Контакт

Европа

Грчки нуркачки клуб спасува мигранти од брегот на Грција

Објавено пред

На грчкиот остров Самос, група локални нуркачи кои формираа аматерски клуб за да уживаат во истражување на водите на Егејот, сега спасуваат мигранти во опасност од давење, пренесува „Еуроњуз“.

Кога се приближува брод со имигранти, работените на пристаништето ги известуваат нуркачите, кои досега спровеле околу 180 операции за пребарување и спасување на мигранти – понекогаш и за време на невреме.

„Ние се наоѓаме на источната страна на островот … каде што обично пристигнуваат бегалците кои доаѓаат од турскиот брег“, објасни Никос Цумакис, член на нуркачкиот клуб „Самос“.

И покрај тоа што се неплатени доброволци, нуркачите стојат на располагање 24 часа на ден и веќе имаат спасено 1.800 луѓе и пронајдено 49 тела.

„Кога одиме да им помогнеме на бегалците и да ги пронајдеме мртвите деца, во нивните очи ги гледаме душите и очите на нашите деца“, рече нуркачот Стелиос Хациандреу, кој има три ќерки.

„Многу е тешко, но … ќе продолжиме“.

Европа

Најмасовен протест во Прага од Кадифената револуција досега

Објавено пред

Десетици илјади Чеси протестираа во неделата во Прага, барајќи оставка на премиерот Андреј Бабиш, што е најголем израз на општествено незадоволство од 1989 година, кога со Кадифената револуција беше соборена комунистичката власт.

Според агенцијата „Ројтерс“, собирот во паркот Летна претставува кулминација на серија демонстрации против Бабиш кои се одржаа во текот на изминатата недела. Премиерот се соочува со истрага за наводна измама и конфликт на интереси.

Организаторите објавија дека на протестот присуствувале околу 250.000 луѓе од целата земја, но оваа бројка не е официјално потврдена.

Учесниците на протестот носеле транспаренти со порака „Поденси оставка“, „Доста ни е“ и вееле знамиња на Чешка и ЕУ.

Во април полицијата предложи милијардерот Бабиш, кој го споредуваат со американскиот претседател, Доналд Трамп, да биде официјално обвинет за измама кога пред 10 години искористил субвенции од ЕУ за изградба на хотели и конференциски центар во близината на Прага.

Бабиш ги отфрла ваквите обвиненија.

Прикажи повеќе...

Европа

Пораст на бројот на припадници на екстремната десница во Германија

Објавено пред

Германската кацеларија за заштита на уставниот поредок минатата година забележала пораст на казнените дела кои имаат поврзнаст со радикалната десница, јавува Билд. Канцеларката Ангела Меркел повика на борба против екстремната десница.

,,Бројот на луѓе кои приѓаат на екстремната десница е во пораст. Во 2018 година се евидентирани 24.100 членови како е за стотина поеќе во споредба со 2017 година”, пишува Билд повикувајќи се на годишниот извештај на Канцеларијата за заштита на уставниот поредок, кој треба официјално да биде објавен следната недела.
        
Во исто време се зголемил бројот на насилни кривични дела од 28 во 2017 година, на 48 во 2018 година. Како главна цел на нападите на естремната десница се наведуваат две групи во општеството: бегалците и муслиманите. Исто така и политичарите сè повеќе се цел на напади на екстремната десница.

Прикажи повеќе...

Европа

Тројца загинати и 27 повредени во пожар во Париз

Објавено пред

Три лица загинаа, а 27 се повредени во пожар во Париз. Според француските медиуми, огнот избувнал изутринава околу пет часот изутрина во една зграда во улицата Немур.

Две од жртвите изгореле во пожарот, додека третата жртва се задушила од чадот.

Дваесет и седум лица, меѓу кои има и пожарникари се повредени во огнената стихија која зафатила шесткатница во која има и ресторан. Во гасењето на пожарот се мобилизирани  200 пожарникари.

 

 

Прикажи повеќе...

Најново

Топ38 минути

Камион поклопи маж при истовар на стока

Педесетиседумгодишен маж од село Скудриње вчера почина откако бил поклопен од неговиот камион „ТАМ“. Несреќата се случила кога камионот се...

