Свет
Германскиот министер за надворешни работи повика на директен дијалог меѓу Турција и Грција
Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, повика на директен дијалог меѓу Турција и Грција за источен Медитеран, пренесува „Екатимерини“.
„Прозорците за дијалог меѓу Грција и Турција сега мора дополнително да се отвораат, а не да се затвораат. Наместо нови провокации, конечно, потребни ни се чекори кон ублажување на тензиите и да иницираме директни дискусии“, рече Мас пред средбата со грчкиот премиер, Киријакос Мицотакис, и со својот колега, Никос Дендијас, Атина.
Мас, денеска, пред неговата посета на Атина и Анкара, потсети дека Турција и Грција се сојузници на Германија во НАТО. Планираната посета е обид да ја олесни напнатоста меѓу двата соседа и сојузниците во НАТО, која достигна опасно ниво последните недели за правата па потрага по енергетски ресурси во источен Медитеран.
Истакнувајќи дека споровите во врска со природниот гас во источен Медитеран треба да се решат на меѓународна правна основа и со чесен дијалог, Мас нагласи:
„Тензиите не влијаат само на односите меѓу Европската Унија (ЕУ) и Турција. Ескалирањето на тензиите ќе им штети на сите страни“.
Наведувајќи дека Германија го поддржува процесот на високиот претставник на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, Мас рече дека неделава во Берлин ќе се разговара за односите со Турција со министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Мировниот договор е 90 проценти завршен, но клучните десет, одлучуваат сè
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето новогодишно обраќање до нацијата изјави дека Украина сака крај на војната, но не по секоја цена. Тој нагласи дека нема да потпише „слаб“ мировен договор што само ќе го продолжи конфликтот, објави Ројтерс.
Седејќи во својата канцеларија со празнична елка во позадина, Зеленски во 21-минутен говор објавен непосредно пред полноќ рече дека Украинците се исцрпени по речиси четири години војна – подолго од германската окупација на многу украински градови во Втората светска војна.
Сепак, нагласи тој, тие не се подготвени да се откажат. „Што сака Украина? Мир? Да. По секоја цена? Не. Сакаме крај на војната, но не и крај на Украина“, рече Зеленски, облечен во традиционална украинска темнозелена кошула. „Дали сме уморни? Многу уморни. Дали ова значи дека сме подготвени да се предадеме? Секој што мисли така, длабоко греши“, додаде тој.
Зеленски предупреди дека секој потпис „ставен на слаби договори само поттикнува војна“. „Мојот потпис ќе биде ставен на силен договор. И тоа е она за што се однесува секој состанок, секој телефонски повик, секоја одлука сега“, рече тој. „Да се обезбеди силен мир за сите, не за еден ден, една недела или два месеци, туку мир со години“.
Според него, неделите дипломатија предводена од САД, вклучувајќи ги и неговите разговори со Доналд Трамп минатиот викенд во Флорида, резултираа со мировен договор кој е речиси финализиран. „Мировниот договор е 90% готов, остануваат 10%“, рече Зеленски. „Тие 10% содржат сè, тоа се 10% што ќе ја одредат судбината на мирот, судбината на Украина и Европа и како ќе живеат луѓето“.
Зеленски ги отфрли руските барања за целосно повлекување од Донбас како „измама“. „Дали некој сè уште им верува? За жал, да“, рече тој. „Бидејќи премногу често вистината се избегнува и се нарекува дипломатија, кога всушност таа е едноставно лага, облечена во деловни костуми“.
Свет
Орбан посака Европа да се врати на здравиот разум во 2026 година
Унгарскиот премиер Виктор Орбан испрати новогодишна порака до европските земји во која посака континентот да се врати на „здравиот разум“ во 2026 година, со јасна порака дека мирот мора да биде приоритет пред понатамошната ескалација на конфликтот.
„Среќна Нова Година! Нека 2026 година биде годината во која владее мирот и Европа се враќа на здравиот разум!“ напиша Орбан на Икс.
Унгарскиот премиер испрати слична порака за време на божиќните празници, нагласувајќи дека посветеноста на Будимпешта кон мирот треба да послужи како пример и поттик за остатокот од Европа, како што изјави, „да оди по вистинскиот пат“. Долго време Орбан го застапува ставот дека конфликтот во Украина не може да се реши со воени средства, туку исклучиво преку дипломатски канали, анализираат медиумите.
Во пресрет на Нова Година, тој исто така процени дека во 2026 година може да има реална можност за склучување мировен договор за украинското прашање меѓу Русија и Соединетите Американски Држави, но предупреди дека Европската Унија може да остане надвор од клучните преговарачки процеси.
Според Орбан, постои длабока дивергенција во ставовите меѓу Вашингтон и Брисел за прашање од стратешко значење – вооружен конфликт на европско тло. Тој верува дека американскиот претседател Доналд Трамп го претставува концептот за мирно решение и прекин на војната, додека институциите на Европската Унија, како што тврди, продолжуваат да инсистираат на политиката на продолжување на борбите, дури и ако Соединетите Американски Држави се откажат од директно учество.
Ставовите на Орбан, кои честопати се разликуваат од официјалната линија на Брисел, овој пат се во фокусот на европската јавност, особено во контекст на сè поизразените поделби во рамките на ЕУ во врска со понатамошниот тек кон Украина и односите со главните глобални актери.
Свет
(Видео) Нови детали за експлозијата во Швајцарија: болниците полни со повредени, полицијата ја исклучи можноста за тероризам
Според последните информации од светските агенции, во моментот на експлозијата и пожарот во барот и салонот „Ле Констелашн“, сместен во алпскиот скијачки центар Кран-Монтана во Швајцарија, во објектот имало повеќе од 100 лица. Иако капацитетот на барот бил поголем од 300 лица, точниот број на присутни во тој момент сè уште не е официјално потврден.
Во утринската изјава, полицијата изјави дека службите за итни случаи се сè уште на терен и дека е во тек обемна спасувачка операција. Голем број полициски, противпожарни и спасувачки екипи се испратени на местото на несреќата за да им помогнат на повредените. Областа околу објектот останува целосно обезбедена и затворена за јавноста, а воведена е и привремена забрана за летови над скијачкиот центар Кран-Монтана.
🇨🇭🔥🎉 ALERTE INFO – Une explosion a déclenché un incendie dans un bar de Crans-Montana (VS) lors des festivités du Nouvel An, faisant plusieurs morts et blessés graves. (Blick) pic.twitter.com/GKiGZfTETs
— SuisseAlert (@SuisseAlert) January 1, 2026
Швајцарската полиција потврди за „Скај њуз“ дека најмалку 10 лица загинале во експлозијата. Исто така, беше нагласено дека овој настан не се третира како терористички напад. Портпаролот на полицијата претходно изјави дека има „многу повредени и многу мртви“.
Експлозијата и пожарот се случија за време на новогодишната прослава во барот „Ле Констелашн“, а последиците беа тешки. Лекар од Швајцарската воздушна служба за брза помош и спасување изјави за националната телевизија РТС дека болниците се преполни со пациенти со тешки изгореници.

