Контакт

Европа

Германците загрижени поради коронавирусот: Поопасно е отколку што мислевме

Објавено пред

Премиерот на германската покраина Баварија, Маркус Седер, изјави дека коронавирусот од ден на ден станува сè поопасен.

На прес-конференцијата по сесијата на провинциската влада во Нирнберг, Седер рече дека коронавирусот не оди на годишен одмор и дека пандемијата е процес на мутирање, па време е мерките да се приспособат на тоа.

„Коронавирусот е многу поопасен отколку што мислевме досега“, истакна Седер додавајќи дека е важно да се подигне свеста за тоа во наредните недели.

Тој се осврна, пред сè, на повратниците од одморот велејќи дека се надева оти одлуката за задолжителното тестирање е донесена навреме.

Проширувањето на списокот на ризични земји мора да биде подинамично отколку што беше во минатото“, рече баварскиот премиер.

Што се однесува до училиштето, тој вели дека доколку има случај на инфекција, тие веднаш ќе бидат затворени.

„Одлучувачки период се првите две недели. Ќе имаме обврска да носиме маски до училниците“, истакна Седер.

Тој посочи дека во наредните недели ќе се одлучи дали маската ќе биде задолжителна и за време на часовите.

Тој се осврна и на фудбалските натпревари велејќи дека е скептичен во врска со полните стадиони.

„Не можам да замислам вакво нешто во моментот“, рече Седер критикувајќи го одобрувањето на концертот во Диселдорф, на кој се планира да присуствуваат 13.000 луѓе.

„Вистинска опасност, сепак, е безгрижноста на приватните собири“, додаде Седер.

Тој рече дека сега е време земјата да се подготви за повратниците од одморите и училиштата, кои треба да почнат со часови.

Европа

Работа од дома и забрана за собирање во домовите се новите мерки на британската влада

Објавено пред

Министерот во Владата на Велика Британија, Мајкл Гоув, утрово за Би-Би-Си најави дека премиерот Борис Џонсон ќе се обрати во долниот дом на парламентот во попладневните часови и ќе објави нови рестриктивни мерки поради зголемувањето на бројот на лица кои страдаат од Ковид-19, истакнувајќи дека училиштата остануваат отворени.

Гоув исто така им порача на оние кои можат, да работат од дома.

Новите мерки предвидуваат сите пабови и ресторани да бидат затворени навечер од 10 часот, додека луѓето во Северна Ирска нема да смеат да се дружат со други во становите и домовите од 18 часот, со исклучок во дворовите.

Дозволено е да се соберат до шест лица од две домаќинства, и тоа само во градините и дворовите на приватни куќи.

Џонсон деталнно ќе претстави мерките во попладневните часови.

Прикажи повеќе...

Европа

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Објавено пред

Шведската влада нема да препорача вакцина против коронавирусот за деца на возраст под 18 години. Според шведските експерти, децата го пренесуваат вирусот на ограничен начин, па затоа не им е потребна вакцина.

Од друга страна, шведските здравствени власти им ја препорачуваат вакцината на возрасните, особено на оние кои се ранлива група и на постарите лица, пренесува Си-ен-ен.

Главниот шведски епидемиолог Андерс Тегнел објасни дека Шведска функционира на принцип на доброволна вакцина, а така било и за време на минатите пандемии кога биле вакцинирани голем број луѓе.

„Веројатно имавме најголем процент на вакцинирани во светот. На почетокот нема да биде најрелевантно да се вакцинираат деца, туку оние кои се ризична група – стари лица и оние кои работат со нив“, рече Тегнел, пренесува „Танјуг“.

Прикажи повеќе...

Европа

Во Германија повеќе од 1.800 заразени за еден ден

Објавено пред

Во последните 24 часа во Германија се регистрирани 1.821 нов случај на коронавирус, објави Институтот за инфективни болести „Роберт Кох“.

Уште десет лица починаа во последните 24 часа.

Вкупно биле заразени 274.158 лица, а починале 9.396 лица.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа34 минути

Шведска нема да ги вакцинира децата против коронавирусот

Шведската влада нема да препорача вакцина против коронавирусот за деца на возраст под 18 години. Според шведските експерти, децата го...

Македонија1 час

Училишниот час ќе трае пократко од 40 минути, постои можност и учебната година да заврши порано

Собранието вчера вечерта ги изгласа измените на Законите за основно и средно образование со кои се обезбедува непречено организирање на...

