Европа
Голем удар за шпанскиот премиер, десницата победи на изборите за ЕУ
Централнодесничарската Народна партија на Шпанија (ПП) победи на европските избори во неделата освојувајќи 22 од 61 место во Европскиот парламент нанесувајќи ѝ удар на социјалистичката влада на премиерот Педро Санчез.
Социјалистите на Санчез, предводени од министерката за енергетика Тереза Рибера, освоија 20 места по кампањата во која опозицијата се занимаваше со приватните обвинувања за корупција против сопругата на премиерот и законот за амнестија на каталонските лидери донесен само една недела пред изборите.
По пребројувањето на 99,7 отсто од гласовите, крајнодесничарскиот Вокс заврши со шест претставници, повеќе од четворицата што ги имаше претходно во ЕП.
Алвисе Перез, екстремно десничарски влијателен на социјалните мрежи, кој се бори против она што тој го опишува како универзална корупција, успеа да освои три места со кампањата која главно се спроведува на апликацијата „Телеграм“.
Обединетата десница освои речиси 50 отсто од гласовите, а левицата следуваше со 43 отсто.
Гласањето на левицата беше поделено меѓу Сумар – помалиот партнер во владината коалиција, кој освои три мандати, и крајно левиот Подемос, предводен од поранешната министерка за еднаквост, Ирина Монтеро, која освои два мандата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украинците со дронови нападнаа фабрики за алкохол во Русија, објавени снимки
Украински беспилотни летала синоќа нападнаа четири фабрики во регионите Тула, Тамбов и Воронеж во Русија, соопштија руските локални власти.
Руското Министерство за одбрана тврди дека руската воздушна одбрана уништила 11 беспилотни летала над регионот Брјанск, три над регионот Белгород, два над регионот Курск, еден над регионот Тула и еден над регионот Орел.
Во Тамбовската област, украинско беспилотно летало наводно ја запалило дестилеријата Биохим во градот Расказов, според гувернерот Максим Егоров.
Според веб-страницата на Биохим, дестилеријата произведува „производи од стратешко значење за земјата“, особено етанол, растворувач кој често се користи во производството, вклучително и за експлозиви.
Во населбите Ефремов и Лужковски во областа Тула во текот на ноќта биле нападнати уште две дестилерии, изјави гувернерот Дмитриј Миљаев.
💥 Russia: Two alcohol distilleries struck by Ukrainian drones in Tula region – Efremov and Luzhkovsky. pic.twitter.com/y7sPMPfL94
— Igor Sushko (@igorsushko) October 22, 2024
Александар Гушев, гувернерот на регионот Воронеж, тврди дека нападот со дрон предизвикал мал пожар на еден од катовите на индустриското претпријатие. Нема извештаи за жртви.
Украинската војска допрва треба да ги коментира извештаите, кои не можат да бидат независно проверени. Украина започна серија напади врз воздушни бази и други воени објекти во обид да ги ослаби помоќните руски воздушни сили и да ја ограничи способноста на Москва да изврши разорни воздушни напади врз украинските градови.
Европа
Пицерија во Германија доставувала дрога: „Пицата брoj 40 беше една од најпродаваните“
Пицерија со седиште во германскиот град Дизелдорф се најде во центарот на полициската истрага за продажба на дрога.
Според германската полиција, пицеријата испорачувала пици, но и кокаин, кој на менито бил наведен како „пица број 40“. „Тоа беше една од најпродаваните пици“, соопшти германската полиција, пренесува Дојче веле.
36-годишниот сопственик на пицерија фрлил торба полна со дрога низ прозорецот штом полицијата му заѕвонила на врата. Сопственикот немал криминално досие. Два дена по апсењето, тој беше ослободен од затвор и повторно почна да ја нуди „Пицата број 40“, што им помогна на полицајците да идентификуваат други алки во синџирот.
Покрената е акција во која се уапсени 15 лица, од кои тројца се осомничени за набавка на дрога. Запленети се 1,6 килограми кокаин, 400 грама канабис и 268.000 евра во кеш. Во истрагата учествувале 150 полицајци.
Европа
Руските сили ги враќаат изгубените територии: мапите покажуваат дека Украинците ги губат клучните позиции
Руските трупи продолжуваат да ги напаѓаат украинските сили во Курск, а мапите го покажуваат развојот на операцијата на Русија за враќање на изгубената територија два и пол месеци откако Киев ја започна својата офанзива.
Американскиот институт за проучување на војната во неделата соопшти дека географските снимки го покажуваат напредокот на Украина северно од Суџа, град кој Киев го зазеде набргу по пробивањето на слабо одбранетиот руски дел од границата на 6 август.
Минатиот месец, украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека операцијата Курск била „успешна“, иако руските сили истовремено напредувале во украинскиот регион Доњецк.
Киев тврдеше дека зазел околу 1.300 квадратни километри територија. Иако одговорот на Русија се сметаше за бавен, командантот на украинските вооружени сили Олександр Сирски рече дека Москва испратила 50.000 војници во регионот, што ги ослабна нејзините операции во источна Украина.
Мапите објавени од институтот со седиште во Вашингтон покажуваат промени во регионот Курск во текот на изминатата недела, при што една графика од 20 октомври покажува зголемен руски напредок во споредба со ситуацијата на 13 октомври.
Ukrainian forces recently advanced in the western part of the Kursk Oblast salient.
Russian forces advanced west of Kreminna, southeast of Pokrovsk, and southeast of Kurakhove (west of Donetsk City).⬇️ https://t.co/iGwTVBpa8G pic.twitter.com/6hPKGYXN4o
— Institute for the Study of War (@TheStudyofWar) October 22, 2024
Нападите беа насочени кон Суџа и околните области, како и Коренево на северозапад, каде Москва напредуваше и ја врати територијата која претходно беше контролирана од Украина.
Претходната карта ги покажа тврдењата на руски извори дека нивните војници ја зазеле Љубимовка.
Украинскиот телеграмски канал DeepState ја објави својата најнова мапа, на која е прикажан и рускиот напредок во Курск. Тие објавија и снимки од беспилотни летала на кои, како што велат, се гледа како девет членови на 36-та поморска бригада на Украина се борат против руските снајперисти додека се обидуваат да ги евакуираат своите другари кои беа опколени.
Финскиот воен аналитичар, Емил Кастехелми, изјави за Newsweek дека руските трупи најверојатно се побројни од украинските војници, што значи дека Киев „не може да продолжи со ефективни офанзивни операции кои брзо ќе ја прошират областа под контрола“.
– Во својот врв, Украина контролираше површина од приближно 1.200 квадратни километри. Во моментов контролира околу 700 квадратни километри, што значи дека Русите доста успешно ги изведоа своите контранапади – изјави Кастехелми.
Иако Русија мораше да премести војници во Курск, Кастехелми додаде дека „На Украина веројатно и се потребни силите поврзани со операцијата Курск повеќе отколку на Русија“.
Во меѓувреме, Сирски објави на Телеграм дека ги посетил украинските војници во Курск, како и единиците кои дејствуваат во соседниот регион Суми и посочи дека разговарал со командантите на бригадите и помогнал да се реши проблемот.