Свет
Германски политичари: Време е Меркел да ја објасни политиката кон Русија

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел ја осуди руската воена операција, но вели дека останува на својата одлука од 2008 година да го блокира членството на Украина во НАТО.
Угледот на Ангела Меркел е нарушен во Германија во последните недели, пишува „Телеграф“.
„По инвазијата на Украина, поранешните министри, кои служеа во нејзиниот мандат, пак, се откажаа од нејзината надворешна политика“, пишува весникот.
„Никогаш во животот не помислив дека ќе влеземе во ваква криза со Русија“, изјави Волфганг Шојбле, поранешен министер за финансии за време на мандатот на Меркел. „И мислев дека мораме да работиме со Русија. Денес знам: згрешив, сите погрешивме“.
„ Соочени сме со горчливо знаење“, рече германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер, кој беше министер за надворешни работи во времето на Ангела Меркел.
„Се задржавме на изградбата на мостови во кои Русија повеќе не веруваше и на кои нашите партнери нѐ предупредуваа. Јас згрешив, но не бев единствениот“, рече тој.
Меркел даде куса изјава во која ја осудува инвазијата на Украина, но вели дека останува на својата одлука од 2008 година да го блокира членството на Украина во НАТО. Освен тоа, таа не кажа ништо повеќе оставајќи ја Германија да размислува за нејзиното наследство, само неколку месеци по пензионирањето како една од најголемите канцеларки во германската историја.
Заменик-шефот на Бундестагот од редовите на ЦДУ, Јохан Ваделпул, на прашањето дали Меркел тотално погрешно го разбрала Владимир Путин за време на нејзините 16 години власт, рече дека е време поранешната канцеларка да објасни некои работи.
„Се надевам дека Ангела Меркел набргу ќе најде време и можност подетаљно да ја коментира својата политика кон Русија“, рече Ваделпул.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Се запалија вагони на централната станица во Загреб

Пожар избувна утрово на централната железничка станица во Загреб, при што нема повредени, соопштија полицијата и пожарникарите, кои набрзо го спречија ширењето на пожарот.
Полицијата околу 8.50 часот добила пријава за пожар на Главната железничка станица.
Како што пренесе „Индекс“, од полицијата истакнале дека според досега собраните информации пожарот избил на два некористени вагони.
За околу половина час било запрено ширењето на пламените јазици.
Свет
(Видео) Суперјахта се запали во Англија и потона

Суперјахтата се запалила и потонала на северозападот на Англија додека била закотвена. Полицијата добила дојава за пожар на брод долг 26 метри, во англискиот град Девон.
Сведоците опишаа дека слушнале тресок пред да видат огромен облак од црн чад. Засега нема информации за повредени, соопшти полицијата во Девон и Корнвол. Итната помош брзо пристигнала на местото на несреќата, а полицијата евакуирала плажа и патишта во близина.
Агенцијата за животна средина (ЕА) соопшти дека се верува дека на јахтата имало околу девет тони дизел. Портпаролот на полицијата рече дека жителите во близина треба да ги држат вратите и прозорците затворени „поради нивото на чад и испарувањето“. Тој додаде дека се уште не е позната причината за пожарот.
ЕА додава дека бидејќи јахтата сега потонала, фокусот е на загадувањето. Нејзиниот портпарол додаде дека одговорот на заканата ќе го води капетанот на пристаништето, додека агенцијата ќе дава совети и насоки за квалитетот на водата за капење.
Регион
Вучиќ и Путин денеска ќе разговараат за цената на гасот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска телефонски ќе разговара со претседателот на Русија, Владимир Путин.
Минатата недела Вучиќ најави дека разговорот ќе започне во 11 часот.
Тој во последните денови рече дека три работи му се важни во разговорот со неговиот руски колега – количината на гас, цената на гасот и безбедноста на снабдувањето.
Според претседателот на Србија, покрај договорот за гас ќе се разговара и за соработката и за сите други прашања.
Вучиќ претходно изјави дека верува оти Србија „ќе добие фер цена за гасот од своите руски партнери“.
„Се надевам дека разговорот ќе биде добар и коректен“, рече Вучиќ.