Контакт

Европа

Германската влада усвои историска стратегија за родова еднаквост

Објавено пред

Германската влада усвои стратегија насочена кон зајакнување на еднаквоста меѓу мажите и жените во сите идни закони и програми финансирани од владата.

Ова е првпат германската влада да се посвети на меѓуресорска стратегија за зајакнување на родовата еднаквост, тема што претходно беше препуштена на Министерството за жени.

И покрај родовата еднаквост утврдена во германскиот Устав, потребни се децении целата власт да се заложи за спроведување на истата, рече Франциска Гифеј, министерка за семејни прашања, стари граѓани, жени и млади.

Целите на стратегијата се да се назначат повеќе жени на лидерски позиции, да им се помогне на жените во спроведувањето на семејните и работните обврски и да се поттикне поправична поделба на грижата.

Гифеј вели дека има уште многу работа во овие области и дека стратегијата е пресвртница што ќе служи како важна основа за идните влади.

Овој потег на владата се случува еден ден откако Христијанско демократската унија на канцеларката Ангела Меркел го прифати предлогот за зголемување на застапеноста на жените во партијата на 50 проценти до 2025 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Избеганиот поранешен шпански крал престојува во луксузен хотел во Абу Даби

Објавено пред

Поранешниот шпански крал Хуан Карлос (82) престојува во ексклузивниот хотел „Емират палас“ во Абу Даби, каде што се наоѓа од понеделникот кога ја напушти Шпанија.

Ова го објави шпански „Еј-би-си“, а официјалните претставници на Обединетите Арапски Емирати и хотелскиот менаџмент не беа достапни за коментар, пренесува „Ројтерс“.

Порталот „Еј-би-си“ наведува дека поранешниот крал пристигнал во Абу Даби со приватен авион со четворица телохранители и уште едно лице преку Париз во понеделникот наутро, од каде што со хеликоптер бил префрлен во државниот хотел „Емират палас“.

Портпаролот на шпанската кралска палата рече дека не знае каде е поранешниот шпански крал во моментот, а неговиот адвокат не е достапен за коментар.

Некои шпански медиуми објавија дека поранешниот крал заминал во Доминиканската Република, а други изјавиле дека тој бил во Португалија, каде што го поминал најголемиот дел од младоста.

Шпанскиот Врховен суд почна истрага за вмешаност на Хуан Карлос во малверзации со договорот за брза железничка пруга со Саудиска Арабија, а швајцарски „Трибјун“ објави дека Хуан Карлос добил 100 милиони долари од починатиот саудиски крал.

Прикажи повеќе...

Европа

Австрија го скрати карантинот за лица заразени со коронавирус и оние што биле во контакт со заболени

Објавено пред

Австрија ја скрати должината на карантинот за луѓето што биле заразени со коронавирус и луѓето што биле во контакт со заразените. Наместо 14 дена, карантинот сега трае десет дена.

Според Министерството за здравство, оваа одлука е донесена врз основа на научни сознанија.

Заразноста на веќе позитивно тестираните лица без симптоми трае најмногу десет дена.

Кога станува збор за луѓе што биле во контакт со пациенти, една студија покажува дека во просек трае до пет или шест дена сè до појавата на болеста.

Во Австрија се спроведува задолжително тестирање на контактите на заболените, и тоа до двапати.

„Важно е веднаш да се тестирате. Сепак, може да се случи првиот тест да биде негативен и затоа има смисла да се повтори по пет до седум дена“, објасни Бернхард Бенка од Министерството за здравство.

Австриските власти предупредуваат дека карантинот не мора да заврши фиксно по десет дена бидејќи услов за прекинување на изолацијата е 48 часа без симптоми.

Оние што се сериозно болни, т.е. мора да се интубираат, мора да имаат негативен PCR-тест за да излезат од карантинот.

Прикажи повеќе...

Европа

Претседателот на Германија предизвика корона-скандал

Објавено пред

Една фотографија од одмор во Јужен Тирол предизвика политички скандал во Германија поради непочитување на мерките против коронавирусот.

Германскиот претседател, Франк-Валтер Штајнмаер, позирал без маска и неопходно растојание со членови на народен оркестар.

Критичарите го обвинуваат Штајнмаер за примена на двојни стандарди кога станува збор за почитување на правилата против коронавирусот бидејќи тие не важат за него додека ги повикува граѓаните да ги почитуваат.

На фотографијата е прикажан и претседателот на италијанската покраина Јужен Тирол, Арно Компачер.

Кабинетот на Штајнмаер рече дека претседателот внимава на правилата за растојание и хигиена, дури и кога е на одмор, но очигледно тоа не може секогаш да се применува оптимално.

