Свет
Двајца убиени и еден заробен терорист на изборите во Џаму и Кашмир
Двајца терористи беа убиени, а еден бил заробен по вооружена престрелка во Џаму и Кашмир, соопштија властите во понеделникот цитирани од „Спутник“. Според полицијата, се верува дека терористите се инфилтрирале од преку Линијата на контрола (ЛК) пред три дена и се упатиле кон областа Шопијан на територијата на унијата.
„Потоа во неделата беше почната операција за пребарување и беше поставен кордон. На терористите им беше понудено да се предадат, но наместо тоа тие отворија оган кон безбедносниот тим, што резултираше во престрелка”, додаде официјален претставник.
„Кај нив запленивме ‘калашникови’, 300 реденици со АК муниција, 6 шаржери, еден фрлач на гранати, 12 гранати, два мобилни сета и еден сателитски телефон“, се вели во соопштението на полицијата.
Висок полициски службеник изјави за „Спутник“ дека терористите се припадници на терористички групи со седиште во Пакистан, Лашкар-е-Таиба (Лет) и Џаиш-е-Мохамад (ЈеМ) и влегле во долината Кашмир во обид да ги нарушат тековните избори на Обласниот совет за развој (ДДЦ).
Сепак, индиските безбедносни агенции направија соодветни подготовки за одржување на редот и законот за време на изборите.
До денес, неколку кандидати добија закани од терористите, а нападот врз Анис ул Ислам, кандидат на ДДЦ, кој беше застрелан од неидентификувани терористи за време на третата фаза од гласањето, ги разбранува главните политички кругови во услови на негирање на безбедносната поддршка од владата. Локалните избори се први откако Џаму и Кашмир се одделија од Ладах и ги загубија својот квазиавтономен статус и државност минатата година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Медведев: Што ќе направи Галскиот Петел? Ќе го киднапира Трамп? Нуклеарен напад врз САД?
Дмитриј Медведев, заменик-претседател на Рускиот совет за безбедност, ја коментираше вчерашната изјава на францускиот претседател Емануел Макрон.
„Галскиот петел закукурика дека ако суверенитетот на Данска биде допрен, последиците ќе бидат без преседан. Што ќе прават?! Ќе го киднапираат американскиот претседател? Нуклеарен напад врз САД? Секако дека не. Тие само ќе се исплашат и ќе се откажат од Гренланд. А тоа би бил одличен европски преседан“, напиша Медведев на Икс.
The Gallic cock has crowed that, if the sovereignty of Denmark is affected, the consequences would be unprecedented. Ooh, what they will do?! Kidnap POTUS? Nuke the US? Course not. They’ll just shit their pants and give up Greenland. And that’d would be a great European precedent
— Dmitry Medvedev (@MedvedevRussiaE) January 14, 2026
Макрон вчера се осврна на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз арктичката територија. „Не ги потценуваме изјавите за Гренланд“, рече Макрон, како што објави портпаролката на владата Мод Брежон.
„Доколку суверенитетот на една европска земја и сојузник биде загрозен, последиците ќе бидат невидени. Франција многу внимателно ја следи ситуацијата и ќе дејствува во целосна солидарност со Данска и нејзиниот суверенитет“, додаде тој.
Регион
(Видео) Тешка несреќа во Словенија: Експлодираше цистерна, автопатот е затворен
Поради сериозна сообраќајна несреќа, Штаерскиот автопат во Словенија е затворен за сообраќај во двата правци во делот помеѓу Словенске Коњице и Словенска Бистрица Југ.
Според неофицијални информации, во несреќата во која учествувале повеќе возила, експлодирала цистерна, објавува N1 Словенија.
Се наведува дека детонацијата наводно се слушнала во поголемиот дел од Словенска Бистрица. Се очекуваат официјални изјави од полицијата и пожарникарите.
Словенечкиот информативен центар за сообраќај им советува на возачите на патнички возила да се пренасочат кон регионалните патишта.
Свет
Си-Ен-Ен: Иран се подготвува за одмазда
Иран има подготвено потенцијални одговори во случај САД да ја нападнат земјата, а одмаздата би била насочена кон воени објекти на Блискиот Исток, вклучувајќи ги и оние во Ирак и Сирија, објави Си-Ен-Ен. Американските претставници укажуваат на зголемени ризици за американските сили во регионот поради страв од напад.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, постојано предупредуваше на воена акција и сега, според претставниците, е под притисок да дејствува.
„Тој повлече црвена линија и чувствува дека треба да направи нешто“, изјави за Си-Ен-Ен извор запознаен со внатрешните дискусии.
Во меѓувреме, дебатата за следните чекори продолжува во рамките на американската администрација. Потпретседателот Џ.Д. Венс претседаваше со состанок на високи претставници за да се разговара за моменталната ситуација, при што тимот за национална безбедност на Трамп е поделен околу тоа дали да се започне воен напад.
Претставниците изјавија дека секоја акција би го избегнала распоредувањето на копнени сили и нема да претставува почеток на продолжена воена кампања. Една опција што се разгледува вклучува таргетирање на објекти поврзани со иранските безбедносни служби.
фото/Depositphotos

