Свет
Две жртви во пожар во ковид-болница во Русија

Две лица загинаа денеска во пожар во ковид-болницата во Астрахан, на југот на Русија, пренесуваат медиумите во регионот.
Пожарот избувнал во одделението за интензивна нега.
Според првичните информации, се запалил апаратот за довод на кислород.
Персоналот и пациентите се евакуирани од зградата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
НАТО: Експлозијата на браната во Украина ја покажува бруталноста на руската војна

Уништувањето на браната Нова Каховка во јужна Украина ја покажува бруталноста на руската војна во Украина, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
„Уништувањето на браната Каховка денеска става во опасност илјадници цивили и предизвикува голема штета на животната средина“, напиша Столтенберг во објавата на Твитер.
„Ова е безобразен чин, кој уште еднаш ја покажува бруталноста на руската војна во Украина“.
Висок украински безбедносен функционер рече дека уништувањето на браната е нова фаза на руската агресија.
Олексиј Данилов, секретар на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, рече дека Русија преминала од обидот да ја оправда својата инвазија на Украина со, како што ги нарече пропагандни митови, до отворено објавување на своите вистински цели – „да се уништи Украина, да се убијат Украинците, да се уништи економијата и цивилни „структури за одржување на животот“.
Русија претходно секогаш негираше дека целта и биле цивили. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека руските сили ја разнеле хидроцентралата Каховка одвнатре. „Во 2 часот и 50 минути вечерва руски терористи извршија внатрешна детонација на објектите на ХЕ Каховска. Околу 80 населени места се во зоната на поплавите“, напиша тој на Телеграм.
Уништувањето на браната не претставува директна закана за снабдувањето со електрична енергија на земјата, соопшти украинското Министерство за енергетика.
„Експлозијата не влијаеше директно на состојбата на енергетскиот систем на земјата. Нема закана за стабилноста на снабдувањето со електрична енергија“, се вели во соопштението. Произведената електрична енергија е доволна за потребите на потрошувачите.
Руската државна новинска агенција ТАСС, повикувајќи се на локалните проруски власти, јави дека е прогласена вонредна состојба во областа Новаја Каховка во делот на украинската провинција Херсон, која е под контрола на Русија по пробивањето на браната.
Европа
Папата Франциско во болница? „Анса“: Примен е на преглед

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско, денеска е примен на преглед во болницата Гемели во Рим.
Агенцијата „Анса“ наведува дека информацијата е добиена од извор запознаен со настаните во Ватикан, пренесува Ројтерс.
Засега никој од Ватикан официјално не ја потврди веста што ја пренесе италијанската агенција.
Папата на крајот на мај имаше треска, поради што не примаше посети, но не се соопштуваат други детали за неговата здравствена состојба.
Регион
Маж од Србија мистериозно исчезна во Грција: семејството го збунува последниот сигнал од мобилниот телефон

Радован Јурачиќ (44) од Србија исчезна минатиот понеделник во Грција кога наводно се качил на патнички брод, кој од Пиреја одел кон островот Кос, по што му се губи секаква трага. Потрагата по него трае цели седум дена, а сѐ уште нема информации каде се наоѓа и што се случило кобниот ден.
Радован Јурачиќ од Кикинда, татко на две деца, отишол на грчкиот остров Кос кај својот кум со намера да се договори за сезонска работа и да заработи во текот на летото.
Минатиот понеделник околу 18 часот се качи на траектот во Атина. Два часа подоцна, околу 20 часот, разговарал со сопругата Драгана, на која ѝ кажал дека се качува на траектот за Кос.
Неговата сопруга Драгана Јурачиќ претходно за „Нова.рс“ истакна дека повикот бил прекинат бидејќи врската била лоша и дека нејзиниот сопруг оттогаш не се јавил.
„Му се јавив во вторникот околу 7 часот, но тој не ми одговори, а некаде околу 12 часот телефонот се исклучи и веќе нема сигнал. Последен пат беше лоциран на Родос“, рекла тогаш таа.
Семејството и голем број пријатели на исчезнатиот Радован постојано апелираат до сите лица, доколку имаат информации за него, веднаш да пријават.
Посебен акцент е ставен на островите Патмос, Лерос, Калимнос, Кос и Родос, тоа се островите на кои се закотвувал бродот со кој патувал Радован.
Неговите пријатели не знаат што можело да тргне наопаку или што се случило кобниот ден.
„Сѐ оди многу бавно, иако секоја минута е многу важна. Не знаеме што се случило и само сакаме да го најдеме”, рекол познајник на семејството.
Според досегашните информации, семејството на исчезнатиот Радован е во контакт со српската амбасада во Атина.
„Им беше кажано дека сѐ уште не ги одобриле сите барања од бродските компании за преглед на камерите и телефонските записи“, соопштија од групата на која беа објавени првите информации за исчезнувањето на Радован.