Европа
Германскиот министер за здравство смета дека Балканците го почнале вториот пандемиски бран

Германскиот министер за здравство, Јенс Шпан, и покрај бранувањата што ги предизвика во јавноста и натаму стои на својот став дека патувањата во посета на роднини од Балканот и од Турција минатото лето го иницирале вториот пандемиски бран во земјата.
„Извлековме поуки од минатото лето“, изјави неодамна германскиот министер за здравство, за магазинот „Билд“.
Како што посочи Шпан во таа пригода, имало периоди кога околу 50 отсто од новите зарази со коронавирусот во Германија всушност биле увезени, а тука особено ги нагласи заминувањата на луѓето кои живеат и работат во Германија, а имаат семејства на Балканот и во Турција.
Изјавата наиде на осуди во Германија, а од турската заедница во оваа земја порачаа дека во прашање е стигматизирање на цели групи граѓани.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Лавров по посетата на Африка: Русија останува посветена на извозот на храна во сиромашните земји

Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров по посетата на Еритреја потврди дека Москва останува посветена на извозот на храна во сиромашните африкански земји, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.
„Лавров ја потврди цврстата посветеност на Русија во исполнувањето на обврските во однос на испораката на клучните прехранбени производи за африканските земји, вклучително и пакетите помош од договорите потпишани со посредство на ОН“ – се наведува во соопштението на министерството, пренесува ТАСС.
Европа
Путин: Русија е категорично против заборавање на нацистичките злосторства

Рускиот претседател Владимир Путин денеска, во пресрет на Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот, изјави дека Русија категорично се противи на заборавањето на нацистичките злосторства и спроведува политика која гарантира злосторствата како Холокаустот да не се повторат.
„Русија е категорично против заборавање на злосторствата од овој тип, кои немаат застареност“, рече Путин, а пренесува РИА Новости.
Тој нагласи дека Москва води таква политика која гарантира дека никогаш повеќе нема да се случи ништо слично во историјата на човештвото.
Меѓународниот ден на сеќавање на холокаустот се одбележува утре, на денот кога советските војници го ослободија нацистичкиот камп Аушвиц, каде беа убиени 1,1 милион луѓе, соопшти агенцијата.
Европа
Европската комисија ги тужи Бугарија и Словачка

Европската комисија објави дека одлучила да ги тужи Бугарија и Словачка за нетранспонирање на Директивата на ЕУ за обновлива енергија во националното законодавство.
Во соопштението се наведува дека Комисијата ја тужела и Унгарија поради ограничување на извозот на градежни материјали.
Комисијата ја тужеше Ирска за нетранспонирање на Рамковната директива за води во националното законодавство, пренесе „Танјуг“.