиот генерален обвинител.

„Според првичните информации, загинаа 25 лица. Двајца се пренесени во болница во сериозна состојба”, соопшти канцеларијата.

Според украинските служби за итни случаи, во авионот имало 27 лица, а не 28, како што беше претходно најавено, пренесува ТАСС.

Канцеларијата наведува дека е поведена кривична постапка поради обвиненија за кршење на правилата за безбедност на летот и подготовка на летот, „што доведе до катастрофа и други сериозни последици“.

Во меѓувреме, властите во регионот Харков во Украина прогласија Национален ден на жалост за жртвите од падот на украинскиот авион АН-26.

Во уредбата на гувернерот, објавена на веб-страницата на администрацијата, се вели дека на Денот на жалост, националното знаме ќе се спушти на половина копје на сите згради на државните органи, компании, агенции и организации и дека ќе им биде поставена лента за жалост. Сите забавни и спортски настани според препораките треба да бидат откажани, пренесува ТАСС.

Несреќата се случи синоќа при слетување на авионот. Покрај членовите на екипажот во него се наоѓале и кадети од Универзитетот за воздухопловство во Харков кои биле на обука.

Снимките од местото на несреќата беа објавени на Интернет.

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, изјави дека ќе го посети регионот Харков, кадешто се урна воениот авион Ан-26.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

(Видео) Се урна воен авион во Украина – загинаа 25 лица

Воен авион АН-26 се урна во близина на градот Чугуев во регионот Харков, јавува агенцијата Депо Харков, повикувајќи се на...

Македонија2 часа

Протест против полициската бруталност во Битола

Повеќе граѓански организации за денеска во Битола најавија протест против полициската бруталност, за кој повод е завчерашниот инцидент во кој...

Европа2 часа

Франција бара Брисел да ја принуди секоја членка на ЕУ да прими мигранти

Франција побара секоја земја членка на ЕУ да биде принудена да преземе дел од илегалните мигранти што пристигнуваат на европска...

Свет3 часа

Институт „Гамалеја“: Некои вакцинирани лица развиваат заштитни антитела по првата доза

Александар Гинтсбург, директор на рускиот институт „Гамалеја“, кој ја разви првата регистрирана вакцина против Ковид-19, изјави за „Спутник“ дека вакцинираните...

Топ12 часа

Тројца осомничени за производство и продажба на марихуана, едниот фатен додека ги кастрел стеблата во Визбегово

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против тројца 38-годишници за неовластено производство и продажба на марихуана. За таа...

Економија12 часа

Четвртиот пакет мерки е во вредност од 350 милиони евра

Вкупната вредност на четвртиот пакет изнесува околу 350 милиони евра од кои 264 милиони се од Буџетот на државата и...

Европа14 часа

СЗО: Во Европа се зголемува заразата со коронавирусот

Брзината на пренесување на Ковид-19 и хоспитализацијата растат во Европа, предупреди директорот на Светската здравствена организација за вонредни ситуации, Мајкл...

Македонија14 часа

Пахор со поддршка за членството во ЕУ: „Не смее да има одложување на меѓувладината конференција“

Словенија ќе продолжи да ја поддржува Северна Македонија на патот кон полноправно членство во Европската Унија, истакна претседателот на Словенија,...

Македонија18 часа

Починаа 9 лица, регистрирани 143 новозаразени

Во последните 24 часа се направени 1.504 тестирања, а регистрирани се 143 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје...

Македонија19 часа

(Видео) Кривична пријава и суспензија за полицаецот кој претепа Ром во Битола

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички стандарди и професионални истраги во МВР поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење...

Европа20 часа

Напаѓачот уапсен, полицијата пронајде мачета и сатар на местото на нападот во Париз

„Бев во мојата канцеларија. Слушнав врисоци на патот. Погледнав низ прозорецот и видов жена која лежеше на подот и имаше...

Македонија22 часа

Пендаровски до Пахор: Споделуваме сегашност во НАТО, уверен сум дека ќе имаме и заедничка иднина во ЕУ

Денеска во претседателскиот кабинет во „Вила Водно“ претседателот Стево Пендаровски на церемонија со највисоки државни и воени почести го пречека...

Македонија22 часа

Казна за Рудникот САСА – ќе плати 65 илјади евра поради истекувањето јаловина

Откако при направениот увид и констатиран прекршок водостопанскиот инспектор на Државниот инспекторат за животна средина предложи постапка за посредување согласно...

Свет22 часа

(Видео) Ковид-19 создал мутација којашто е уште позаразна

Резултатите од една нова студија покажуваат дека Ковид-19 создал нова мутација која се чини дека е уште позаразна, а експертите...

Македонија23 часа

Николовски ќе бара мотивациско писмо од директорите за да спречи корупција

Вицепремиерот Љупчо Николовски бара од граѓаните да не очекуваат чудо за брзо време бидејќи проблемот со корупцијата во Македонија постои...

Македонија23 часа

Маричиќ не поддржува бирање државен јавен обвинител со политички договор

Не веруваме дека е добар начин на избор на обвинител со политички договор меѓу партиите, рече министерот за правда, Бојан...

Регион23 часа

(Видео) Во Србија се урна воен авион „Миг 21“

Авионот на српската армија „Миг 21“ се урна утрово при извршување на редовна задача за летање во селото Брасина, во...

Свет1 ден

Водечкиот германски епидемиолог предупредува: Пандемијата допрва ќе почне

Водечкиот германски епидемиолог Кристијан Дростен во својот говор на Светската здравствена конференција во Берлин предупреди на предвременото славење на успехот...

Свет1 ден

Трамп: Бајден ќе ја уништи Флорида, мојот план ќе го уништи вирусот

Како дел од предизборната кампања, американскиот претседател, Доналд Трамп, ги посети Северна Каролина и Флорида, некои од државите каде што...

Свет1 ден

Бројот на заболени од Ковид-19 во САД надмина 7 милиони

Бројот на заболени со коронавирус во САД вчера надмина седум милиони, што е повеќе од 20 проценти од вкупниот број...

Досие