Контакт

Европа

Граната фрлена во прифатилиште за деца бегалци во Мадрид

Објавено пред

Единицата за експлозиви на мадридската полиција деактивира граната, која вчера некој ја фрлил преку ѕидот на Центарот за грижа на децата мигранти.

Гранатата била пронајдена вчера наутро на локација во близина на центарот на Мадрид, во областа Хорталеза.

Полицијата соопшти дека станува збор за граната што содржи мала количина експлозив и често се користи во вежби.

По евакуацијата на детскиот центар за бегалци, специјална единица извршила контролирана експлозија.

Во центарот за децата бегалци во Мадрид има десетици малолетни лица, пренесуваат светските медиуми.

Шпанските власти информираа дека го истражуваат инцидентот.

Европа

Паника во Франција поради Кинезинка која се пофалила дека ја измамила аеродромската контрола

Објавено пред

Кинеската амбасада во Париз соопшти дека пронашла жена од Вухан, која на социјалните мрежи објавила дека зела апчиња за намалување на температурата за да ги помине здравствените контроли на аеродромот.

Амбасадата потврди дека нејзините симптоми сега се под контрола.

Жената го напуштила Вухан пред да бидат суспендирани летовите поради новиот корона вирус, од кој досега починаа 26 лица, но термометрите веќе постоеле на аеродромите.

Таа на социјалните мрежи објавила фотографии од вечерата во ресторан во Лион, јавува Би-би-си.

„Пред да заминам имав слаба треска и кашлица. Се исплашив до смрт и побрзав да земам лек за да ја намалам температурата. За среќа, успеав да ја спуштам и да излезам без проблем“, напишала жената на социјалната мрежа.

Нејзината објава бргу се раширила и бил критикуван од многу корисници.

Кинеската амбасада во Париз соопшти дека добиле повици и имејлови за жената што зела антипиретици и дека биле во контакт со неа и ѝ советувале да се јави на лекар.

Во новата изјава од амбасадата се вели дека температурата на жената е под контрола, дека таа веќе нема треска, ниту симптоми на настинка и дека нема потреба од нови испитувања.

Прикажи повеќе...

Европа

Смртоносниот корона вирус стигна во Европа, четири лица во карантин во Шкотска

Објавено пред

Корона вирусот пристигна и во Европа. Британските медиуми пренесуваат дека најверојатно корона вирусот стигнал во Велика Британија, каде четворица кинески патници се сместени во болница во Шкотска со симптоми слични на грип.

Се верува дека неименуваните патници дошле од Вухан, градот од каде се шири епидемијата на новиот вирус, од кој досега починаа 17 луѓе, а потврдени се над 600 заболени.

На двајцата Кинези им се напаравени тестови кои, како што се наведува, до сега не го исклучиле корона вирусот, пренесе „Дејли мејл“ и додава дека пациентите се во изолација во Универзитетската болница на кралицата Елизабета во Глазгов.

Според информациите кои ги пренесуваат британските медиуми, пациентите стигнале во Лондон минатата недела, пред да заминат за Шкотска.

Прикажи повеќе...

Европа

Две лица со симптоми на корона вирусот примени во болница во Шкотска

Објавено пред

Двајца кинески државјани итно биле примени во болница во Глазгов, Шкотска, кога им биле дијагностицирани симптоми што може да укажуваат дека се заболени од корона вирус, пренесуваат шкотските медиуми.

Според неофицијални информации, пациентите неодамна пристигнале во Шкотска од кинескиот град Вухан, кој е епицентар на епидемијата на опасниот вирус од кој починаа најмалку 25 лица.

Според локалните медиуми, лекарите досега не успеале да го исклучат корона вирусот кај примените пациенти.

Итните прегледи се во тек, а пациентите за кои се верува дека се заразени со опасниот вирус се во целосна изолација. Изворите уверуваат дека лекарите ги презеле сите неопходни мерки за да го спречат можното ширење на заразата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија36 минути

Поднесено обвинение за Емил Јакимовски за семејно насилство и закани кон новинарката Мери Јордановска

Скопското Обвинителство поднесе обвинение против Емил Јакимовски, поранешен вработен во Централниот регистар, за семејно насилство и закани упатени кон новинарката...

Македонија1 час

Заев: ВМРО-ДПМНЕ да го прифати законот за Јавното обвинителство и да се надмине себе си

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, побара од ВМРО-ДПМНЕ да се надминат себе си и да го прифатат законското решение за...

