Контакт

Свет

Германски припадник на ИД имал централна улога во мрежата на напаѓачот од Виена

Објавено пред

Германски припадник на Исламската држава можеби имал централна улога во мрежата во која учествувал и виенскиот терорист, пренесуваат австриските медиуми.

Исламистот, поранешен жител на Хамбург идентификуван со иницијалите В.А., е германски државјанин кој бил уапсен и осуден во 2017 година како странски терористички борец и се верува дека се преселил во Виена во јануари годинава.

Според извештајот на австрискиот таблоид „Кронен цајтунг“, Германецот бил центарот на транснационална радикална исламистичка екстремистичка мрежа во која имало и радикали кои живеат во швајцарскиот град Винтертур, а кои беа уапсени по терористичкиот напад во Виена на почетокот на месецов.

В.А. беше уапсен пред терористичкиот напад во Виена во октомври и депортиран во Германија. Според весникот, тој преку интернет одржувал контакт со соборците- екстремисти, вклучувајќи го и напаѓачот од Виена, Кујтим Фејзула.

Истражителите сè уште ги разгледуваат обвинувањата дека тој, исто така, подготвувал терористички напад, но 22-годишникот беше опишан како „прекинувач“ за исламските радикали низ цела Европа.

За Кујтим Фејзула, исто така, се вели дека имал контакт со турски приврзаник на Исламска држава, кој е во притвор во Австрија од октомври. СМС-пораките собрани за време на истрагата на турскиот екстремист откриваат врски и со виенскиот напаѓач и со неговиот круг.

Терористичкиот напад во Виена, во кој беа убиени четири лица во центарот на градот, се случи по неколку други исламски терористички напади во Франција.

Австрискиот канцелар Себастијан Курц вети дека ќе се справи и со тероризмот и со идеологиите на политичкиот ислам по нападот и ја повика ЕУ да го стори истото. Минатата недела, Курц објави дека неговата влада ќе се обиде да ги криминализира политичките исламски идеологии со создавање нови закони за гонење на оние кои пропагираат идеи што тој ги нарече „почва за размножување“ на тероризмот.

Свет

Сингапур одобри продажба на пилешко месо создадено во лабораторија

Објавено пред

Сингапур одобри продажба на пилешко месо произведено во лабораторијата на една американска компанија, пренесува РТ.

Сингапурската агенција за храна (SFA) преку соопштение информира дека е дозволена продажба на пилешкото месо сoздадено во лабораториска средина од американската компанија „Ит џаст“ (Eat Just).

Во соопштението се наведува дека пилешкото месо произведено во лабораторијата на „Ит џаст“ е безбедно за консумирање.

Коосновачот и извршен директор на „Ит џаст“, ​​Џош Тетрик, истакна дека пилешкото месо создадено од животински мускулни клетки во лабораторија за кусо време ќе биде достапно во еден ресторан во Сингапур.

Месото прво ќе се дистрибуира до рестораните, а подоцна и до потрошувачите во малопродажба. Продукциските трошоци сѐ уште се високи бидејќи технологијата е сѐ уште во рана фаза, па и цената на ова месо ќе биде како производ од премиум квалитет.

Тетрик ја опиша иницијативата на „Ит џаст“ како значаен чекор за глобалната прехранбена индустрија и истакна дека очекуваат другите земји да ја дозволат продажбата на ова месо.

Тетрик исто така изјави дека не се користат антибиотици во процесот на производство на месото.

Прикажи повеќе...

Свет

Комеморација за жртвите од нападот во германскиот град Трир

Објавено пред

Во германскиот град Трир денеска се одржа комеморација за петмината граѓани кои загинаа, кога автомобил влета во група пешаци во пешачката зона, при што беа повредени уште 15 лица.

„ Трир жали, Трир страда, но Трир нема да падне“, рече градоначалникот на градот Волфрам Леибе на комеморацијата во близина на местото каде 51-годишниот возач го изврши ужасниот чин.

Лаибе рече дека Трир „од Втората светска војна“ не доживеал нешто толку ужасно.

На комеморацијата пред историските ѕидини на Порта Нигра, од времето на Римската империја, се собраа неколку стотици граѓани. Венецот за жртвите го положи и премиерот на сојузната покраина Рајнска област-Пфалц, Мала Дрејер.

„ Никој не можеше ни да претпостави дека вакво нешто може да се случи во Трир“, рече Дрејер.

52-годишен Германец вчера со теренско возило влета со голема брзина во пешачка зона при што загинаа пет лица, меѓу кои и девет недели старо бебе. Меѓу загинатите се 45-годишниот татко на детето и три жени на возраст од 25, 52 и 73 години. Повредени се 14 лица, од кои четири потешко.

Досега не е утврден ниту еден политички или верски мотив. Возачот на автомобилот, германски државјанин со локални корени, имал ментални проблеми во минатото и за време на трагедијата бил во алкохолизирана состојба со 1,4 промили алкохол во крвта.

Според полицијата, тој последните неколку дена ги поминал во автомобилот со кој бил извршен масакрот.

Според изјавата на Државното обвинителство, тој свесно возел по кривулестата патека со намера да убие што повеќе минувачи. Осомничениот треба да биде изведен пред истражен судија денес, кој треба да нареди притвор или пренесување во психијатриска установа.

Министерот за внатрешни работи на Рајнска област-Пфалц, Роџер Левенц изјави дека е тешко да се спречат нападите во кои автомобилот се користи како оружје.

Прикажи повеќе...