Македонија1 час

Од почетокот на пандемијата во Македонија починаа 700 лица

Од почетокот на пандемијата досега починаа 700 лица, откако вчера беше потврдена смртта на уште 7 пациенти. Меѓу починатите вчера...

Свет2 часа

„Сите мораме да соработуваме“, порачаа светските лидери на годишнината на Обединетите нации

Светските лидери за време на специјалната сесија на ООН посветена на 75-годишнината од основањето на таа организација се согласија дека...

Македонија2 часа

Собраниска седница за избор на заменик-министри во Владата

Собранието денеска треба да ја одржи 13-тата седница на чиј дневен ред е предлогот за именување на заменик-министри во Владата....

Македонија3 часа

Пендаровски: Неопходни се силни Обединети нации, реформирани и прилагодени на новата реалност

Претседателот Стево Пендаровски преку видеопорака се обрати на настанот на високо ниво, што по повод 75-годишнината од формирањето на Организацијата...

Македонија4 часа

Димитров во прва работна посета на Брисел од формирањето на новата Влада

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров, денеска ќе престојува во работна посета на Брисел, што всушност е...

Македонија13 часа

Игор Јанушев се повлече од функцијата

Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вечерва избра нови членови на Извршниот комитет на партијата. Генералниот секретар на партијата, Игор Јанушев, се...

Македонија13 часа

(Видео) Мицкоски: Предложив вонреден конгрес на кој јас нема да бидам претседател, но предлогот беше одбиен

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, предложил вонреден конгрес за избор на нов лидер, каде што тој нема да се кандидира,...

Македонија19 часа

Седум лица починаа од коронавирус, потврдени се 45 нови случаи

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 552 тестирања, а регистрирани се 45 нови случаи на...

Свет19 часа

СЗО ѝ се заблагодари на Русија за напорите за развој на безбедна и ефикасна вакцина против коронавирусот

Првата официјално регистрирана вакцина против Ковид-19, развиена од Институтот за епидемиологија и микробиологија при Научноистражувачкиот центар „Гамалеја“, сега се наоѓа...

Македонија19 часа

Пратениците на Беса го напуштија СДСМ во Собранието, но договорот за коалиција не се растура

Четворицата пратеници на партијата Беса од денеска во Собранието нема да дејствуваат како дел од коалицијата со СДСМ туку како...

Македонија20 часа

Станиците Битола 1 и Миладиновци не мерат ПМ10 оти дотраените инструменти биле извор на радијација

Мерните станици се во функција, но дел од инструментите кои ги мерат ПМ10-честичките не работат, велат од Министрството за здрава и...

Македонија21 час

Драма во Струмица: Роднини насилно го однеле телото на починат пациент, заедно со болничкиот кревет

Роднини и пријатели на пациент кој починал во струмичката болница насилно го зеле телото сосе болничкиот кревет и преку оградата...

Економија22 часа

Наместо карго-аеродром во Штип, ќе се градат училишта, водовод и канализации, соопшти Бектеши

Министерството за економија лани направило измени на Законот за јавно приватно партнерство со кој се отвора можноста средствата предвидени во...

Македонија23 часа

Од Германија екстрадиран Јетон Љужа, обвинет за убиството на Саздо

Третообвинетиот Јетон Љужа во случајот за убиството на Никола Саздовски-Саздо денеска бил екстрадиран од Германија, соопшти МВР. „Денеска од Германија...

Европа1 ден

Две волонтерки претрпеле невролошки проблеми по примањето на оксфордската вакцина

Две лица се разболеле за време на испитувањето на вакцината против коронавирусот на компанијата „Астра Зенека“ во Велика Британија, откриваат...

Економија1 ден

Сојузот на стопански комори предложи 25 мерки за економски спас

Сојузот на стопански комори на Македонија минатата недела достави 25 мерки за економски спас, кои очекува Владата да ги усвои...

Македонија1 ден

Приведено лицето кое нападна лекар на токсикологија, Филипче го осуди инцидентот

Приведено е лицето кое вчера го нападна дежурниот лекар на Клиниката за токсикологија, бидејќи го препратил неговото малолетно дете на...

Свет1 ден

Гутереш: Ширете го мирот за да се борите со коронавирусот

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, во своето годишно обраќање во Генералното собрание на светската организација истакна дека повторно ќе...

Досие