Свет
Дедо Мраз држи дистанца и носи маска

Рестриктивните мерки во цела Европа ги натераа владите на многу земји да наложат секој што носи костим на Дедо Мраз да одржува дистанца и да носи заштитна маска.
Властите на Европската Унија се обидуваат да им овозможат на граѓаните да го слават Божик во семејниот круг и да ги ублажат ограничувачките мерки дозволувајќи пет лица да бидат присутни во едно домаќинство за Божик, кој повеќето Европејци го слават на 25 декември, пишува „Ројтерс“.
Многумина ќе ги откријат своите планови оваа недела за ограничување на бројот на луѓе на семејните собири, а некои големи празнични фестивали се откажани.
Белгискиот премиер Александар де Кроа е загрижен за третиот бран што може да следи, откако вториот започна да слабее.
„Или ќе го прекинеме третиот бран за Божик или третиот бран ќе почне тој ден“, рече Де Кро, кој планира да слави само со сопругата и двете деца.
Белгиската влада дури му пишала на Дедо Мраз, кој традиционално им дава подароци на децата на 6 декември.
„Дедо Мраз држи дистанца, редовно ги мие рацете и носи маска кога е потребно“, се вели во соопштението на белгиската влада.
Неодамна и италијанскиот премиер, Џузепе Конте, во порака до децата загрижени за тоа како ќе се одвиваат новогодишните празници, одговори дека Дедо Мраз ќе носи маска и ќе може да патува во целиот свет со дозвола за движење.
„Дедо Мраз ми гарантира дека веќе има потврда за меѓународно патување. Може да патува насекаде и да им носи подароци на сите деца во светот“, напиша Конте како одговор на прашањето на петгодишниот Томас.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Како бил „фатен“ крокодилот во Ниш – волонтерка од здружението за животни зборува за повикот и акцијата

Волонтерите од здружението за заштита на животни „ЗОО Планет“ од Ниш не можеле да веруваат на своите уши кога добиле телефонски повик од една сограѓанка која им пријавила дека вчера, во центарот на градот, видела крокодил.
За да се уверат дека не станува збор за неумесна шега или забуна, побарале снимка од неверојатната сцена на улицата Дечанска, која потврдила дека во центарот на градот навистина се гледа животното, пишува „Нова.рс“.
Волонтерката на „ЗОО Планет“, Јелена Цветковиќ, изјави дека повикот звучел веродостојно бидејќи жената која им се јавила била видно вознемирена, но сепак побарале потврда за да имаат основа за испраќање на патрола.
„Чувме глас на млада жена која ни кажа дека во локва покрај контејнер на улицата има крокодил. Прво помислила дека е гуштер, но дека животното е преголемо за таа врста, па сигурна била дека е крокодил. Рече дека се плаши да му се доближи и дека мисли оти го демне мачките што се движат таму“, раскажува волонтерката.
Според процедурата на здружението, во вакви случаи се известуваат специјалисти за одредени видови животни.
„На колешката задолжена за влекачи ѝ кажав да биде подготвена да реагира штом ѝ се јавам од местото на настанот. Сè уште мислев дека можеби е некоја играчка, бидејќи луѓето фрлаат сè и сешто на улица. Но, кога го видов животното, веднаш ми беше јасно дека не се работи за забуна. На почеток не забележав дека е препариран примерок, бидејќи тие животни имаат обичај да „застанат како укочени“ кога ловат. Кога му се доближив, видов преломи на опашката што укажуваат дека е полнет. Стануваше збор за млад кaјман долг меѓу 50 и 70 сантиметри, кој изгледаше многу живо. Многу луѓе стоеја на улица, гледаа од прозорци и тераси, убедени дека вистински крокодил се појавил во нивното маало. Веднаш ја повикав полицијата, тие направија записник бидејќи мора да се истражи од каде се појавило животното. Станува збор за влекач од листата на загрозени видови, неговите деривати не се легални, па сè тоа мора да се провери. Немаме поим како крокодилот се нашол таму – можеби некој го фрлил случајно додека расчистувал стан, но тоа веќе е работа за полицијата“, објаснува Јелена.
View this post on Instagram
Крокодилот сега се наоѓа во „ЗОО Планет“.
„Чекаме да се исуши за да можеме да го исчистиме, а надлежните органи ќе одлучат што понатаму. Ако се јави некој и докаже дека легално го поседува, ќе му биде вратен. Доколку не се појави никој, можеби ќе биде префрлен во Природонаучниот музеј или ќе остане кај нас. Во случајот е вклучен и Заводот за заштита на природата на Србија, бидејќи веднаш ги известивме за овој невообичаен наод“, соопшти Јелена.
Коментирајќи зошто Нишлиите поверувале дека вистински крокодил се шета по градот, таа вели дека тоа не е толку чудно.
„Луѓето помислија дека излегол од канализација, бидејќи беше во локва. Тоа не е невообичаено ако се земе предвид дека само од почетокот на годинава од шахти сме ваделе риби, јазовци и други животни“, вели Јелена, која е дел од „ЗОО Планет“ веќе 11 години и се грижи и за добросостојбата на животните и за безбедноста на сограѓаните.
Жителите на Ниш и порано биле подигнати на нозе поради „крокодил“
Пред околу дваесет години, жителите на Ниш повторно биле вознемирени поради наводен „крокодил“ забележан во близина на населбата 9. мај. Животното било однесено во Ветеринарен институт каде што било утврдено дека станува збор за вид на гуштер.
Пред 16 години, пак, еден жител на Ниш видел боа (вид на змија) замотана околу банкомат на улицата „7. јули“. Исплашениот човек ги алармирал пожарникарите, кои го ставиле големиот влекач во пластично буре и го однеле. Подоцна, по медиумското известување, се јавил сопственикот и објаснил дека боата, по име Бошко, избегала преку терасата, но тоа не го ослободило од прекршочна пријава поради несоодветно чување на диво животно.
Регион
(Видео) Крокодил на улица ги вознемири жителите на Ниш, ама бил препариран