Регион2 часа

Напнато во Медитеранот, грчките воени сили во состојба на готовност

Грчките вооружени сили се во состојба на готовност поради продолжување на можниот турски „провокативен“ настап во источниот Медитеран, пишува грчкиот...

Регион2 часа

(Видео) Во Банат падна град со големина на тениско топче

Само во Белград во попладневните часови за помалку од час и половина падна повеќе дожд од просекот за месец –...

Регион3 часа

(Видео) Белград под вода, бликнаа ,,фонтани” на улиците

Невреме проследено со пороен дожд, а во некои места и град со големина на тениски топчиња, го погоди северниот, западниот...

Свет3 часа

Ердоган и ја честиташе победата на опозицијата, на улиците еуфорично се славеше

Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган му ја честита на кандидатот на опозицијата Екрем Имамоглу победата на повторените избори за...

Македонија14 часа

,,Октомври е близу, наскоро ќе добиете датум”, порача Вајгл

Тројката европратеници Едвард Кукан, Кнут Флекенштајн и Иво Вајгл, доцна вечерва заедно со претседателот на Собранието, Талат Џафери, од законодавниот...

Топ16 часа

Трагедија во Битола – ја убил сопругата, по што се застрелал

Убиство и самоубиство се случи попладнево во Битола. По расправија, маж ја застрелал сопругата по што си го одземал животот....

Регион17 часа

Топлотен бран и се заканува на Европа со температури над 40 степени

Европејците следната недела ги очекува топлотен бран со температури кои ќе достигнат над 40 степени, кои се невообичаени за јуни,...

Македонија22 часа

Нови министри во Владата се Димковски, Нуредини, Исмаили и Милевски

Премиерот Зоран Заев, денеска од Валандово, го соопшти предлогот со имињата за нови министри како дел од реконструкцијата на Владата...

Македонија22 часа

(Видео) За 24 часа регистрирани два случаи на незаконско исфрлање медицински отпад

Инспекторатот на град Скопје и Државниот санитарен и здравствен инспекторат, по дојава од граѓани, на 20.06.2019 и 21.06.2019 извршија вонреден...

Македонија22 часа

Заев ќе биде и министер за финансии и премиер

Премиерот Зоран Заев го соопшти предлогот на новите имиња на министри, што ќе го достави до Собранието во текот на...

Македонија22 часа

(Видео) Учесниците на Парадата на гордоста ќе бидат безбедни, гарантира МВР

Организаторите на првата парада на гордоста која треба да се случи идниот викенд во Скопје, заедно со портпаролот на МВР,...

Свет24 часа

Ким Џонг-ун доби „одлично“ писмо од Трамп

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун, доби лично писмо од американскиот претседател Доналд Трамп, објавија државните медиуми. Ким го пофалил...

Регион1 ден

Повторни избори за градоначалник во Истанбул

Граѓаните на Истанбул денеска повторно избираат градоначалник, откако беа поништени претходните изборни резултати, од изборите на 31 март. На претходните...

Свет1 ден

САД изведоа хакерски напади врз одбранбениот систем на Иран

САД изминатата недела извеле компјутерски напади на иранскиот систем за лансирање ракети и на шпионската мрежа, по што Техеран го...

Топ1 ден

Кривична против 18-годишник поради дистрибуција на детска порнографија

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе кривична пријава против Б.М.(18) од село Русиново, беровско, поради постоење основи на сомнение...

Свет2 дена

(Видео) Трамп му се закани на Иран со уништување ако дојде до војна

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не сака војна, но го предупреди Иран дека ако дојде до војна ќе се...

Топ2 дена

Свирепо убиство на уличен продавач на девизи во Струмица, убиецот зад решетки

Министерството за внатрешни работи во координација со јавното обвинителство информира дека го расчистиле случајот со пронајденото тело во метално буре...

Македонија2 дена

Дипломатскиот кор на филџан кафе и чај во Скопската чаршија

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, заедно со заменик – градоначалникот на град Скопје, Енвер Малиќи,...

Свет2 дена

(Видео) Се урна авион на Хаваи, загинаа сите патници

Девет лица загинаа во авионска несреќа што се случи ноќеска на Хаваи. Како што јавуваат медиумитe, мал двомоторен авион од...

Досие