Свет
Девојче пронашло „камче“ со големина на зрно грашок во паркот каде го славела роденденот: се утврдило дека тоа е дијамант
Седумгодишно девојче го добила својот неочекуван роденденски подарок кога во Арканзас (САД) открила дијамант од 2,95 карати.
Девојчето го открило дијамантот додека го прославувала својот седми роденден во државниот парк „Кратер од дијаманти“ во Арканзас, се вели во соопштението за печатот од паркот.
„Откритието на Аспен Браун од 1 септември е второто по големина пријавено од гостин во паркот оваа година, а пред него е 3,29-каратниот кафен дијамант откриен во март. Браун го посети паркот со нејзиниот татко и нејзината баба за да го прослави својот роденден. Го нашла скапоцениот камен со големина на грашок на патека долж североисточната страна од областа за пребарување“, се вели во соопштението.
Службениците на паркот потврдиле дека Браун навистина го открила дијамантот.
„Дијамантот на Аспен има златно-кафеава боја и блескав сјај. Тоа е целосен кристал, без скршени страни и мала пукнатина од едната страна, создадена кога се формирал дијамантот. Сигурно е еден од најубавите дијаманти што сум ги видел последниве години“, вели Вејмон Кокс, помошник началник на паркот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

