Свет
Ги изгубил изборите, а бил единствен кандидат
Иако единствен кандидат за градоначалник во малата општина Лезина – гратче од 6.000 жители, членот на партијата Лига, Примијано ди Мауро, сепак изгубил на изборите.
За да бидат важечки резултатите од локалните избори, било неопходно да гласаат најмалку 50 проценти од гласачите, но во оваа мала општина само 49 проценти од населението излегло да гласа.
Така, победата, која изгледала сигурна, со оглед дека немал конкуренција, се претворила во бизарна и најверојатно единствен пораз бидејќи немал противкандидат.
Весникот што ја пренесе оваа вест, која е во рубриката „Верувале или не“, пишува дека победиле оние што ги бојкотирале изборите, односно не го искористиле своето демократско право да гласаат.
Апстиненцијата била фаворизирана од страна на две групи локални политичари – „Поинаква Лезина“, која е блиска на партиите од десниот центар, и другата група – „Но кворум“ – по политичко уверување блиска до Демократската партија.
Бидејќи не е избрана локална влада, гратчето Лезина ќе го водат таканаречени комесари.
Поразот без противкандидат стана хит на социјалните мрежи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

