Контакт

Европа

Германија ѝ нуди на Русија соработка за обновливи извори на енергија

Објавено пред

Проширувањето на економската соработка со Русија во области како што се обновливите извори на енергија може да помогне во намалувањето на тензиите за Украина, изјави германскиот министер за економија, Роберт Хабек, во интервју за домашните медиуми.

dobivaj vesti na viber

„Треба да разгледаме и нови области на бизнисот, кои може да им помогнат на двете страни да излезат од позицијата на конфликт“, рече министерот и вицеканцелар во интервју за неделникот „Шпигел“.

Коментирајќи ја можноста за исклучување на Русија од меѓународниот платен систем „Свифт“, Хабек рече дека општото набројување на санкциите нема смисла.

Тоа е крајната економска санкција, истакна тој, сепак нагласувајќи дека неговата цел е да ги намали тензиите.

Водечките руски и американски дипломати треба да се сретнат в петок во Швајцарија за повторно да разговараат за зголемените тензии во врска со Украина откога минатонеделните состаноци не дадоа резултат.

Германската министерка за надворешни работи, Аналена Баербок, во четвртокот ја повика Русија да ја прекине својата политика на ескалација на тензиите предупредувајќи дека ќе се соочи со серија санкции во случај на агресивни потези.

Германија е подготвена да ги брани своите основни вредности во сегашниот ќор-сокак, дури и ако треба да плати висока економска цена, рече Баербок ден претходно во Москва.

Европа

Нехамер: Путин е подготвен да овозможи извоз преку украинските пристаништа

Објавено пред

„Рускиот претседател Владимир Путин е подготвен да овозможи извоз од Украина преку поморските пристаништа“, изјави попладнево австрискиот канцелар Карл Нехамер.

dobivaj vesti na viber

По телефонскиот разговор со Путин на прес-конференција во Виена, Нехамер рече дека прво мора да се воспостават безбедносни услови во украинските пристаништа.

Австрискиот канцелар нагласува дека останува да се види дали тоа се само празни зборови или искрена подготвеност, што ќе се види само доколку навистина се овозможи извоз преку пристаништата, пренесе „Танјуг“.

Прикажи повеќе...

Европа

Шолц: Путин сака нас да нè обвини за кризата со гладот

Објавено пред

Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека сака да му ја припише на Западот одговорност за кризата со глад, што ја предизвикал со агресијата врз Украина.

dobivaj vesti na viber

– Наративот на Путин мора итно да се побие – нагласи Шолц во Штутгарт.

Тој рече дека Путин нашол формулација, и дека постојано зборува за „глобалниот запад“. Со ова, вели Шолц, мисли на непријателите против кои сака да се обедини со другите.

– Кризата на глад, која беше предизвикана од неговата војна, која тој ја започна, сега им се припишува на оние кои се со Украина – рече тој, пренесе Блиц.рс.

Прикажи повеќе...

Европа

Путин: Притисокот од непријателските земји е практично агресија

Објавено пред

Притисокот од непријателските држави е „практично агресија“, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

dobivaj vesti na viber

– Предноста на интеграцискиот курс сега е особено очигледна, во сегашната тешка меѓународна ситуација, а тоа е практично агресија на некои непријателски држави – рече Путин на состанокот на Врховниот евроазиски економски совет, кој се одржува во форма на видео-конференција.

Рускиот претседател додаде дека учесниците на состанокот биле „убедени дека интеграцијата економски ќе ги зајакне нивните земји и“ значително ќе ја намали нивната зависност од надворешни кризи, вклучително и политички, пренесе ТАСС.

Путин зборуваше за мерките што ги презема владата во сегашните услови.

Тој рече дека Владата навремено носи одлуки за стабилно функционирање на пазарот и финансискиот сектор и се грижи за клучните индустрии и компании кои се од системско значење.

Путин рече дека е обезбедена поддршка за ликвидноста на банките и дека се шири практиката на тргување во национални валути со земји кои со своите постапки покажале дека се доверливи партнери на Русија.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Русија објави докази: Американската војска ослободи мајмунски сипаници од своите лаборатории

Мајмунската сипаница е увезена од Нигерија, каде што работат најмалку четири американски биолошки лаборатории, изјави Игор Кирилов, началник на силите...

