Контакт

Свет

Групата на Јеховините сведоци останува забранета во Русија

Објавено пред

Групата Јеховини сведоци останува забранета во Русија, нејзиниот статус не е изменет законски, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува „Спутник“.

„Организацијата сè уште е забранета во Русија, сè уште е на списокот на забранети организации, така што нема што повеќе да се каже“, рече Песков.

„Прашањето беше разгледано, се разбира, откога претседателот беше прашан за тоа. Како резултат на тоа не беа направени никакви измени или дополнувања на законот“, додаде портпаролот.

Руските истражители неодамна изјавија дека отвориле кривична истрага за групата бидејќи нејзиното седиште во Русија ја продолжило својата работа. Песков во вторникот најави дека ќе дознае повеќе за ситуацијата.

Според „Москоу тајмс“, повеќе од 400 Јеховини сведоци се обвинети или осудени во Русија откако земјата ја забрани верската група како екстремистичка организација пред три години.

Од забраната во април 2017 година донесена од страна на Врховниот суд на Русија, полицијата извршила рација во домовите на 1.166 семејства на верници, велат Јеховините сведоци. Отворени се 175 кривични случаи за екстремизам против верниците од крајот на октомври 2020 година, 148 од нив сè уште се во тек.

Повеќе од половина од 400 верници поминале од неколку дена до три години во притвор додека чекале судење. Околу 310 ги загубиле своите работни места, деловните активности, пензиите и банкарските сметки како резултат на етикетата екстремист. Четворица Јеховини сведоци починале додека биле под истрага.

Комесарот за човекови права на претседателот Владимир Путин сугерира дека законодавството за екстремизам во Русија е во судир со уставното право за практикување каква било религија.

„Хјуман рајтс воч“ ги повика руските власти веднаш да ги ослободат притворените Јеховини сведоци, да ги отфрлат обвиненијата и да ги избришат сите поврзани кривични досиеја.

 

Свет

Се удавија 43 мигранти на пат кон Европа

Објавено пред

Најмалку 43 мигранти од Западна Африка се удавија крај брегот на Либија, откако се преврте нивниот брод на пат кон Европа. Десет преживеани мигранти се спасени и безбедно се префрлени од крајбрежната стража во Зуара, потврдија од Меѓународната организација за миграција (ИОМ) и Високиот комесаријат за бегалци на ООН (УНХЦР).

Агенциите на Обединетите нации повикаа на повторно активирање на државните операции за пребарување и спасување во Средоземното Море и да се спречи за враќањето на мигрантите во „небезбедни пристаништа“. Либија е главната рута за мигрантите кои сакаат да стигнат до Европа.

Прикажи повеќе...

Свет

Кина воведе санкции кон 28 лица од администрацијата на Трамп

Објавено пред

Кина воведе санкции за 28 лица од Америка, вклучително и официјални лица од поранешната администрација на Трамп, обвинувајќи ги за кршење на кинескиот суверенитет. Меѓу оние на кои им беа изречени санкции е и Мајк Помпео, пренесува Блумберг.

Како што наведуваат, причината за тоа се „бесмислени постапки со кои опасно се вмешале во внатрешните работи на Кина“, објави кинеското Министерство за надворешни работи.

„Овие лица и членови на нивните семејства не можат да влезат на територијата на Кина, Хонгконг и Макао. Исто така, на нивните компании, институции поврзани со овие лица, им е забрането да имаат какво било деловно работење со Кина”, се вели во соопштението на Министерството.

Кина ја објави оваа информација по инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден.

Прикажи повеќе...

Свет

Холандија бара забрана за летови поради новиот вид коронавирус

Објавено пред

Холандската влада бара воведување полициски час и забрана за летови од Велика Британија, Јужна Африка и Јужна Америка со цел да се спречи ширењето на нова, позаразна варијанта на вирусот, којашто е причина за најмалку една од 10 инфекции во земјата.

Премиерот Марк Руте изјави дека владата ќе побара забраната за летови да стапи на сила в сабота и да трае еден месец.Бидејќи неговиот кабинет има технички мандат, откако минатата недела поднесе оставка, тој ќе мора да ги убеди пратениците да го поддржат воведувањето полициски час од 20:30 до 4:30 часот.

Дебатата во парламентот се очекува утре, а Руте апелираше за поддршка велејќи дека земјата е „во клучен момент за безбедноста и јавното здравство“. Коалициската влада на Руте, која поднесе оставка во петокот, поради скандалот во кој илјадници семејства беа неправедно обвинети за проневера на додатоци за деца, ќе остане на функцијата сè додека не се формира нова коалиција по општите избори на 17 март.

Доколку парламентот го одобри полицискиот час, Холандија ќе им се придружи на другите земји на Европската Унија во кои тој веќе е на сила, како што се Белгија, Франција, Италија, Грција и делови од Германија.

„Тоа е тешка мерка“, рече Руте. Тој посочи дека никој не сака полициски час, но дека ситуацијата е многу лоша.

