Вести
Двоен самоубиствен напад кај ирачки Тикрит, најмалку 23 мртви
Двоен самоубиствен бомбашки напад на свадба во средата во село во близина на ирачкиот град Тикрит уби најмалку 23 луѓе, соопштија безбедносни и лекарски извори.
Уште 26 лица се ранети во нападот во кој двајцата напаѓачи кои носеле појаси со експлозиви се разнеле во селото Хаџаџ, 20 километри северно од Тикрит.
Телевизијата al-Sumarya, пак, од полициски извори дознава дека нападот го извеле четири бомбаши самоубијци,
Засега ниедна од познатите екстремни групи коишто дејствуваат во овој регион досега не ја презема одговорноста.
Мисијата на Обединетите нации за поддршка на Ирак објави деновите дека жртви на терористички напади во февруари биле 392 цивила, а уште околу 600 биле ранети.
Во Ирак уште е тепка безбедносната ситуација и покрај тоа што ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава кон крајот на минатата и почетокот од оваа година загуби големи делови од териториите кои ги владееше од летото 2014 година, кога ја заземаа речиси целата покраина Амбар.
Но последните месеци ирачката армија помогната од шиитската милиција на копно и од воздух од меѓународната коалиција предводена од САД, успеа да врати под своја контрола повеќе региони, вклучително и целосната контрола над градовите Рамади и Фалуџа./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