Македонија2 часа

Поповска: Во институциите има луѓе заинтересирани за бизнис со отпад, увозот не се врши контролирано

Пратеничката од ДОМ, Лилјана Попвска, која е една од иницијаторите на законот за забрана за увоз на отпад, рече дека...

Македонија2 часа

УХМР објави оглас за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди

Управата за хидрометеоролошки работи го објави јавниот оглас „Услуги за модификација на време со авионско засејување“. Се работи за нов...

Свет4 часа

Словачки министер пијан демолирал кинески ресторан, најави оставка

Словачкиот министер за животна средина објави дека поднесува оставка кога наводно пијан со својот брат учествувал во демолирање кинески ресторан...

Свет5 часа

Вухан гради болница за заболените, планира да ја заврши за 5 дена

Градот Вухан, кој е жариште на новиот корона вирус, забрзано гради болница со 1.000 кревети за лекување на заразените пациенти....

Македонија5 часа

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во посета на земјава

Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, денеска ќе допатува во посета на Македонија. Мишел ќе оствари средби со високи претставници...

Свет16 часа

Гутереш: Ја губиме војната против климатските промени, постои закана за опстанок на човештвото

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш оцени денеска во Давос дека светот продолжува да ја губи војната против климатските промени....

Свет17 часа

Вирусната болест во Кина не е вонредна глобална здравствена ситуација

Во седиштето на Светската здравствена организација, во Женева, беше одржан состанок на кој е одлучено дека вирусната болест во Кина...

Регион18 часа

(Видео) Маж се самоуби пред парламентот во Белград

Непознат маж, на околу 50-годишпна возраст, изврши самоубиство вечерва пред зградата на Собранието во Белград, соопшти српската полиција, пренесуваат српските...

Македонија20 часа

(Видео) Стаменковска: Фрчат дисциплински за тие што не се блиски до СДСМ, човек беше казнет што не вклучил греалка

Фрчат дисциплински постапки, незаконски распределувања и се подговуваат откази на административци кои не се партиски истомисленици на СДСМ, за да...

Европа21 час

Смртоносниот корона вирус стигна во Европа, четири лица во карантин во Шкотска

Корона вирусот пристигна и во Европа. Британските медиуми пренесуваат дека најверојатно корона вирусот стигнал во Велика Британија, каде четворица кинески...

Македонија22 часа

(Видео) Со хипотека на имот од над 3 милиони евра, Камчев бара да му се вратат пасошите

Орце Камчев понудил хипотека на недвижен имот од над 3 милиони евра, за да му се вратат македонскиот и бугарскиот...

Македонија22 часа

(Видео) Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со Чулев

Таткото на исчезнатиот Арбен Аслани бара средба со техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев. Бекир Аслани вели дека и...

Македонија24 часа

ЕСЧП пресуди во корист на детето со попреченост, кое беше врзувано за кревет – државата системски потфрлила

Хелсиншкиот комитет за човекови права во 2015 година, во име на малолетниот Л. Р., лице со повеќекратна попреченост, поднесе апликација...

Топ1 ден

Скопјанец со тупаници го тепал едногодишното дете на својата партнерка

Триесет и четиригодишен скопјанец е обвинет дека физички го малтретирал едногодишното дете на својата партнерка. Според истрагата, тој го тепал...

Свет1 ден

Во Кина прогласен најголемиот карантин во историјата

Кинеските власти во средата прогласија најголем карантин во историјата за да спречат ширење на новиот корона вирус за кој во...

Свет1 ден

Си-ен-ен: Откриен е изворот на корона вирусот

Изворот на новиот корона вирус, кој се појави во Кина, би можеле да бидат змиите кинеска кобра и кинески краит,...

Македонија1 ден

(Видео) Бојан Јовановски: Не играјте си со мојот живот, 55 пати сум носен во болница

Педесет и петпати сум носен во болница. Пред малигнитет сум. Ве замолувам, не играјте си со мојот живот, изјави денеска...

Свет1 ден

Кинеското министерство: Автобусите и траектите повеќе не одат во Вухан

Кинеското Министерство за транспорт го прекина целосно автобускиот и траектниот сообраќај кон градот Вухан поради епидемијата на вирусот корона, од...

Досие