Свет
Децата до 10 години кои закрепнале од Ковид-19 имаат повеќе антитела од возрасните

Децата под десетгодишна возраст имаат поголемо ниво на антитела од адолесцентите и возрасните откако биле заразени со коронавирус, покажува студија чии резултати беа објавени во понеделникот во научното списание„Џама“ (JAMA).
Овој стручен труд делумно може да даде одговор на прашањето што научниците сè уште активно го проучуваат: зошто децата се помалку погодени од симптоматски форми на Ковид-19?
Телото природно произведува антитела во присуство на вирус за да се бори против него и да го уништи.
Истражувачите анализирале повеќе од 31.000 серолошки тестови (мерења на присуството на антитела во крвта) спроведени во Њујорк помеѓу април и август 2020 година. Тие се фокусирале на позитивните резултати од тестовите, што укажуваат на заздравување од инфекција со Ковид-19.
Според овие резултати, кај децата на возраст меѓу една и 10 години се развиле средни нивоа на IgG антитела, кои биле значително поголеми отколку кај возрасните.
IgG е вид на антитела што се наоѓаат во меѓуклеточниот простор и штитат од инфекција. Со докажување на присуството на ова антитело, може да се покаже дека имало претходно заболување или дека е извршена вакцинација.
Во исто време, најниско ниво на IgG антитела е забележано кај помлади возрасни лица на возраст меѓу 19 и 30 години, а причините за ова се уште не се јасни, велат авторите на студијата.
Анализите биле извршени на помал број примероци од крв земени од деца, адолесценти и млади возрасни лица, а имале за цел да го споредат имунолошкиот одговор кај различни возрасни групи.
Се покажало дека просечните нивоа на IgG антитела се двојно повисоки кај деца на возраст од една до 10 години отколку кај адолесценти (од 11 до 18 години), а кај нив се двојно повисоки во споредба со помладите возрасни лица (од 19 до 24 години).
Авторите додаваат дека е важно да се забележи уште една работа: откриено е дека серолошките тестови биле позитивни кај сличен процент на деца и адолесценти, во споредба со возрасните.
„Ова укажува на можноста дека децата, дури и кога ќе развијат блага слика на болеста, би можеле да претставуваат огромен извор на вирусот и неговото пренесување“, стои во заклучокот од истражувањето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Uncategorized
Заради исклучен доток на гориво во моторите се урнал авионот на „Ер Индија“

Прелиминарниот извештај за несреќата на авионот на компанијата „Ер Индија“, во која минатиот месец загинаа 260 лица, покажа дека три секунди по полетувањето, прекинувачите за гориво на моторите се префрлиле од позиција „вклучено“ во позиција „исклучено“, лишувајќи ги моторите од гориво.
Авионот „Боинг 787- Дримлајнер“ веднаш почнал да губи висина, покажува извештајот објавен од индиските истражители на воздухопловни несреќи.
На снимката од пилотската кабина, може да се слушне како еден од пилотите го прашува другиот зошто го исклучил горивото. Вториот пилот одговорил дека не го сторил тоа, се наведува во извештајот. Не е наведено кој го упатил повикот за помош непосредно пред несреќата, пилотот или копилотот.
И двајцата пилоти биле искусни, со вкупно околу 19.000 часа лет, вклучувајќи повеќе од 9.000 часа во „Боинг 787“.
Префрлањето на прекинувачот во позиција „исклучено“ ги запира моторите речиси веднаш.
Свет
Зеленски: Продолжуваат испораките на оружје од САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера изјави дека добил ветување дека Украина ќе добие нови испораки на оружје од САД и европските сојузници, јави ДПА.
-Според сите извештаи, суспендираните испораки на оружје се обновени, рече Зеленски.
ДПА пренесува дека разговорите за продолжување на воената поддршка се планирани за следната недела, меѓу другите, и со американскиот специјален пратеник за Украина, Кит Келог.
-Исто така, подготвуваме нови европски пакети за оружје, рече Зеленски, потенцирајќи дека, исто така, очекува „силни чекори во врска со новите санкции против Русија“.
САД минатата недела накратко воведоа делумно запирање на испораките на оружје што веќе беа ветени.
Регион
Вучиќ: Полицајците не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, синоќа изјави дека полицијата реагира како последно средство на блокадите во државата, во согласност со законот и со минимална употреба на сила.
„Тие полицајци…не допираат никого, не вознемируваат никого сè додека луѓето не почнат да го кршат законот и да ги напаѓаат со стапови“, изјави Вучиќ.
Вучиќ истакна во интервју за белградски медиуми, дека студентите во блокада на 15 март не дале „зелено светло“ затоа што некои во државата требало да ја завршат својата работа, а на 28 јуни го направиле тоа „преценувајќи се себеси и потценувајќи ги другите“.
Тие луѓе мислат дека е нормално да му се одземе на некого уставно загарантираното право на движење, тие не се заинтересирани за ништо, тие го прогласиле за легално и не им е гајле, рече Вучиќ.
„Загрижен сум за државата, но што се однесува до партиските, посебни интереси – одлично, можеби до Нова Година, можеби ќе ги изненадам, а потоа ќе распишам избори“, додаде Вучиќ.