Регион
Дачиќ: Папуа Нова Гвинеја ја повлече одлуката за признавање на Косово

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, во јавноста покажа официјална нота од Папуа Нова Гвинеја, која според него е шеста земја која ја повлекла одлуката за признавање на Косово.
Тој рече дека шесте земји кои ја повлекле одлуката имаат вкупна површина од 800.000 километри квадратни што е десет пати повеќе од Србија и 25 милиони жители.
„Многу често не ги почитуваме тие земји. Зборуваме дека се мали и неважни. Како биле важни кога го признале Косово, а сега кога ја повлекуваат одлуката не се? Ова е голем успех за Србија“, рече Дачиќ.
Тој додаде дека Србија ќе продолжи со добрата работа без оглед на притисоците.
„Не се бориме против Приштина, знаете вие против кого се бориме, против нивните ментори и заштитници кои сега очекувам да отпатуваат во Папуа да видат дали навистина се повлекле. Ние затоа го испраќаме министерот за земјоделство во понеделник во Либерија затоа што мораме да се бориме на сите страни“, кажа Дачиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.