Свет
Гретa Тунберг повика на климатски протест во Глазгов: „Нема повеќе бла, бла, бла“
Шведската активистка Грета Тунберг повика на протест во Глазгов, каде што е во тек самитот за климатски промени.
„Времето истекува. Промената нема да дојде од конференции како COP26, освен ако има голем јавен притисок надвор. Дојдете на климатскиот штрајк овој петок и климатскиот марш в сабота за да се слушне вашиот глас. Заедно сме посилни“, напиша таа на Твитер.
Во понеделникот во Лондон се одржа митинг, на кој активисти за заштита на животната средина изјавија дека светските лидери на самитот COP26 само се преправале дека сериозно ги сфаќаат климатските промени.
„На самитот има само политичари и моќници кои се преправаат дека сериозно ја сфаќаат нашата иднина. Велиме нема повеќе ‘бла бла бла’, нема повеќе експлоатација на луѓето, природата и планетата“, рече Грета во понеделникот.
Самитот се одржува во Глазгов од 31 октомври до 12 ноември, а целта е земјите да се обединат во забрзување на акциите за реализација на целите од Парискиот договор и Рамковната конвенција на ОН за климатски промени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