Економија2 часа

(Видео) Ковачевски: Инвестирани над една милијарда евра во изградба на патната инфраструктура

Премиерот Димитар Ковачевски, заедно со министрите за транспорт и врски и за локална самоуправа, Благој Бочварски и Горан Милевски, како...

Европа2 часа

Путин: Притисокот од непријателските земји е практично агресија

Притисокот од непријателските држави е „практично агресија“, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин. – Предноста на интеграцискиот курс сега е...

Македонија4 часа

Од денес повторно отворена македонската амбасада во Киев

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на посетата на Украина ја отвори Амбасадата на Република Северна Македонија во...

Македонија6 часа

Османи: Слободата на Северна Македонија и секоја друга европска земја денеска се брани во Украина

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, во рамките на посетата на Украина оствари средба со својот домаќин Дмитро Кулеба. Ова...

Свет6 часа

Лавров: Западот ѝ објави тотална војна на Русија

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, ги обвини западните земји дека водат тотална војна против Русија и рускиот народ...

Македонија7 часа

(Видео) Црвенковски: Договорот со Бугарија со формулацијата „заедничка историја“ беше голема грешка

Договорот со Бугарија не само што не затвори ниту едно прашање туку, напротив, ја отвори Пандорината кутија и создаде основа...

Македонија7 часа

Во Софија вонреден коалициски совет за Северна Македонија

На вонреден состанок на коалицискиот совет вечерва ќе се соберат владините партнери. Средбата е по барање на премиерот Кирил Петков....

Регион8 часа

Русија протера петмина хрватски дипломати

Русија прогласи за непожелни пет хрватски дипломати во хрватската амбасада во Москва, а на хрватскиот амбасадор му беше врачена нота....

Свет8 часа

Најбогатиот човек во Украина и сопственик на „Азовстал“ ќе ја тужи Русија

Најбогатиот човек во Украина и сопственик на фабриката за челик „Азовстал“, Ринат Ахметов, вели во Мариупол дека планира да ја...

Македонија8 часа

Османи во Украина: Она што го видов ме убеди колку е оправдан нашиот став за агресијата

Во рамките на својата работна посета на Украина, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, придружуван од претставници на украинската Влада,...

Македонија10 часа

Земјотрес утрово регистриран во Тетовско

Земјотрес од 3,6 степени утрово го стресе Тетовскиот Регион, а беше почувствуван и во Скопје. Според податоците, земјотресот се случил...

Свет10 часа

Медведев: Условите на Зеленски се категорични до идиотизам

Дмитриј Медведев денеска изјави дека условите што му ги постави претседателот на Украина, Володимир Зеленски, за примирје не се остварливи....

Свет11 час

САД подготвуваат досега најмоќно оружје против Русија

Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден се подготвува да го зголеми оружјето на Украина. Администрацијата има намера да го направи...

Свет23 часа

Лавров: Испораката на оружје способно да погоди руска територија е чекор кон неприфатлива ескалација

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров предупреди дека „испораката на оружје за Украина способно да ја погоди руската територија...

Економија1 ден

Ковачевски: Во ребалансот на буџетот направиме намалување на непродуктивните трошоци, нè oчекува тешка зима

„Ребалансот на буџетот е насочен главно кон справување со економската криза, ревидирање на фискалните проекции, реконструирање на буџетските расходи, зачувување...

Спорт1 ден

РК Вардар го прегази Тиквеш и го потврди 15. шампионски пехар (ФОТО)

Македонскиот ракометен првак Вардар ја освои двојната круна оваа сезона, откако денеска со триумфот против Тиквеш (37:25) го потврди и...

Економија1 ден

Путин: Санкциите против Русија му се вратија на Западот како бумеранг

Рускиот претседател Владимир Путин денеска оцени дека антируските санкции се вратиле како бумеранг за оние што ги применувале бидејќи, како...

Македонија1 ден

Кривични пријави за двајца управители во ЕВН и за петмина други за продажбата на парцели во Делчево

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против седум лица за продажбата на парцели на ЕВН во Делчево за изградба...

Македонија1 ден

Собранието: Деловникот дозволува можност за затворање на вратите на салата на барање на претседателот

Проѕирна е намерата на опозицијата, која сите овие години ја опструира работата на законодавниот дом и оневозможува донесување битни закони...