Свет
Доброволците што примија вакцина против коронавирус во Русија се чувствуваат добро

Доброволците што пред две недели примија вакцина против коронавирус во воената болница „Бурденко“ се чувствуваат добро и не пријавиле никакви несакани ефекти, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.
Пред две недели втора група доброволци примија вакцина против коронавирус во рамките на испитувањата, кои ги споведе руското Министерство за одбрана и Националниот истражувачки центар за епидемиологија „Гамалеј“, а сите меѓу нив се со добра здравствена состојба и не пријавиле никакви компликации, ниту несакани ефекти, пренесе ТАС С.
Доброволците ќе останат во болница уште две недели, а на 21. ден од почетокот на испитувањето, ќе примат втора доза вакцина. Се смета дека втората доза на вакцината би требало дополнително да го зајакне имунолошкиот систем и да ја продолжи заштитата од коронавирус.
Сите доброволци се под карантински медицински надзор и поминуваат лекарски тестови секој ден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
„Џонсон и Џонсон“ ја претставуваат својата вакцина следната недела, за имунизација потребна само една доза

Американската компанија „Џонсон и Џонсон“ треба да ги објави резултатите од третата фаза на тестирање на својата вакцина против коронавирусот следната недела, пренесува „Си-ен-би-си“.
Компанијата вели дека резултатите ќе бидат обемни и многу инклузивни во однос на опфатеноста на различни групи засновани на етничка припадност, возраст, географска клима, вклучително и Афроамериканци, Латиноамериканци и стари лица. Можно е да има разлика во резултатите од тестовите на места како што е Јужна Африка, каде што е откриен нов многу заразен мутиран вид на коронавирус, како што се наведува.
Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ може да биде одобрена за употреба веќе следниот месец.
За разлика од другите вакцини кои се одобрени за употреба во САД, вакцината на „Џонсон и Џонсон“ не се дава во две дози од три до четири недели, туку е потребна само една доза, поедноставувајќи го целиот процес на имунизација.
„Модерна“ вчера објави дека работи на зајакнување на вакцината против видот откриен во Јужна Африка, откако откри дека е помалку ефикасна против оваа мутација.
Европа
„Астра зенека“ не доаѓа на состанокот со ЕУ за набавка на вакцини против коронавирус

„Астра зенека“ нема да учествува на состанокот со претставниците на Европската Унија, пренесуваат светските медиуми.
„Ројтерс“ пренесува дека на состанокот требало да се разговара за набавка на вакцини против коронавирус.
„Ја разбираме и споделуваме фрустрацијата што почетната количина на вакцини за земјите од ЕУ ќе биде помала од предвидената. Ние продолжуваме да работиме со нашите партнери за набавка со цел да го оптимизираме овој процес и на тој начин да осигуриме дека вакцината се произведува до потребниот степен“, соопшти компанијата, како што објави агенцијата „Ројтерс“.
Земјите од Европската Унија продолжуваат со прашањата упатени до компанијата детално да ја елаборира најавата дека ќе испорача помал број вакцини против коронавирусот во првиот квартал од оваа година.
Европа
Лекар во Италија обвинет за убиство на двајца пациенти во ковид-оддел за да ослободи кревети

Лекар во Италија бил уапсен под сомнение дека убил двајца пациенти на одделот каде што биле сместени заразените со коронавирус, со цел да ослободи кревети.
Според медиумските извештаи, Карло Моска (47) им дал смртоносни дози анестетик на 61-годишната Натали Баси и 80-годишниот Анџело Палети во март минатата година во болницата во Ломбардија.
Пораките меѓу медицинските сестри преку апликацијата „Ватсап“ покажаа дека работниците се сомневаат дека Моска ги убил пациентите за да ги ослободи креветите на одделот.
Полицијата истражува уште три смртни случаи по обвинувањата дека овој лекар наводно ги сменил медицинските извештаи со цел да ги покрие трагите, пренесува „Дејли мејл“.
Моска е уапсен и е во домашен притвор, а тој ги негираше сите обвинувања, нарекувајќи ги неосновани.
Од друга страна, обвинителот посочува дека пациентите чија смрт се испитува не биле интубирани и дека Моска немал причина да им инјектира анестезија.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија2 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира
- Македонија1 месец
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот