Европа
Дете од Британија остана без нозе поради малтретирање од родителите

Паула Хаџгел (52), мајка на осум деца, и нејзиниот сопруг Марк, го посвоиле сега петгодишниот Тони додека тој сè уште бил бебе кога неговите биолошки родители толку многу го малтретирале што лекарите морале да му ги ампутираат нозете.
И двајцата родители сега се во затвор, каде што издржуваат казна од десет години. Но, Паула и Марк не се задоволни од ова и водат кампања за зголемување на казните во Велика Британија кои се однесуваат на случаи со злоупотреба на деца и веќе го претставија таканаречениот закон за Тони во парламентот, пишува „Скај њуз“, а пренесе „Индекс“.
BBC News – Amputee baby’s parents jailed for 10 years https://t.co/L3jwpZJZTa SCUM Jody Simpson, 24, and Tony Smith, 46, from #Whitstable #Kent
— JobCentreSUCKS (@DWPscumbags) February 19, 2018
Паула Хаџгел за медиумите го опишала моментот кога првпат го видела Тони.
„Во 2015 година социјален работник ме праша дали сакам во болница да посетам четиримесечно бебе чии нозе се скршени. Помислив: ‘Тоа не е проблем, фрактурите се лекуваат’. Кога дојдов во болница и го видов тоа мало бебе, медицинската сестра ми ја покажа неговата здравствена историја и ми рече дека ќе му треба доживотна нега“, објаснила Хаџгел.
„Сестрата ми кажа дека за пет недели на детето му биле скршени сите екстремитети, дека му се дислоцирани глуждот и нозете на прстите, дека има повеќе скршеници и дека десет дена не добило лекарска помош“, додала таа.
„Детето добило сепса, неговите внатрешни органи почнале да откажуваат и завршило на апарати. Ако лекарите не се бореа напорно за неговиот живот, тој сигурно немаше да преживее. Го одведовме дома. За една недела, почна да се смее“, раскажала Хаџгел.
Таа образложила дека е незадоволна од казната што ја добиле неговите биолошки родители и затоа почнала да ја промовира идејата за зголемување на казната во случај на злоупотреба на деца.
Рече дека заедно со сопругот годинава отишле во парламентот, каде што нивниот адвокат доставил 12.000 потписи за кампањата со која се повикува на построги казни.
„Досега се сретнавме со повеќе адвокати, канцеларијата на окружниот правобранител. Немаме намера да се откажеме“, порачала Хаџгел.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Експлодира бензинска пумпа во Рим, неколку повредени, тројца со сериозни изгореници

Неколку лица се повредени, меѓу кои тројца со сериозни изгореници, по експлозија на бензинска пумпа во Рим, јавуваат медиумите.
#Últimahora 🚨 Sentida en #Roma una fuerte explosión originada en un depósito de combustible de #Centocelle. Hay varios heridos.#Rome #Italia #Italypic.twitter.com/DNyPh0Vr7e
— eSPAINews (@eSPAINews_) July 4, 2025
Силна експлозија на дистрибутивна станица за бензин, дизел и течен нафтен гас на Виа деи Гордијани се слушнала во целиот италијански главен град.
Локалниот портал „Рома тудеј“ објави фотографија, на која се гледа огромен облак од чад и пламен над бензинската пумпа.
BREAKING: A powerful explosion struck a fuel depot on Via dei Gordiani in Rome, Italy, injuring multiple people. pic.twitter.com/Aw0EM1dhEW
— Weather Monitor (@WeatherMonitors) July 4, 2025
Агенцијата за јавен превоз во Рим, „Атак“, соопшти дека блиската метро-станица Теано е затворена по наредба на полицијата.
Европа
(Видео) Украинците со дронови нападнаа трафостаница во близина на Москва

Украина изврши напад со беспилотно летало врз областа Сергиев Посад во близина на Москва рано утрово, при што едно лице беше повредено и беше прекинато снабдувањето со електрична енергија во делови од верски значајниот центар, изјави раководителот на областа.
„Ги молам сите да останат смирени, да не се приближуваат до прозорците, да не ја фотографираат работата на воздушната одбрана“, напиша Оксана Јероханова во објава на апликацијата за пораки Телеграм.
Таа рече дека во округот – на околу 75 километри од Кремљ – биле пријавени најмалку четири експлозии и дека е оштетена трафостаница, оставајќи делови од округот без електрична енергија.
Drones strike Russia’s Sergiyev Posad in the Moscow region, with a power station among the damaged targets. pic.twitter.com/H2vVCwddql
— KyivPost (@KyivPost) July 4, 2025
Административниот центар на округот, градот Сергиев Посад, се смета за религиозен центар на Московскиот регион и духовно срце на Руската православна црква.
Руското Министерство за одбрана соопшти на Телеграм дека единиците за воздушна одбрана уништиле 48 украински беспилотни летала над пет руски региони преку ноќ. Министерството, кое известува само за бројот на беспилотни летала што ги уништиле неговите сили, а не за бројот на летала лансирани од Украина, не го наведе Московскиот регион како регион каде што биле соборени беспилотните летала.
Европа
(Видео) „Ова беше една од најлошите ноќи во Киев досега“, вели украинскиот министер за надворешни работи

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха изјави дека синоќа во Киев било „апсолутно ужасно и бессоно“ и „едно од најлошите досега“, откако Русија започна масовен, повеќечасовен ракетен и напад со дронови, врз украинската престолнина.
„Стотици руски дронови и балистички ракети паѓаа врз Киев“, објави Сибиха на платформата Икс.
Absolutely horrible and sleepless night in Kyiv. One of the worst so far.
Hundreds of Russian drones and ballistic missiles rained down on the Ukrainian capital.
Right after Putin spoke with President Trump. And he does it on purpose.
Enough of waiting! Putin clearly shows… pic.twitter.com/R0mlfUgJRx
— Andrii Sybiha 🇺🇦 (@andrii_sybiha) July 4, 2025
Тој додаде дека нападот бил извршен веднаш откако рускиот претседател Владимир Путин разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, заклучувајќи: „И тој го прави тоа намерно“.
„Доста чекање. На Москва мора веднаш да ѝ се воведат најстрогите можни санкции“, рече тој. Сибиха ја повика меѓународната заедница да престане да чека и решително да реагира.
„Путин јасно покажува целосно непочитување кон САД и сите оние кои повикаа на крај на војната. На Москва мора веднаш да ѝ се воведат најстрогите можни санкции. На Украина мора да ѝ се дадат сите потребни средства за нејзина одбрана“, рече тој.
Тој, исто така, предупреди дека одлуките што одложуваат можат само да го охрабрат агресорот да продолжи со теророт, заклучувајќи: „Секој криминален режим во светот сега внимателно ги следи потезите и реакциите на Путин на нив. Ако се извлече со ова, пораката ќе им биде јасна на сите. Престанете да чекате мир. Дејствувајте за да го постигнете. Мир преку сила“.
Киев синоќа беше под интензивно гранатирање со часови. Руските сили нападнаа најмалку 13 локации во градот, а според градоначалникот Виталиј Кличко, повредени се најмалку 19 лица, од кои 14 се хоспитализирани.