Контакт

Европа

Два авиона со заштитна опрема пристигнаа во Шпанија

Објавено пред

Два авиона со заштитна опрема пристигнаа денеска за помош на оптоварениот шпански здравствден систем кога бројот на потврдени случаи на коронавирусот надмина 100.000 лица.

Авиони со заштитни маски, комбинезони и антибактериски производи, еден од Кина и еден од Турција, слетаа на воениот аеродром во близина на Мадрид, соопшти Министерството за одбрана.

Шпанија денеска го надмина бројот од 9.000 починати и повеќе од 100.000 зразени.

Шпанија стана втора земја по број на жртви по Италија.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа

Португалија ги повикува Британците на одмор, Шпанија претпазлива

Објавено пред

Португалскиот министер за надворешни работи соопшти дека секој Британец кој сака да го помине одморот во Португалија ќе биде „многу добредојден“, додека Шпанија има поинаков пристап и нема да дозволи влез сè додека заразата во земјата значително не се намали, објави Би-би-си.

Министерот за надворешни работи на Португалија, Августо Сантос Силва, изјави дека туристите ќе бидат навремено известени за тоа колку се пополнети плажите за да се избегне навалица.

Сантос Силва изјави за Би-би-си дека договорот за „воздушен мост“ меѓу Велика Британија и Португалија може да стапи на сила до крајот на јуни.

Туристите нема да мора да поминат две недели во изолација според договорот.

Сантос Силва рече дека карантинот е непријател на туризмот.

На патниците ќе им биде измерена температурата на аеродромот во Португалија, а Сантос Силва рече дека се разгледува и случајно тестирање на патниците, во координација со другите земји од ЕУ.

Португалскиот министер рече дека правилата ќе им овозможат на сите туристи безбедно да уживаат во одморот.

Тој посочи дека ноќниот живот во португалските летувалишта ќе биде многу ограничен ова лето и дека нема да дозволат ноќни собири.

Иако шпанскиот туристички сектор е исто така многу зависен од британските туристи, Мадрид се одлучи за поинаков пристап.

Шпанската влада соопшти дека ќе им овозможи на британските туристи да влезат во земјата, без задолжителна самоизолација, само ако значително падне стапката на репродукција на коронавирусот.

Прикажи повеќе...

Европа

Протести и во Франција поради убиство на црнец

Објавено пред

Француската полиција употребила солзавец за да ги растера демонстрантите кои се собрале за да ја одбележат четиригодишнината од убиството на еден човек со темна кожа, кој бил убиен од полицијата.

Французинот Адам Траоре бил убиен во 2016 година во полициска операција, слична на онаа во која неодамна беше убиен Џорџ Флојд во Соединетите Држави.

Полицијата употребила солзавец кога некои учесници на протестот запалиле оган и поставиле барикади на авенијата Кличе во северен Париз, која била полна со ѓубре и срчи, пренесува „Ројтерс“.

Демонстрантите се собрале и покрај полициската забрана поради ризикот од немири и ширењето на коронавирусот.

Семејството Траоре ја обвинува полицијата за смртта на Адам, изјавувајќи дека полицијата употребила несоодветна сила и дека тројца жандарми учествувале во соборувањето на човекот.

Француската жандармерија користела солзавец за да ги растера демонстрантите од улиците на Париз, кои палеле и кршеле во знак на протест против расната неправда, полициската бруталност и насилната смрт на Американецот Џорџ Флојд во Минеаполис.

Прикажи повеќе...

Европа

Главниот шведски епидемиолог призна дека од денешен аспект би имал друг пристап кон пандемијата

Објавено пред

Главниот шведски епидемиолог, кој стои зад стратегијата земјата да не применува строги мерки поради пандемијата на коронавирусот, призна дека требало да се воведат повеќе ограничувања за да се спречи ширењето на Ковид-19, јави денеска Би-би-си.

Со месеци Андерс Тегнел го бранеше својот пристап, поради кој Шведска не се затвори како другите земји, како поодржлив, критикувајќи ги другите за нивните премногу ограничувачки мерки.

Но, утрово во интервју за шведско радио тој се согласил дека во неговата земја умреле премногу луѓе.

„Кога би се соочиле со истата болест сега, знаејќи точно што знаеме денес, мислам дека би биле некаде на половина пат помеѓу она што го направи Шведска и она што го направи остатокот од светот“, рече тој.

Шведска има најголема стапка на смртност во светот. Повеќе од 4.400 луѓе починале, а 38.500 се заразиле.

Данска, Финска и Норвешка заедно имаат околу 1.100 смртни случаи.