„Многу е важно секој ден да сме свесни дека мора да бидеме внимателни“, се додава во пораката на кабинетот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет8 часа

(Видео) Демонстранти упаднаа во зградата на Министерството за надворешни работи во Бејрут

Демонстранти упаднаа во зградата на Министерството за надворешни работи во Бејрут, извикувајќи пароли против владата, пренесуваат светските медиуми. Претходно денеска...

Свет10 часа

Британските медицински работници на протест, бараат повисоки плати

Mедицинските работници во Велика Британија се собраа да протестираат во неколку градови, барајќи од владата повисоки плати за нивната макотрпна...

Македонија11 час

Нови 200 заболени и четворица починати од ковид-19 во земјава

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1828 тестирања, а регистрирани се 200 нови случаи на...

Свет12 часа

(Видео) Португалски канадер се урна во близина на шпанската граница, има и жртви

Португалски канадер за гаснење пожар се урна денеска близу шпанската граница и според информациите од медиумите, најмалку едно лице го...

Свет14 часа

Документ на британската влада: Карантинот предизвикал смрт на илјадници луѓе

Карантинот убил илјадници луѓе кои не можеле да дојдат до медицинска помош или кои избегнувале да одат во здравствени установи...

Македонија14 часа

МЗ: Во Геријатриската болница се преземени сите мерки по појавата на позитивни случаи

Министерството за здравство реагира на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ дека новите случаи на коронавирус во Геријатриската болница во Скопје го демантираат...

Свет15 часа

Почина сопругата на амбасадорот на Холандија која беше повредена во експлозијата во Бејрут

Сопругата на холандскиот амбасадор во Либан почина денеска од повредите со кои се здоби во експлозијата што се случи во...

Регион15 часа

Косовскиот политичар Беџет Пацоли пријавил имот вреден стотици милиони евра

Поранешниот претседател на Косово и лидер на Алијанса за ново Косово, Беџет Пацоли, пријавил во Агенцијата за борба против корупцијата...

Македонија16 часа

Медицински техничар од Шведска еден месец ќе помага на Инфективната клиника

Ханс Јорген Михаел Селберг е медицински техничар од Шведска којшто пристигна во нашата држава на 4 август преку европскиот механизам...

Македонија18 часа

Во Скопје се роди бебе во „водена обвивка“ – редок феномен што се случува еднаш во 80 илјади породувања

На Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, наделава се случи несекојдневно породување. Станува збор за медицинско чудо и редок феномен...

Топ18 часа

Жени од Македонија, Албанија и Косово пронајдени во угостителски објект, сопственикот осомничен за трговија со луѓе

Десет женски лица од Македонија, Албанија и Косово биле пронајдени во угостителски објект во село Добридол, Гостивар. Сопственикот на објектот...

Македонија18 часа

Казнети 378 лица за неносење маска

Полицијата казнила 378 лица за неносење заштитна маска во текот на изминатиот ден. „Во текот на изминатото деноноќие (07/08.08.2020 година)...

Свет19 часа

Во последните 24 часа во светот над 270.000 нови случаи на коронавирус

Во светот во последните 24 часа се регистрирани вкупно 278.291 нови случаи на коронавирус, а починале 6.815 лица, објави Светската...

Свет19 часа

Рекорден број нови случаи на коронавирус во Јапонија

Во Јапонија во изминатите 24 часа се потврдени најголем број случаи на дневно ниво од почетокот на епидемијата на коронавирус....

Македонија20 часа

Деветнаесет години од нападот кај Карпалак во кој беа убиени 10 војници

Денеска се одбележуваат деветнаесет години од нападот врз конвојот на АРМ во кој беа убиени десет воени резервисти кај месноста...

Свет1 ден

(Видео) Најмалку 16 лица загинаа, а 123 се повредени во авионот кој се преполови во Индија

Најмалку 16 лица загинаа, а 123 повредени во авионската несреќа на „Ер Индија експрес“ што излета од пистата и се...

Свет1 ден

Седумгодишно момче почина од вирусот во САД – немало други болести

Седумгодишно момче кое почина од Ковид-19 е најмладата личност којашто го загибила животот од од оваа болест во американската држава...

Свет1 ден

Сè повеќе млади луѓе умираат од Ковид-19, кои се причините за тоа?

Високиот крвен притисок, дијабетес, дебелина и возраст се покажаа како најчести причини зошто некои пациенти не го преживуваат Ковид-19. Станува...

Свет1 ден

(Видео) Авион со 190 патници излета од писта во Индија и се преполови

Авион на „Ер Индија експрес“ со 191 патник од Дубаи се излизга од пистата и се преполови на аеродромот „Кожикоде“...

Топ1 ден

Велешанец исчезна во водите на Вардар при обид да спаси екипа на ЕВН

Полицијата трага по маж од Велешко кој со трактор се обидел да извлече возило на ЕВН, но бил повлечен од...

Досие