Свет
Г7 испраќа 50 милијарди долари профит од замрзнатите руски средства во Украина
Г7 постигна договор да ѝ обезбеди на Украина 50 милијарди долари до крајот на годината користејќи ги добивките од замрзнатите руски средства, соопшти француското претседателство.
Во вторникот беше најавено дека Г7 ќе создаде фонд за поддршка на Украина користејќи ги приходите од замрзнатите руски средства, потсетува „Киев индипендент“.
Фондот наводно ќе биде создаден во рамките на меѓународна организација како што е Светската банка, со придонеси во форма на заеми за „извонредно забрзување на приходите“.
Додека западните земји замрзнаа руски средства од 300 милијарди долари, тие може да пристапат само до приходот генериран од овие средства, приближно 3,2 милијарди долари годишно.
Со формирање фонд за заем што ќе се отплаќа со користење на овој приход земјите може да понудат непосредна поддршка на Украина над оваа сума.
Француски функционер, цитиран од медиумите, предупреди дека „ако поради некоја причина незамрзнатите руски средства или приходите од руските средства не се доволни за финансирање на заемот, тогаш ќе треба да се размисли како да се сподели товарот на тој заем“.
САД предложија целосна конфискација на руските средства во согласност со неодамна усвоениот РЕПО-акт, а ЕУ се двоумеше плашејќи се од правни и фискални замки како последица на таа конфискација, пишуваат медиумите.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Бебе застрелано од мало дете кое во паркиран автомобил посегнало по наполнет пиштол во САД
Бебе било застрелано и убиено од мало дете кое додека биле во паркиран автомобил посегнал0 по наполнет пиштол и го повлекло чкрапалото, соопшти полицијата.
Пукањето се случило на паркинг во близина на медицински центар во Сан Антонио, Тексас.
Во возилото имало три деца и една жена, изјави началникот на полицијата на Сан Антонио, Вилијам Мекманус.
„Деца на возраст од 3, 2 години и 10 или 11 месеци биле во задниот дел на возилото“, рече тој.
Едно од постарите деца се фатило за наполнет долг пиштол што бил во задниот дел на возилото и „случајно го повлекол чкрапалото“, пукајќи во најмалото дете, рече началникот.
„Ова што го имаме денес овде е ужасна, страшна трагедија“, рече Мекманус на брифинг со новинарите.
Свет
Бразилскиот претседател Лула е стабилен по повредата на главата
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва се чувствува добро денеска откако се здоби со повреда на главата во неговиот дом во текот на викендот, кога доживеа мало крварење на мозокот, изјави бразилскиот министер за институционални односи Александре Падиља.
Според лекарите Роберто Калил и Ана Хелена Гермољо, нов контролен преглед ќе биде извршен за 72 часа, пренесува Ројтерс.
Лекарите исто така потврдија дека бразилскиот претседател може да ја продолжи својата нормална работна рутина.
Свет
Ердоган: Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС
Турција сака да ја подобри соработката со БРИКС и очекува дека претстојниот самит во Казан ќе даде поттик на овој потфат, изјави денеска турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
„Искрено сакаме да ја продлабочиме нашата соработка со БРИКС. Верувам дека самитот во Казан значително ќе придонесе за овие напори“, рече Ердоган во Анкара.
Според турската телевизија ТРТ Хабер, Ердоган потврдил дека „на покана на рускиот претседател Владимир Путин утре ќе го посети Казан за да учествува на проширената средба на лидерите на БРИКС“.