 

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Тајна снимка на СЗО откри како Кина го прикрила коронавирусот

Снимки од интерни состаноци во Светската здравствена организација покажале дека СЗО едвај ги добила најпотребните информации од Кина на почетокот...

Европа2 часа

Главниот шведски епидемиолог призна дека од денешен аспект би имал друг пристап кон пандемијата

Главниот шведски епидемиолог, кој стои зад стратегијата земјата да не применува строги мерки поради пандемијата на коронавирусот, призна дека требало...

Свет2 часа

(Видео) Бајден: Полицијата треба да пука во нозе

Полицајците кои пукаат во луѓето кои претставуваат закана треба да им пукаат во нозете, а не во срцето, соопшти поранешниот...

Свет3 часа

Војска распоредена околу Вашингтон, трупите се во состојба на засилена готовност

Околу 1.600 американски војници се распоредени во пошироката област на Вашингтон и се во состојба на засилена подготвеност, објави Пентагон...

Европа4 часа

По тримесечната блокада, Италијанците од денеска може да патуваат низ земјата

Италија денеска ги отвори регионалните граници по тримесечна блокада поради пандемијата, со што е овозможена поголема слобода на движење за...

Регион15 часа

Црна Гора прогласи крај на епидемијата

Националното координативно тело за заразни болести, по предлог на Институтот за јавно здравје, прогласи крај на епидемијата на Ковид-19 во...

Свет16 часа

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да стави крај на протестите

Трамп се закани дека ќе ја испрати војската за да ги угасне протестите во САД, поради смртта на Афроамериканецот Џорџ...

Свет17 часа

Путин: На напад со конвенционално оружје Русија ќе возврати со нуклеарно

Рускиот претседател, Владимир Путин, донесе уредба со која се утврдува дека руската војска може да употреби нуклеарно оружје како одговор...

Македонија17 часа

Не се 67 новозаболени, туку 76 – покажуваат новите бројки на Министерството за здравство

Од Министерството за здравство информираат дека бројот на новозаболени е 76, а не како што претходно беше објавено дека се...

Македонија19 часа

Од денес во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија поради позитивен колега странец

Шеесетина полицајци, кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради постојаната опасност од нов мигрантски бран, од денес се во...

Македонија20 часа

Случај „Рекет“: Навреди и критики кон Русковска и Камчеви во завршните зборови на Јанева

Со критики и навредливи зборови за Орце и Ана Камчеви, обвинетата Катица Јанева ги даде своите завршни зборови во судот...

Македонија21 час

На 18 јуни пресуда за случајот „Рекет“

За две недели, односно на 18 јуни судот ќе ја изрече пресудата за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан...

Македонија21 час

Бухова: Завршени се 100 од 485 тестови на вработени во конфекциските фабрики во Штип

Директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат Ирина Бухова вели дека будно се следи состојбата со кластерите на новозаразени од...

Регион24 часа

Цело одделение во Марибор во карантин, еден ученик позитивен на коронавирус

Сите ученици од една паралелка од трето одделение во основно училиште во Марибор, Словенија, се во 14-дневен карантин, откако на...

Македонија1 ден

Портпаролката на СДСМ во самоизолација

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, е во самоизолација затоа што имала средба со директорката на УЈП, Сања Лукаревска, која е...

Регион1 ден

Црна Гора 28 дена без нови случаи, исполнети се условите за крај на епидемијата

Во Црна Гора се исполнети условите за прогласување крај на епидемијата на коронавирус, изјавил Сенад Бегиќ, помошник-директор на Институтот за...

Свет1 ден

(Видео) Четворица полицајци ранети во пукање во Сент Луис, во Бафало возило влета во полициски кордон

Насилните протести во САД продолжија откако минатата недела во полициско апсење беше убиен Џорџ Флојд, а Би-би-си јавува дека имало...

Свет1 ден

Чешка на 15 јуни ги отвора границите за 29 земји

Чешката влада соопшти дека од 15 јуни на граѓаните на таа земја ќе им биде дозволено да патуваат во 29...

Спорт1 ден

Барселона криела дека во тимот има заразени со коронавирусот

Шпанците се подготвуваа за ре-старт на сезоната, која беше прекината поради пандемијата на вирусот Ковид-19. Клубовите пред три недели добија...

Европа1 ден

Во Шпанија првпат од март нема нови смртни случаи од коронавирус

Во Шпанија во последните 24 часа не се пријавени смртни случаи од коронавирус, првпат од март, соопштија здравствените власти на...

Досие