Свет

Мадуро е подготвен да се повлече ако опозицијата победи на парламентарните избори

Објавено пред

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, рече дека е подготвен да се повлече ако опозициските сили на земјата победат на парламентарните избори на 6 декември, пренесува ТАСС.

„Ако победиме, продолжуваме понатаму, но исто така треба да кажам дека мојата судбина е во ваши раце. Ако победи опозицијата, јас ќе се повлечам од функцијата претседател“, рече Мадуро во телевизискиот говор.

Тој додаде дека неговата судбина треба да ја реши народот на Венецуела.

„Ако опозицијата победи на изборите, јас повеќе нема да останам овде, мојата судбина е во рацете на венецуелскиот народ“, рече Мадуро.

Изборите за еднодомниот парламент на Венецуела ќе се одржат в недела, а за места ќе се борат 107 политички партии и здруженија. Опозицискиот блок, во кој се наоѓа партијата на опозицискиот политички Хуан Гваидо, одлучи да ги бојкотира изборите.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

ИЈЗ: Се намалува бројот на новозаболени, расте бројот на оздравени пациенти

Бројот на новозаболени со коронавирус во периодот од 23 до 29 ноември се намалува, додека расте бројот на оздравени пациенти,...

Македонија45 минути

Филипче: Го подготвуваме здравствениот систем за вакцинација за Ковид-19

Здравствениот систем го подготвуваме за вакцинација за Ковид-19. Ова ќе биде една од најголемите логистички операции која ќе треба да...

Македонија1 час

Кузеска: ВМРО-ДПМНЕ не ги исплатила долговите за 270 уметнички слики со позлатени рамки

ВМРО-ДПМНЕ е партија во стечај со блокирани сметки и замрзнати недвижности, меѓу кои и мегаломанското квази барокно здание, седиште на...

Економија1 час

Групацијата АРИКОМА ја купува компанијата „Сеавус“

Претставниците на Групацијата АРИКОМА (ARICOMA), која е дел од чешката Групација ККЦГ(KKCG) на Карел Комарек, најавуваат значаен чекор поврзан со...

Свет2 часа

Русија почна со вакцинација на војниците против коронавирус

Во Централниот воен округ на Русија почна вакцинација на војниците со вакцината против коронавирус „Спутник V“ и прво ќе се...

Регион2 часа

„Коха“: Тачи ќе го бранат пет адвокати во Хаг

Поранешниот претседател на Косово, Хашим Тачи, ќе го бранат пет адвокати пред Специјалниот суд во Хаг, пишува „Коха“. Специјализираниот совет...

Свет2 часа

Интерпол предупредува на опасноста од лажни вакцини

Интерпол предупредува дека меѓународната мрежа на организиран криминал може да се насочи кон новите вакцини против Ковид-19. Како што е...

Регион3 часа

Во Хрватска 3.539 новозаразени и 55 починати од Ковид-19

Според официјалните податоци, во Хрватска денес има 3.539 новозаразени лица со Ковид-19, а 55 пациенти починале. Хоспитализирани се 2.408 пациенти,...

Македонија3 часа

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се примени 30 нови пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 30 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно...

Македонија4 часа

ВМРО-ДПМНЕ ќе протестира во 16 града

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе протестира во 16 града. Од партијата најавија дека на протестите ќе биде испратена порака до премиерот Зоран...

Свет5 часа

Во САД повеќе од 2.500 починати од коронавирус за 24 часа

Соединетите Американски Држави во вторникот потврдија повеќе од 2.500 смртни случаи за 24 часа, што е најголем број смртни случаи...

Свет5 часа

Велика Британија ја одобри вакцината против коронавирус на „Фајзер“

Велика Британија е првата западна земја што одобри вакцина против коронавирус од производителот „Фајзер“. Британскиот регулатор, МХРА, вели дека вакцината,...

Свет6 часа

Американскиот секретар за правда: Нема докази за изборна измама

Американскиот секретар за правда, Вилијам Бар, рече дека Секретаријатот за правда не нашол докази за широко распространета изборна измама што...

Свет6 часа

Макрон: Вакцинацијата во Франција ќе почне во јануари

Францускиот претседател, Емануел Макрон, синоќа изјави дека програмата за вакцинација на коронавирус најверојатно ќе се активира на почетокот на јануари...

Македонија19 часа

Регистрирани 1.069 новозаразени, 1.242 оздравени и 29 починати лица од коронавирус

Во последните 24 часа се направени 3.012 тестирања, а регистрирани се 1.069 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје-489,...

Македонија19 часа

Со посебни протоколи ќе се отворат скијачките центри

Владата го прифати мислењето на Комисијата за заразни болести дека скијачките центри може да работат во согласност со соодветен протокол,...

Македонија19 часа

Владата предлага продолжување на кризната состојба до јуни

Владата ќе достави до Собранието предлог за продолжување на кризната состојба до јуни в година. Владата на денешната седница го...

Топ21 час

Украден паричник од покојник во ковид-центар во Скопје

Украден е паричник од маж што починал во ковид-центарот на комплексот клиники „Мајка Тереза“. Случајот вчера во полицијата го пријавил...

Македонија22 часа

Бучковски назначен за специјален претставник на Владата за Бугарија

Владо Бучковски е именуван за специјален претставник на македонската Влада за Бугарија. Поранешниот премиер е именуван на оваа позиција на...

Македонија23 часа

ЗНМ, ССНМ и СЕММ на средба со Филипче: Нема забрана за снимање, новинарите да продолжат непречено со својата работа

На барање на министерот за здравство, Венко Филипче, денеска се одржа состанок со претставници на Здружението на новинари на Македонија...

Досие