Во Ниш, Србија бил снимен крокодил, а сцената вознемирила многумина кои помислиле дека се работи за живо животно.
„Граѓаните пријавија дека на улица во Ниш има крокодил. Екипа волонтери од Здружението Зоо Планет веднаш излезе на терен и констатира дека се работи за препарирано животно. Волонтерите ја известија полицијата, бидејќи со закон е забрането да се чуваат препарирани животни кои се загрозени и се на списокот CITES“, соопшти Зоо Планет Ниш.
View this post on Instagram
Излегла и полицијата.
„Полицијата излезе на терен, спроведена е постапката и информирани надлежните институции. Препарираното животно е преземено, а случајот е успешно расчистен. Им благодариме на сите граѓани за пријавувањето и соработката, како и на волонтерите и полицијата за брзата реакција. Доколку забележите слични случаи, задолжително пријавете ги до надлежните служби“, додаваат оттаму.
Свет
Украина: Русија категорично отфрли безусловен прекин на огнот на преговорите

Рускиот преговарачки тим во Истанбул неколкупати јасно стави до знаење дека безусловниот прекин на огнот е категорично неприфатлив, рече украинскиот заменик министер за надворешни работи Серхиј Кишлица во интервју емитувано на 24 март.
Кишлица минатата недела беше во Истанбул, каде што украинските и руските преговарачи се сретнаа директно за прв пат по три години на 16 мај.
„Во текот на преговорите, украинскиот тим нагласи дека и Украина и САД продолжуваат да предлагаат безусловен прекин на огнот како следен чекор во мировниот процес, рече Кишлица.
„Мислам дека инструкциите на рускиот преговарачки тим не содржеле став кој би овозможил постигнување договор со украинската страна за прекин на огнот“, рече Кишлица.
Преговорите во Истанбул завршија по помалку од два часа без договор за прекин на огнот.
Извор од Кабинетот на украинскиот претседател, кој е запознаен со преговорите, изјави за „Киев Индипендент“ дека руската делегација инсистирала Украина да се повлече од регионите Доњецк, Луганск, Запорожје и Херсон.
Единствен конкретен договор постигнат за време на разговорите беше големата размена на затвореници, која се случи на 15 мај.