Европа
Германските десничари организираа марш на жалоста во градот Кемниц

Лидерите на парламентарната партија „Алтернатива за Германија“ (АфД) и националистичкото движење Пегида облечени во црно го предводеа т.н. марш на жалоста по улиците на градот Кемниц, притоа држејќи бели ружи во рацете, пренесе агенцијата АП.
Нив ги следеле повеќе илјади луѓе, од кои многумина носеле гремански знамиња и слики од жртви кои наводно загинале во напади на мигранти.
Голем број полициски сили правеа кордон меѓу околу 4 500 десничари и присутните на контра-собирот, каде што околу 4 000 луѓе демонстрирaa против негативниот став кон странците во земјата.
Во Кемниц протести се одржуваат уште од 26 август, кога двајца мигранти, од Ирак и Сирија, убија 35-годишен Германец. Убиството предизвика масовни протести на националистичките групи како Пегида, чии припадници напаѓаа мигранти доселени во градот.
Ова пак предизвика протести на про-имигрантските антифашистички организации.
Денешниот националистички протест беше организиран од Пегида и партијата АфД, чии припадници извикуваа „Меркел мора да си оди“.
„Каде е Меркел? Патува низ Африка? Нека дојде тука“, извикуваа граѓаните на национлистичкиот протест.
Левичарски групи од градот и околината организираа контра-протест пред големиот споменик на Карл Маркс во центарот на градот, по што се обидоа да го блокираат патот на националистичките демонстранти, а полицијата мораше да ги раздели двете групи користејќи солзавец.
„Ја експлоатираат неговата смрт велејќи дека Германец бил убиен, но тој беше анти-фашист, а луѓето надвор од Кемниц не го знаат тоа“, изјавила учесничка на левичарскиот протест во врска со Даниел Хилиг, кој беше убиен од страна на двајцата мигранти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Полски европратеник си ги избриша чевлите од знамето на ЕУ, а потоа го запали

Крајнодесничарскиот европратеник и кандидат на претстојните претседателски избори во Полска, Грзегорз Браун, го запали знамето на Европската Унија во зградата на Министерството за индустрија во Катовице. Пред да го запали, си ги избриша чевлите од него.
Precz z eurokomuną! Tu jest Polska 🇵🇱 pic.twitter.com/e0PLoXlZJA
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Имунитетот на Браун му беше укинат во вторникот.
Tu jest Polska 🇵🇱 nie Bruksela! pic.twitter.com/MxGOoaufUe
— Grzegorz Braun (@GrzegorzBraun_) May 6, 2025
Полските власти ќе го гонат во врска со инцидентот од декември 2023 година кога како член на полскиот парламент тој ги изгасна свеќите за Ханука со противпожарен апарат како знак на протест против прославата на еврејскиот празник во Полска.
Европа
Две години по крунисувањето, објавени официјални портрети на кралот Чарлс и Камила

Две години по историската церемонија, објавени се официјалните портрети на крунисувањето на кралот Чарлс и неговата сопруга, кралицата Камила.
Портретите ги откриле самите крал и кралица за време на посетата на Националната галерија во Лондон.
Портретите ќе бидат изложени таму еден месец по што ќе бидат префрлени во Бакингемската палата, се вели во официјалното соопштение од палатата.
Европа
Украина: Русија нè бомбардира и покрај тридневниот прекин на огнот

Украинските власти рано утрово пријавија ново гранатирање и покрај едностраното примирје објавено од рускиот претседател Владимир Путин, кое наводно стапи на сила на полноќ.
Руските авиони постојано фрлаат наведувани бомби над северниот регионот Суми, соопштија украинските воздухопловни сили на Телеграм, предупредувајќи за континуирана воздушна активност во источен правец.
Во меѓувреме, рано утрово беа пријавени предупредувања и напади со беспилотни летала во регионот Липецк во западна Русија, според регионалниот гувернер Игор Артамонов.
Информациите дадени од двете страни не можеа независно да се потврдат.
Едностраното 72-часовно примирје прогласено од Москва стапи на сила веднаш по полноќ, според руската државна новинска агенција ТАСС. Путин го објави прекинот на огнот за време на годишната прослава на Денот на победата во Русија на 9 мај, со што се означува крајот на Втората светска војна во Европа.