Свет
Дмитриј Мезенцев: Планот на белоруската опозиција да игра на руската карта не води никаде
Белоруската опозиција нема да успее да ги постигне своите политички цели играјќи на т.н. руска карта, изјави рускиот амбасадор во Минск, Дмитриј Мезенцев, пренесува ТАСС.
„Некои од организаторите на протестите сакаат да организираат политички шоуа во Белорусија и да играат на руската карта во обид да ги зголемат тензиите меѓу Русија и Белорусија, но нивните обиди нема да доведат никаде“, истакна тој.
„Односот на Русија кон нашата братска нација, Белорусија, не се менува во зависност од чекорите што ги прават западните партнери на Минск во одредени ситуации. Нашата позиција се заснова на сојузнички односи што го минале тестот на времето”, додаде претставникот.
Мезенцев истакна дека рускиот претседател Владимир Путин води конзистентна политика насочена кон поддршка на целиот белоруски народ.
„Ако некој верува дека западните престолнини ќе може да ги прекинат врските меѓу нас со наметнување ограничувања на Белорусија, тоа значи дека тие не ги разбираат длабочината и обемот на нашата соработка“, нагласи тој.
Коментирајќи го Белорускиот акт за демократија, човекови права и суверенитет од 2020 година, донесен од Претставничкиот дом на САД, Мезенцев посочи дека тоа е обид да се одвлече Белорусија од Русија и да се растури системот на билатерални односи.
„Кога таков чекор ќе преземат пратеници од земја што има поплаки во врска со кршење на демократските принципи во разни делови на светот, тоа ги крши демократските традиции и го крши меѓународното право“, посочи рускиот амбасадор.
Мезенцев истовремено ја истакна потребата Русија и Белорусија да ја зајакнат политичката соработка. Претставничкиот дом на САД претходно усвои нацрт-документ со наслов „Белоруски акт за демократија, човекови права и суверенитет од 2020 година“, кој предвидува санкции против официјални претставници на државата унија на Русија и Белорусија.
Според документот, САД ги отфрлаат „резултатите од лажираните претседателски избори на 9 август 2020 година во Белорусија, ги поддржуваат повиците за нови претседателски и парламентарни избори спроведени на слободен и фер начин според стандардите на ОБСЕ и под надзор на набљудувачите на ОБСЕ и независните домашни набудувачи и повикуваат на итно ослободување, без предуслови, на сите политички затвореници во Белорусија. Нацрт-документот сега ќе биде доставен до Сенатот на САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Фатална грешка направиле млади луѓе во опожарената „Вјесник“: „Не викај пожарникари, ќе дојде и полицијата“
Пожарот што го зафати облакодерот на Вјесник, Загреб, и го претвори во огнена стихија наводно е последица на невнимателно однесување на група тинејџери кои се занимаваат со таканаречен „урбекс“ – истражување напуштени објекти за објави на социјалните мрежи. Според неофицијални информации, реконструирани се настаните што му претходеле на пожарот, а во нив биле вклучени четворица малолетници и двајца 18-годишници.
Влегување во зградата низ прозорец
Групата, составена претежно од малолетници, во понеделник попладне влегла во облакодерот на Вјесник така што се протнала низ скршен прозорец од страната која гледа кон улицата Одранска. Во зградата поминале неколку часа, разгледувајќи 15 ката, напуштени канцеларии и палeјќи и гасејќи светла. Нашле фрижидер со алкохол, а за време на престојот пушеле и ги гаселе опушоците. Истовремено снимале фотографии за објави на социјалните мрежи, пишува „Индекс“.
Цел им било да стигнат до кровната тераса за да направат атрактивни снимки од градот, но на 15. кат наишле на метални плочи што не успеале да ги поместат. Тогаш еден од малолетниците го повикал 18-годишник познат по „Јутуб“ содржини од напуштени објекти.
Повикале двајца полнолетни
Повиканиот млад човек пристигнал околу 21:50 часот во придружба на уште еден 18-годишник. Ја прескокнале оградата и се искачиле до 15. кат, каде се придружиле на групата, но ни тие не успеале да ја отстранат пречката. Во меѓувреме двајца малолетници од првичната група ја напуштиле зградата и заминале дома.
Според сомнежите на истражителите, по неуспешниот обид да се искачат на кровот, еден од 18-годишниците запалил фрлена кутија со документи. Другиот наводно му помогнал така што смачкал хартија, ја запалил и ја фрлил во кутијата. Пожарот многу брзо се проширил, поради што една малолетна девојка побегнала. Еден малолетник се обидувал да ја изгаси огнот и ги убедувал постарите да ги повикаат пожарникарите.
Наводно, тие му одговориле дека заедно со пожарникарите би дошла и полицијата, па сите тројца решиле да ја напуштат зградата. Облакодерот останал во пламен, а двајцата 18-годишници од синоќа се во истражен притвор.
Свет
Орбан: Европа е на историска крстосница
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека војната меѓу Русија и Украина ја довела Европа до историска крстосница и додаде дека американскиот претседател Доналд Трамп не се откажал од намерата да донесе мир во Украина, пренесе агенцијата Анадолија.
Орбан порача дека Европа има две опции: да се обедини зад мировната иницијатива на Трамп или да продолжи по пат кој, според него, води право во војна. Тој оцени дека европските лидери кои заговараат војна трошеле пари на Европјаните на војна што не може да се добие.
Орбан предупреди дека испраќањето пари и оружје на Украина без поддршка од САД би отворило пат за европско-руски судир. Додаде дека Унгарија го избира патот на мирот и дека во тој дух испратил писмо до претседателката на Европската комисија.
Свет
Иран размислува за нов главен град поради колапс на водата и пренатрупаноста
Иранскиот претседател Масуд Пезешкијан изјави дека преселувањето на главниот град од Техеран е неизбежно поради пренатрупаноста и недостигот од водни ресурси. На состанок во Казвин тој предупреди дека Техеран повеќе не може да издржи нова градба или пораст на населението, а преносот на вода од Персискиот залив би бил премногу скап.
Владата го идентификувала регионот Макран, во југоисточен Иран, како можната нова локација за главен град, но без прецизен рок.
Водната криза се влошува: нивото на водата е намалено за 43 проценти во однос на лани, а браната Амир Кабир има само 8 отсто од својот капацитет. Во Техеран веќе започнало намалување на притисокот на водата, а властите предупредуваат дека славините може целосно да пресушат.
Владата ги обвинува климатските промени и санкциите, но иранските водни експерти истакнуваат дека проблемот е резултат на децении погрешни политики, прекумерна изградба на брани без еколошки проценки, исцрпување на водоносниците и пропаѓање на инфраструктурата, кое довело до губење на 25 проценти од градската вода.

