Свет
Гутереш: 2024 година нека биде година на враќање на довербата и враќање на надежта
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во видеопорака повика 2024 година да биде година на враќање на довербата и враќање на надежта по 2023 година, која, како што наведе, беше година на огромни страдања, насилство и природни катастрофи предизвикани од климатските промени.
Гутереш предупреди дека војните во светот се сè помногубројни и катастрофални и дека поради оваа причина 2024 година мора да биде година за враќање на довербата и враќање на надежта, пренесе „Тас“.
„Човештвото е во болка. Нашата планета е во опасност“, предупреди Гутереш.
Генералниот секретар потсети дека 2023 година беше најтоплата година во историјата и дека луѓето во светот се погодени од растечката сиромаштија и глад, пренесува „Танјуг“.
„Мораме да се погрижиме новите технологии, како што е вештачката интелигенција, да бидат сила за добро“, рече Гутереш.
На крајот од видеопораката тој посака среќна и мирна Нова година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

