Европа
Германски експерти: Вакцинацијата може да потрае некое време

Експертите од германскиот државен епидемиолошки институт „Роберт Кох“ предупредија на прекумерна еуфорија поради вакцината за коронавирус, наведувајќи дека поради различни проверки кои се неопходни, вакцинацијата може да трае повеќе од една година.
„Ќе ни треба време за попрецизна анализа на студијата за пуштање вакцини на пазарот и дури потоа ќе дадеме свое мислење, а потоа вакцината ќе биде доставена“, изјави во разговор за „Рајнише пост“ Томас Мертенс, претседател на Постојаната комисија за вакцинација на Институтот „Роберт Кох“, објави Хина.
Тој посочи дека надлежната институција во САД сè уште не дала дозвола за испорака, иако тие ја започнаа проверката многу порано.
Претседателот на Комисијата, кој дава препорака за вакцини во Германија, истакна дека вакцинирањето на германските граѓани ќе трае можеби цела следната година.
„Вакцинацијата не може да се направи за една година: ако вакцинираме 150.000 до 200.000 граѓани на ден, пет или шест дена во неделата, се разбира, под услов да ни бидат достапни вакцини, доаѓаме до заклучок дека ни требаат 100 дена за 15 милиони граѓани“, рече Мертенс.
Канцеларката Ангела Меркел изјави дека 60 до 70 проценти од населението треба да постигне имунитет на Ковид-19 или со вакцинација или со инфицирање и дека само тогаш владата може постепено да ги укине мерките како што е онаа што забранува приватни собири.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Франција воведува ПЦР-тест за сите патници што сакаат да влезат во земјата

Францускиот претседател Емануел Макрон им рече на своите колеги од Европската Унија дека Франција ќе ги направи ПЦР-тестовите задолжителни за сите патници во Франција, вклучително и другите земји на ЕУ, соопшти кабинетот на Макрон.
Прекуграничните работници и копнениот транспорт ќе бидат ослободени од таа обврска, додаде француското претседателство, пренесува „Ројтерс“.
Тестот ќе треба да се изврши најдоцна 72 часа пред поаѓањето, беше речено по видеосамитот на лидерите на ЕУ, што се одржа во четвртокот.
Европа
Шпанија пријави рекорден број од 44.357 новозаразени од коронавирус

Шпанија објави рекордни 44.357 нови инфекции со коронавирус за еден ден. Во претходните 24 часа 404 лица починаа од коронавирус во Шпанија, со што бројот на смртни случаи од инфекцијата достигна 55.000.
Просечниот број на заразени во последните 14 дена денес се зголеми на 796 од вчерашните 736 на 100.000 жители. Во Шпанија 36 проценти од креветите моментно се зафатени во единиците за интензивна нега, а во регионите Ла Риоха и Валенсија повеќе од 50 проценти. Инфекцијата е потврдена кај 2,5 милиона Шпанци, со што оваа земја е на седмата позиција во светот.
Европа
Членките на ЕУ се согласија за меѓусебно признавање на тестовите на Ковид-19

Земјите членки на ЕУ се согласија за зајакнување на употребата на брзи антиген-тестови и за меѓусебно признавање на резултатите од тестот на Ковид-19, објави Советот на ЕУ.
Советот наведува дека употребата на брзи тестови и меѓусебно препознавање на резултатите од тестовите на Ковид-19 во ЕУ се од суштинско значење за ублажување на ширењето на вирусот, како и за придонес кон непречено функционирање на внатрешниот пазар и олеснување на прекуграничното движење и лекување.
„Клучните компоненти на оваа препорака вклучуваат валидација и меѓусебно признавање на брзи антиген-тестови и RT-PCR-тестови меѓу земјите членки, размена на стандардизиран сет на податоци, изработка на заеднички список на брзи тестови на Ковид-19 и одредување приоритет за употреба на таквите тестови, се наведува во соопштението на Советот на ЕУ.
Препораката исто така вклучува одредби што се однесуваат на предизвиците на еволутивната пандемија, односно дека заедничката листа на соодветни брзи тестови на Ковид-19 треба да биде доволно флексибилна за да се додадат или отстранат оние тестови врз чија ефикасност влијаат мутациите на вирусот.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот