Вести
Германија ја откажа средбата со израелските челници

Германската канцеларка Ангела Мерел ја откажа седбата со израелската влада, објави портпаролот на нејзиниот министерски кабинет во понеделникот вечерта во Берлин.
Официјалната причина за откажувањето на состанокот закажан за 10-ти мај во Ерусалим се изборите во Германија во септември. Меѓутоа една од причините би можела да биде и незадоволството на канцеларката Ангела Меркел од израелскиот закон за легализација на населувањето на спорните територии во палестинската енклава на Западниот брег (од реката Јордан), кои меѓународната заедница ги смета за окупирани од Израел во војната од 1967 година, кој беше усвоен на почетокот од февруари, пишува израелскиот дневен весник Haaretz, повикувајќи се на анонимни германски и израелски извори.
Израел со овој закон, кој го осудија голем број држави и меѓународни организации, овозможи недвижнините веќе изградени на палестинските територии да не се уриваат. Германското министерство за надворешни работи по носењето на овој закон соопшти дека со тоа „значително ја разниша довербата во доследноста на израелската влада кон (мировното) решение со две држави“ израелска и палестинска, потсетува агенцијата DPA.
Откажувањето на средбата е еден од неколкуте начини на коишто Германија сака да го изрази своето незадоволство од споменатиот израелски закон и продолжувањето на израелското населување на Западниот брег и во источен Ерусалим, пишува уште Haaretz.
Германските и израелските челници, како и нивните високи владини функционери, се среќаваат речиси еднаш годишно од 2008 година наваму во Берлин и во Ерусалим за да го истакнат блискиот однос меѓу двете држави.
Двете страни се обврзаа дека следниот круг од разговорите меѓу двете влади ќе се одржи во текот на 2017 година, изјави германскиот портпарол, а како причина ги наведе „низата меѓународни состаноци во контекстот на германското претседателство со групата Г20“./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
Српски сеизмолог: Секоја активност на анадолската плоча предизвикува активност и на Балканот

Српскиот сеизмолог Славица Радовановиќ вели дека не постои директна опасност за потреси во Србија по разорните земјотреси во Турција, бидејќи земјата е на „периферијата“ и е последна во низата земји кои се загрозени.
Но, таа објаснува дека анадолската плоча е поврзана со српскиот регион и дека во процесот на притисок и поместување може да се очекува зголемување на сеизмолошката активност на Балканот.
Радовановиќ потсетува на случајот од 1939 година кога разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени, со иста јачина како овој сега, ја погоди Турција и предизвика смрт на речиси 20.000 луѓе. Една година подоцна, во ноември 1940 година, разорен земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија каде погинаа стотици луѓе, но и стотици згради се урнаа до темел.
Секоја активност на анадолската плоча предизвикува активност и на Балканот, но, според Славица Радовановиќ, Србија е најмалку загрозена, додека последиците од денешниот разорен земјотрес во Турција може да се очекуваат во Грција или Романија во блиска иднина.
Вести
Русија за истрагата за експлозијата на „Северен тек“: Шведска нешто крие

Руските власти ја обвинија Шведска дека крие информации за истрагата за експлозијата што го оштети гасоводот „Северен тек“ минатата година.
Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Русија има право да ги знае деталите од истрагата и дека е збунета од одбивањето на Шведска да соработува со руските обвинители.
Имено, Москва му предложи на Стокхолм поведување заедничка истрага за експлозиите, но Шведска и Данска го одбија тој предлог.
Захарова сугерира дека зад таа одлука има скриени причини.
„Можеби, по спроведувањето на истрагата, руските истражители би можеле да дојдат до незгоден заклучок за тоа кој ја извршил саботажата. За тоа кој ја смислил и ја извршил. Шведска крие што точно открила во текот на истрагата“, рече портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, како што објави „Гардијан“.
Вести
(Видео) Силно невреме го зафати Солун, издадено предупредување

Улиците во Солун се поплавени откако ненадејно невреме го зафати градот, придружено со силни грмежи.
Возилата беа спречени да минуваат, па сообраќајот беше запрен во голем дел од градот. Во многу случаи водата ја достигнувала висината на тротоарот, а сопствениците на продавници се обидувале со метли да спречат да влезе во објектите.
Εν τω μεταξύ στη Θεσσαλονίκη pic.twitter.com/yQLkl87XmI
— Αντιτέτοιος (@VPetsopoulos) September 2, 2022
Кога започна невремето, на улиците имало многу луѓе кои се обидувале да најдат засолниште под блиските балкони, пренесува грчкиот портал „Вориа“.
Грчката хидрометеоролошка служба за денеска издаде итно предупредување за влошување на времето и обилни дождови и невреме.
Покрај Солун, големо невреме го зафати и Халкидики, а обилни врнежи имаше и во градот Вурвур, како и во Пефкохори.