Европа
Додека ја чекал втората доза на „Фајзер“, Велшанец заболел од Ковид-19

Еден британски лекар добил коронавирус еден месец откако ја примил првата доза на вакцината – само неколку дена по откажувањето на втората доза.
Дејвид Лонгден (43) е еден од првите луѓе во светот кои ја примиле вакцината на „Фајзер“ на 8 декември, ден по започнувањето на вакцинацијата во Велика Британија, наведува „Велс онлајн“.
Втората доза од вакцината на „Фајзер“ требаше да ја прими на 5 јануари, но тоа беше откажано поради промена на планот на британската влада, која сака што поголем број жители да добијат барем една доза.
Водечките здравствени работници во Велика Британија советуваа да се даваат две дози вакцина од компаниите „Фајзер“ и „Астра зенека“ во интервал од 12 недели, иако првично беше речено дека интервалот треба да биде 21 ден.
Лонгден дознал дека е позитивен на Ковид-19 во петокот, на 8 јануари, и сега е во самоизолација во неговиот дом во Понтиприд, за да не биде во близина на неговиот партнер Ендрју Прајс.
Лонгден работи во болницата „Принцезата од Велс“ во градот Бриџенд и рече дека владата мора да ги заштити работниците кои се во првите редови во борбата со коронавирусот.
– Неколку дена не сум на работа, додека одделот за итни случаи каде што работам е преполн со пациенти. Бриџенд е една од областите на Велс со најголем број пациенти. Исто така, има опасност да го заразам мојот партнер. Тој е дијабетичар и има некои други здравствени проблеми. Да ми ја дадеа втората доза кога требаше, сега ќе бев мирен“, рече Лонгден.
Почнал да се чувствува лошо на 7 јануари, веднаш бил тестиран и по 24 часа му било потврдено дека заболел од Ковид-19.
„Имав главоболка и тогаш главата ми беше страшно студена. Ден претходно имав дијареја, а потоа се чувствував истоштено и летаргично. После тоа, мојата состојба одеднаш се влоши и имав многу симптоми типични за ковид – привремено го изгубив чувството за мирис, вкус, но фала му на Бога, немав треска“, откри Лонгден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Во Шпанија помладите од 55 години што прележале Ковид-19 ќе добијат по една доза вакцина

Шпанија ќе им даде само една доза вакцина на лица помлади од 55 години што биле заразени од коронавирус, соопшти денеска Министерството за здравство во најновата промена на стратегијата за вакцинација.
„Времетраењето на отпорноста кон вирусот по инфекцијата е непознато, но истражувањата покажуваат дека единечна доза кај овие луѓе го зголемува имунитетот“, се вели во упатството.
Франција воведе слична политика претходно овој месец и италијанските политичари размислуваат да го следат истиот пат.
Шпанија веќе ги советуваше луѓето што немале тешка форма на Ковид-19 да чекаат шест месеци од дијагностицирањето пред да бидат вакцинирани.
Во Шпанија се вакцинирани околу 2,2 милиона граѓани од приоритетните групи, како што се корисници и вработени во домови за стари лица, лица над 80 години и медицински персонал во првите редови во борбата против коронавирусот. Од нив, 1,2 милиона добиле две дози.
Европа
Вакцината на „Џонсон и Џонсон“ пристигнува во ЕУ, одобрувањето се очекува до 11 март

Европската агенција за лекови треба да ја одобри употребата на вакцината против коронавирус на компанијата „Џонсон и Џонсон“ на 11 март, пренесуваат „Ројтерс“ и „Блумберг“.
Американската фармацевтска компанија на почетокот на месецов поднела барање за условно одобрување на вакцината до Европската агенција за лекови (ЕМА). Минатата недела ЕМА соопшти дека ќе го објави своето мислење до средината на март.
ЕУ досега ги одобри вакцините произведени од „Фајзер/ Бионтек“, „Модерна“ и „Астразенека“.
Европа
Oсновачите на „Бионтек“ ќе бидат одликувани со највисок орден во Германија

Германската држава одлучи да им додели највисок орден на основачите на фармацевтската компанија „Бионтек“, која прва разви и лансираше вакцина против коронавирус на пазарот.
Како што беше соопштено од кабинетот на претседателот на Германија, шефот на германската држава, Франк Валтер Штајнмаер, на 19 март ќе го предаде „Крстот за заслуги со ѕвезда“ на брачната двојка научници Oзлем Туречи и Угур Шахин.
Тоа ќе му биде прво лично врачување на ордени на Штајмер оваа година, а ќе се одржи во палатата Белви во Берлин.
- Книги2 месеци
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника3 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Македонија3 месеци
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија2 месеци
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Регион2 месеци
(Видео) Прекината прес-конференција на градоначалникот на Бања Лука: „Луѓе ова е сериозен земјотрес“
- Регион2 месеци
(Видео) Снимен моментот на потресот во Петриња – луѓе не можат да се задржат на земјата
- Свет4 недели
Поради примање мито во Кина погубен поранешен државен функционер