Европа
Доживотен затвор за тројца мажи од Оксфорд кои дрогираа и силуваа 14-годишно девојче

Оксфордската тројка Мохамед Карар, Басам Карар и Анџум Догар осудени се на доживотен затвор. Во периодот помеѓу 2002 и 2005 година тие намамувале едно девојче на забави. На една од тие забави тие го силувале и дрогирале онесвестеното 14-годишно девојче, кое по силувањето останало бремено.
Тројката ја искористила ранливоста на осаменото девојче и ја водела на забави, објави „Дејли мејл”. Таму ѝ понудиле алкохол и дрога пред да извршат сексуална злоупотреба.
Полицијата дознала за овој ужасен чин откако девојчето паднало во кома по силувањето. Таа се разбудила со ужасни повреди од последиците од нападот. Откако дознала дека е бремена, таа абортирала.
Тројката беше уапсена во 2015 година, а сега се осудени. Мажите на возраст од 35 до 44 години добија доживотен затвор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Пратеници во Австрија ја напуштија седницата додека се обраќаше Зеленски

Австриските екстремно десничарски пратеници ја напуштија седницата на Долниот дом на парламентот за време на виртуелното обраќање на украинскиот претседател Володимир Зеленски, велејќи дека тоа е кршење на статусот на неутралност на Австрија.
Членовите на Партијата на слободата на Австрија (FPO) ги напуштија своите места кога Зеленски го започна своето видео обраќање, оставајќи мали картички на нивните работни маси со логото на партијата и порака „простор за мир“.
Austrian politicians walk out of Zelensky speech pic.twitter.com/EEdclVrg8M
— Clown World ™ 🤡 (@ClownWorld_) March 30, 2023
Партијата предупреди неколку дена претходно дека ќе организира некаква форма на протест против виртуелното обраќање на украинскиот претседател во австрискиот парламент.
„Тажно е што ФПО е единствената партија во парламентот која сериозно ја сфаќа нашата вечна неутралност, а со тоа се залага за мир“, изјави лидерот на ФПО, Херберт Кикл.
Во своето обраќање, Зеленски се заблагодари на Австрија за хуманитарната помош и помошта во проекти како што е чистењето мини, додавајќи дека „важно е да не се биде морално неутрален кон злото“.
Австрија не е дел од НАТО и не испорачува оружје на Украина. Сепак, на Украина и’ обезбеди хуманитарна помош и шлемови и заштитни елеци за цивилна употреба.
Австрискиот канцелар Карл Немер минатата недела на „Твитер“ го нагласи статусот на неутралност на неговата земја, велејќи дека иако неговата земја е воено неутрална, „разбираaт дека мора да помогнат таму каде што се случуваат неправди и воени злосторства“.
ФПО одржуваше блиски врски со Русија во минатото, а во 2016 година партијата потпиша договор за соработка со Единствена Русија, конзервативната партија која има мнозинство во рускиот парламент.
Во 2018 година, рускиот претседател Владимир Путин беше забележан во Австрија како гостин на свадбата на Карин Кнајсл, членка на ФПО и тогашна австриска министерка за надворешни работи, јавува Си-Ен-Ен.
Европа
Руската амбасада: Новите членки на НАТО ќе бидат легитимна цел за Русија

Руската амбасада во Стокхолм им се закани на Шведска и Финска со воена одмазда доколку тие две земји станат членки на НАТО, според „Еурактив“.
„Ако некој верува дека тоа на некој начин ќе ја подобри европската безбедност, можете да бидете сигурни дека новите членки на непријателскиот блок ќе бидат легитимна цел на руските одмазднички мерки, вклучително и воени“, соопшти руската амбасада на својот фејсбук-профил.
Амбасадата наведува и дека добива сè поголем број писма од Швеѓаните, кои ја поддржуваат Русија, но не ги објавила, пренесува „Еуроактив“.
Европа
Кралот Чарлс Трети: Велика Британија и Германија заедно со Украина

Британскиот крал Чарлс Трети, кој е во тридневна посета на Германија, ја пофали земјата за нејзината „исклучителна гостопримливост“ кон украинските бегалци, јавува денеска Би-би-си.
За време на неговата прва државна посета како британски монарх, тој рече дека и Лондон и Берлин „стојат заедно со Украина во одбрана на слободата и суверенитетот“.
Во здравица на раскошниот државен коктел, за време на кој зборуваше делумно на германски, британскиот крал вети дека ќе ги зајакне врските со Германија, пренесе „Танјуг“.