Свет
Го изгубив чувството за вкус: кралот Чарлс се отвори и откри детали од битката со ракот
Кралот Чарлс денеска го посети музејот на воздухопловните сили во Хемпшир.
Британскиот крал Чарлс Трети денеска откри дека го изгубил чувството за вкус за време на лекувањето од рак.
Чарлс ѝ ја откри оваа информација на јавноста додека беше на обиколка на музејот на воздухопловните сили во Хемпшир.
Монархот разговараше со ветеранот на британската армија, Арон Мепплбек, кој му кажа на Чарлс дека минатата година бил подложен на хемотерапија поради рак на тестисите.
Мејплбек му спомнал на кралот дека го изгубил сетилото за вкус, на што Чарлс открил дека тоа му се случило и нему, пишува „Дејли мејл“.
Бакингемската палата сѐ уште не ги потврдила деталите за третманот на кралското семејство.
Инаку, извори блиски до кралското семејство велат дека принцот Хари бил „во солзи“ кога британскиот крал Чарлс му ја соопштил новата титула на својот брат принцот Вилијам.
Експертот за кралското семејство, Том Квин, рече дека додека војводата од Сасекс се вратил во Велика Британија оваа недела на 10-годишнината од игрите „Инвиктус“ набргу по слетувањето во Лондон, било откриено дека кралот Чарлс бил премногу зафатен за да го прими својот син.
А потоа, само неколку часа по потврдата дека кралот Чарлс нема да се сретне со принцот Хари, Бакингемската палата објави дека кралот ќе му ја додели на принцот од Велс воената чест што требаше да ја добие војводата од Сасекс, пренесува „Мирор“.
Принцот Вилијам сега е главен полковник на кралските воздухопловни сили, полкот во кој принцот Хари служел во Авганистан.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Ирак: Соборен дрон кај меѓународниот аеродром во Багдад
Ирачките власти соопштија дека дрон бил соборен во близина на меѓународниот аеродром во Багдад, без жртви или материјална штета, јави Анадолу.
Во соопштение пренесено од Ирачката новинска агенција (ИНА) се наведува дека леталото било пресретнато на надворешниот периметар на аеродромот.
Генерал-потполковник Саад Маан изјавил дека станува збор за мало беспилотно летело и потврдил дека нема човечки или материјални загуби.
Овој развој на настаните доаѓа откако претходно во Ербил, на северот на Ирак, се слушнале експлозии по напад со дрон насочен кон американскиот конзулат и градскиот аеродром, каде биле активирани системите за противвоздушна одбрана. Дроновите биле пресретнати, но нема потврда за нивниот точен број.
Свет
(Видео) Нови снимки од Бејрут: Хотел тешко оштетен во израелски напад
Нови снимки од либанската престолнина Бејрут покажуваат сериозни оштетувања на хотел во населбата Хазмие, источно од центарот на градот, додека израелските напади продолжуваат.
На снимките се гледа тешко оштетена фасада на хотелската зграда по нападот.
Hazmieh now pic.twitter.com/Q1lN9MoKlC
— Pheebs (@galpalpheebs) March 4, 2026
Фото: ЕПА
Свет
Мерц: Трамп ме увери дека американската војска ќе остане во Германија
Американскиот претседател Доналд Трамп потврдил дека САД планираат да ја задржат својата воена присутност во Германија, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц по средбата со него во Белата куќа.
„Трамп уште еднаш ме увери дека САД имаат намера да ја задржат својата воена присутност во Германија“, изјави Мерц во Вашингтон, додавајќи дека тоа се добри вести.
Во последните месеци се шпекулираше дека, поради критичкиот став на Трамп кон Европа, би можело да дојде до повлекување на американските трупи од Германија.
Мерц рече дека со Трамп разговарале и за подобра организација на заедничкото одвраќање пред самитот на НАТО во Анкара во јули.
Тој додаде дека Трамп признал дека Германија презела водечка улога во зајакнувањето на европскиот столб на НАТО и дека САД го почитуваат германското вложување во војската.

