Свет
Германка киднапирана во Багдад бидејќи ги поддржала антивладините протести
Германка, добро позната на уметничката сцена во Ирак и постојан поддржувач на масовните антивладини протести, била киднапирана пред уметничкиот центар во Багдад, каде што работела, пренесува „Ал Арабија“.
Киднапирањето на Хела Мевис предизвика вознемиреност кај ирачките активисти и другите странци што живеат во земјата, а доаѓа две недели по убиството на истакнатиот ирачки коментатор Хишам ал-Хашими од непознати вооружени лица. Извршителите на тоа дело сè уште не се познати.
Мевис била грабната пред „Бејт Таркиб“, уметнички центар во кој работи во Багдад, околу 8 часот по локално време во понеделникот од вооружени лица во две возила, соопштија официјални лица за безбедност и активисти за човекови права.
Премиерот Мустафа ал-Кадими вети дека ќе ги совлада вооружените групи, но притисокот врз владата се зголемува во услови на повторени ракетни напади насочени кон американските инсталации, атентати и исчезнувања.
„Ги повикуваме ирачките безбедносни служби сериозно и експедитивно да ја побараат. Исто така, ги молам киднаперите да се погрижат за нејзината безбедност и здравје и да ја ослободат што е можно побргу“, рече граѓанската активистка Хана Едвар на прес-конференција по исчезнувањето на Мевис.
Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, рече дека германското Министерство за надворешни работи формирало кризна работна група за справување со исчезнувањето на Мевис, јави германската новинска агенција ДПА. Маас додаде дека не сака детаљно да зборува за случајот со оглед на чувствителноста на ситуацијата, но рече дека почнале да бараат решение што ќе ја обезбеди доброосостојбата на киднапираното лице.
Мевис е почитувана личност во Багдад, каде што живее седум години и води уметничка програма за млади Ирачани преку „Беит Таркиб“. Киднаперите на Мевис возеле пикап и комбе.
Али Акрам ал-Бајати, портпарол на полуофицијалната ирачка Висока комисија за човекови права, рече дека сведоците виделе дека Мевис ја киднапирале вооружени лица.
„Таа има добри односи со разни невладини организации во Ирак и со ирачката младина“, рече тој.
Мевис е поддржувач на масовните антивладини протести што избувнаа во Багдад и југот на Ирак на 1 октомври. Десетици активисти и демонстранти беа киднапирани за време на повеќемесечните демонстрации против вооружените групи, неконтролираната владина корупција, лошите услуги и невработеноста.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп: Секој Евреин што ќе гласа за Мамдани е глупав човек
Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика Евреите во Њујорк да не гласаат за кандидатот на левото крило на Демократската партија, Зохран Мамдани, нарекувајќи го „докажан мразител на Евреите“.
„Секој Евреин што ќе гласа за Зохран Мамдани е глупaв човек!“, напиша Трамп на својата платформа Truth Social, обвинувајќи го 34-годишниот кандидат дека „ги мрази Евреите“. Мамдани, муслимански демократски социјалист роден во Уганда, е познат поддржувач на палестинската кауза и застапник на кампањата за бојкот и санкции против Израел.
Во обид да ги смири реакциите, Мамдани во последните месеци јавно се изјаснува против антисемитизмот. Тој води во анкетите со 41 отсто поддршка, пред поранешниот гувернер Ендру Куомо, кој има 34 отсто и ја има поддршката на Трамп.
Трамп претходно се закани дека ќе му ги ускрати федералните средства на Њујорк ако Мамдани победи на изборите за градоначалник.
Свет
Глобалното затоплување ќе ја надмине границата од 1,5 степени, предупредува ОН
Светот нема да го исполни климатскиот цел од ограничување на затоплувањето на 1,5 степени Целзиусови, соопшти Програмата на Обединетите нации за животна средина (UNEP). Според годишниот извештај, поради недоволните мерки за намалување на емисиите на стакленички гасови, глобалната температура во следната деценија ќе ја надмине целта утврдена со Парискиот договор од 2015 година.
UNEP предупредува дека сегашните политики водат кон раст на температурите од 2,3 до 2,5 степени, што ќе биде „тешко да се преобрати“. Иако е постигнат напредок во однос на пред десет години – кога прогнозите укажуваа на пораст до четири степени – емисиите и понатаму растат, бидејќи земјите се потпираат на јаглен, нафта и гас за производство на енергија.
Овие податоци, според агенцијата, дополнително ќе го засилат притисокот пред климатскиот самит COP30, на кој државите ќе разговараат за побрзо финансирање на мерките за ублажување на глобалното затоплување.
Свет
Германија им нуди пари на Авганистанците ако се откажат од доаѓање во земјата
Германската влада им понудила финансиска надомест на Авганистанците кои имаат одобрение за прием во Германија, доколку доброволно се откажат од тоа одобрение за влез во земјата.
Според документот на Германското друштво за меѓународна соработка, понудата се однесува на околу 660 лица кои сега се во Пакистан. Поединци што ќе прифатат, ќе добијат еднократна исплата — 1500 евра во Пакистан и дополнителни 5000 евра како „помош за нов почеток“, но со тоа ќе се откажат од сите идни побарувања кон германската влада.
Министерството за внатрешни работи објаснило дека не може да гарантира навремен завршеток на програмата за прием поради административни пречки и рокови што ги поставила пакистанската влада.
Хуманитарни организации ја осудија понудата, нарекувајќи ја „лоша“ и „недоволна“. Според нив, износот не го покрива ниту дел од трошоците што бегалците веќе ги направиле, а враќањето во Авганистан би значело ризик за нивниот живот под талибанскиот режим.
Во меѓувреме, неколку авганистански семејства што поднеле тужби против германската држава успеале да добијат дозвола за влез и пристигнале во Хановер.