Холандија е во карантин веќе еден месец и ќе остане така барем до 9 февруари, но и покрај намалувањето на инфекциите, владата соопшти дека е принудена да преземе построги мерки поради закана од новиот вид  коронавирус.Холандија е последната земја во Европската Унија која започна со вакцинација, а досега само 100.000 луѓе ја примиле првата доза.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет10 часа

Кина воведе санкции кон 28 лица од администрацијата на Трамп

Кина воведе санкции за 28 лица од Америка, вклучително и официјални лица од поранешната администрација на Трамп, обвинувајќи ги за...

Свет12 часа

(Видео) По силната експлозија во Мадрид, една зграда е уништена, три лица загинаа

Една зграда е уништена, а околните згради се оштетени од силната експлозија којашто се случи недалеку од туристичката атракција Пуерта...

Свет13 часа

(Видео) Бајден положи заклетва: Победи демократијата

„Ова е ден на Америка, ден на демократија. Денес го славиме триумфот не на кандидатот, туку на пораката. Се слушна...

Македонија13 часа

Заев: Пописот е статистички процес неопходен за креирање на долгорочни развојни економски политики

„Остануваме целосно посветени на успешното спроведување на пописот, на неговата афирмација во делот на спроведување и поддршка на самиот попис....

Спорт15 часа

Финишот на полувремето кобен за Македонија, пораз од Словенија со 21-31

Добрите две третини од првиот дел од мечот меѓу Македонија и Словенија во рамки на главната фаза од ракометниот Мундијал...

Економија15 часа

Стратешкиот чешки инвеститор Групацијата АРИКОМА најавува продолжување на инвестициите во ИТ- експерти во Северна Македонија

На денешната прес-конференција присуствуваа претседателот на Владата на Република Северна Македонија, г. Зоран Заев, амбасадорот на Република Чешка во Република...

Македонија15 часа

72 нови случаи на Ковид-19, починаа 13 лицa

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 793 тестирања, а регистрирани се 72 нови случаи на...

Свет16 часа

(Видео) Трамп го одржа својот последен говор како претседател: Ќе се вратиме во некоја форма

Трамп последен пат ѝ се обрати на јавноста во својство на претседател на САД во воздухопловната база „Ендрус“, каде што се...

Македонија16 часа

Заев: Од функционерите прв треба да се вакцинира Филипче, па по него – јас

Премиерот Зоран Заев најави дека ќе ја прими вакцината за заштита од Ковид-19 веднаш по министерот за здравство, Венко Филипче,...

Македонија17 часа

Судскиот совет ја разреши Татјана Михајлова поради несовесно работење

Судскиот совет ја разреши судијката Татјана Михајлова од судиската функција поради нестручно и несовесно работење. Постапката против неа се водела...

Свет19 часа

(Видео) Во Вашингтон поставени железна ограда и бетонски блокови – „Ова потсетува на Багдад“

Инаугурацијата на Џо Бајден за претседател на Соединетите Американски Држави ќе се одржи денеска напладне по локално време, односно во...

Свет20 часа

Русите тврдат дека нивната вакцина „епивакорона“ обезбедува стопроцентна заштита

Втората руска вакцина против Ковид-19 обезбедува стопроцентна заштита, соопшти здравствениот регулатор „Роспотребнадзор“, врз основа на резултатите од клиничките испитувања, објави...

Македонија21 час

ИЈЗ: Намален бројот на нови позитивни случаи, зголемен бројот на оздравени лица

Во периодот од 11 до 17 јануари е забележано намалување на бројот на нови позитивни случаи и на процентот на позитивни...

Топ21 час

МВР го пронајде тетовецот кој објави видео како незаконски поминува на наплатна рампа

Тетовската полиција го расчисти случајот со видео-клипот кој неодамна преку социјалната мрежа „Тик-ток“ се појави во јавноста, а се однесува...

Свет22 часа

(Видео) Кина гради голем камп за карантин

Кина забрзано гради огромен камп за карантин, кој може да прими над 4.000 луѓе, пишува Си-ен-ен. Десетици милиони луѓе во...

Свет22 часа

Џо Бајден денеска ќе стане 46. претседател на САД

Џо Бајден денеска ќе положи заклетва како 46. претседател на САД. За разлика од претходните церемонии, традиционалните говори, настапи и...

Македонија23 часа

Во делови од Македонија почувствуван земјотрес со епицентар во Албанија

Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 4,0 степени во соседна Албанија бил почувствуван во делови од државата синоќа околу 3.29...

Свет1 ден

Германија воведува уште построги мерки до 14 февруари

Германија ќе воведе уште построги мерки на заклучување и нивно продолжување до 14 февруари. Канцеларката Ангела Меркел се состана со...

Свет1 ден

ЕУ очекува до лето да биде вакцинирано најмалку 70 проценти од населението

Земјите од Европската унија треба до лето да имаат за цел да вакцинираат најмалку 70 проценти од нивната возрасна популација,...

Македонија2 дена

Матурантите ќе го бојкотираат почетокот на второто полугодие

Средношколскиот сојуз ги повика матурантите да го бојкотираат почетокот на второто полугодие кое стартува во четврток. Како образложение го наведуваат...

Досие